ЛИСТ БР. 17 (ПРИЛОГ) – ПРИРАЧНИК ЗА АПЛИКАЦИЈАТА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ

 

Цел 1: Обучувачот е во можност да им помогне на младите во создавањето на онлајн списание

Цел 2 : Обучувачот ги разбрал функционирањето и спецификите на апликацијата Мадмагз (Madmagz)

Цел 3 : Обучувачот успева да ги води младите во сосдавањето на списанието преку промовирање на соработката благодарение на споделувањето на врските и распределбата на улогите на секоја личност според хиерархискиот систем на страницата (главен и одгорорен уредник, уредници, редактори)

 

 

СОЗДАВАЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦА БЛАГОДАРЕНИЕ НА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

 

1 – Идентификувајте се (преку Фејсбук, Гугл или вашиот профил на Мадмагз)

2 – Избирете го моделот што најдобро одговара на вашиот уреднички проект; Со цел да се избере најдобриот модел, прегледајте ги понудените модели

3 – Именувајте го вашето списание давајќи му наслов, број и тема

4 – Ако сакате тимски да го дизајнирате вашето списание, доделете им ги улогите на секој член на проектот. Можни се различни улоги, со повеќе или помалку обемни права: “главниот и одговорен уредник“, “уредникот“, “редакторот“.

5 – Додадете ги страниците на вашето списание (минимум 4 страници); За време на овој чекор, одберете ги насловите на страниците според уредничкиот план на вашиот проект (корица, резиме, едиторијал, статии)

6 – Интегрирајте ги различните видови на содржини на соодветните страници (текстови, линкови, слики, видеа, подкасти)

7 – Објавете го вашето списание (неповратно дејство); Можно е да направите уште еден преглед на интернет или да преземете пдф пред да ја потврдите финалната верзија на списанието.

8. Споделете го вашиот весник преку посебен интернет-линк, преку е-пошта или на социјалните мрежи!

 

 

УРЕДУВАЊЕ И ВГРАДУВАЊЕ НА ВАШАТА СОДРЖИНА

За да го уредите вашето списание, одете во рубриките на левата страна од екранот што содржат различни категории на страници: корица, резиме, едиторијал, статија …). Секоја од овие категории ви дава широк спектар на избор за уредување.

 

Ваше е да изверете кој сакате да го користите и кој е најсоодветен за вашата содржина!

 

За да се избере дизајн, едноставно изберете го, а потоа потврдете го. За време на создавањето на вашето списание, ќе можете да додавате или бришете страници благодарение на фолдерот “преглед“ формиран од квадрат со точки, кој ви овозможува да ги видите сите страници на списанието. Потоа, треба само да селектирате копче + или – за да додадете или избришете страница.

 

За да се измени страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Фолдерите во форма на стрелка ви овозможуваат да ги преместувате страниците.

 

За да се уреди страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Така, можете да ги прилагодите различните елементи на вашата страница: на пример, насловот, текстот или фотографиите.

 

Кликнете на полето што сакате да го измените (наслов или текст) за да ви се појават алатките за модификација (болдирање, закосено, подвлекување, порамнување…) над страницата. Можете исто така да зумирате или одзумирате за да ја прилагодите страницата според вашиот вид.

 

Внимание: полињата за текст не се проширливи. Затоа, не треба да внесувате премногу текст, инаку истиот може да биде пресечен.

 

За промена / додавање на фотографија, кликнете на неа. Имате две опции: можете да изберете слика од вашиот компјутер или да превземете една од интернет (со копирање, а потоа лепење на интернет линк на фотографијата во левата рамка), потоа да ја потврдите.

 

Откако ќе се додаде фотографијата, можете да ја уредите. Пиктограмите под сликата ви покажуваат дали квалитетот на сликата дозволува објавување на интернет и / или во печатна форма. За подобар резултат, фокусирајте се на слики со доволен квалитет и големина. Ако сакате, можете да додадете друга слика со подобар квалитет со кликнување на “промена на слика“ и потоа да потврдите.

 

 

СОРАБОТКА : ТЕОРИЈА

Да откриеме заедно како функционира една опција која е многу популарна кај нашите корисници: соработката. Навистина, создавањето училишен весник со Мадмагз (Madmagz) ви обозможува да го сторите тоа со повеќе луѓе. За ова, секој има своја улога со различни одговорности.

 

Главен и одговорен уредник:

  • Тој е одговорен за создавањето на списанието од неговиот профил
  • Тој е единствениот што може да го објави списанието
  • Тој може да покани уредници и редакторите, но и да отстрани соработници. Бидете внимателни, доколку тој отстрани еден уредник, подредените редактори автоматски ќе бидат отстранети од соработката, како и нивните страници!
  • Тој може да додава страници, да ги менува, но исто така да ги менува или брише страниците на неговите соработници.

 

Впрочем, тој може да покани други луѓе да соработуваат на неговото списание, две категории луѓе на две различни нивоа: главните уредници и основните уредници испраќајќи им специфични линкови за соработка.

 

Уредник :

  • Тој може да креира страници
  • Тој може да покани соработници (редактори)
  • Тој може да ги измени и избрише страниците на неговите соработници
  • Тој може да ги испрати своите страници и страниците на неговите соработници до уредникот, за да истиот може да ги вгради, или не, во списанието.

 

Редактор:

  • Тој може да биде поканет од уредникот или од самиот главен и одговорен уредник
  • Тој може да додава и менува страници што може да ги испрати до уредникот или до главниот и одговорен уредник, доколку бил додаден од страна на истиот.

 

Всушност, станува збор за хиерархиска структура.

 

На истиот начин, редакторите ги испраќаат своите страници до уредниците кои ги испраќаат до главниот и одговорен уредник за потврда. Доколку уредникот не е задоволен, тој може да ги врати до редакторот. Доколку главниот и одговорен уредник испратил линк за соработка директно до редакторот, истиот може директно да ги испрати своите страници до него.

 

Кога главниот и одговорен уредник е задоволен, ги проверил и потврдил сите страници, тој може да ги додаде во списанието.

 

 

ПРАКТИЧНА СОРАБОТКА

Преку овие неколку минути објаснувања и демонстрации, ќе можете да ги поделите улогите на уредниците и главните уредници на различните соработници на списанието. Како што видовме претходно, соработниците можат да имаат повеќе улоги и функции: главен и одговорен уредник, уредник или редактор.

 

Главниот и одговорен уредник може да покани неограничен број на соработници во списанието. Тие можат да ги креираат своите страници и да ги испраќаат до другите соработници.

 

За да се поканат соработници, можете да споделите еден од линковите за соработка што ви се дадени на почетокот на создавањето на вашето списание. За да го направите ова, едноставно кликнете на фолдерот “Поканувам соработници”.

 

(За да поканите соработници, можете, исто такам да ги поканите и за време на издавањето, благодарение на еден пиктограм во прегледот на списанието, ќе се навратиме на тоа).

 

Правила на соработката:

 

  • Соработниците што ќе ги поканите ќе имаат пристап до нивниот сопствен простор за создавање страници што ќе можат да ви ги испратат за проверка и кои ќе можете да им ги вратите назад за измена
  • Штом сите страници се собрани, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието
  • Исто така е можно да се создаде посредничка улога, уредник, за да се создаде под-тимови.

 

Во овој случај, вие сте сопственик. Треба да кликнете на фолдерот “Разбрав”, потоа ќе ви биде понудено да управувате со вашите соработници.

 

На оваа страница можете:

  • Испратете линк за соработка до уредникот или до редакторот и копирајте ги прикажаните линкови, потоа да им ги испратите
  • Кога имате соработници, можете да им испратите страници или да го избришете соработникот користејќи ја иконата со стрелка и корпа.

 

Сега да се ставиме на местото на уредникот кој го добива линкот. Тој мора да го пополни своето име и да кликне на “соработува“.

 

На неговиот простор, уредникот:

  • нема пристап до списанието како целина
  • Може да создава страници со моделот дизајниран од главниот и одговорен уредник и да му ги испрати
  • Откако страницата ќе биде испратена до главниот и одговорен уредник, таа ќе исчезне од интерфејсот за најава на уредникот.

 

Како главен и одговорен уредник, ги добивате страниците и можете да ги консултирате, да ги менувате, бришете или повторно да ги испратите во случај на измена.

 

За повторно испраќање, едноставно изберете ја страницата и кликнете на копчето за испраќање на страницата. Откако ќе се испрати повторно, страницата веќе не се појавува во просторот на главниот и одговорен уредник, туку во просторот на уредникот, кој може да ја измени и потоа повторно да ја испрати.

 

За да управувате со списокот на соработници, кликнете на иконата што претставува три лица.

 

Уредникот исто така може да покани соработници и да управува со нив со кликнување на иконата од долниот лев агол на интерфејсот (над копчето пауза). Единствената разлика е во тоа што уредникот може да испраќа линкови за соработка до редакторите.

 

Редакторите ќе пристигне на почетната страница каде ќе му биде побарано неговото име, потоа ќе има пристап до неговиот простор и ќе може да изработува страници на ист начин како што е објаснето погоре. Тој ќе мора да ги испрати своите страници до лицето кое го поканило директно за потврда или корекција.

 

Откако ќе ги добие, провери, коригира и потврди сите страници, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието.

 

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО

Објавувањето на вашето списание конечно пристигна !

 

Откако списанието е завршено, можете да го објавите. Но, пред тоа, важно е да направите неколку проверки:

  • можете да генерирате преглед на интернет-верзија на вашето списание (иконата око)
  • или преземете во пдф – со висока дефиниција- прегледот на вашето списание (иконата листови)
  • тогаш можете да проверите дали текстот и сликите се правилно поставени, како и квалитетот на сликите.

 

Внимание:

  • Вкупниот број на страници мора да биде множител на 4, а минималниот број на страници мора да биде еднаков на 4. Ако не го почитувате едно од овие две правила, нема да можете да го објавите вашето списание.
  • Објавувањето на списанието е неповратно.

За објавување на списанието, мора да притиснете на “објавување“.

Пред да го објавите вашето списание, можете да го промените:

  • насловот
  • бројот

Останува само да притиснете на “објавување“.

 

Честитки, штотуку го создадовте вашето прво списание Мадмагз (Madmagz)!

 

Методи на објавување:

Премиум Списание:

  • Овој метод на дистрибуција ви овозможува да го споделите вашето списание преку е-пошта со линкот на веб-списанието, но исто така и на Фејсбук, Твитер или да го интегрирате на вашата страница или вашиот блог, благодарение на интеграцискиот код кој се менува според уредувањето кое го избравте и на големината на пиксели на вашето списание.
  • Штом вашето списание биде објавено, можете да додадете интеракции: линкови, видеа, звук, гифови, но исто така да управувате со доверливоста и да знаете колку пати е консултирано!

ПДФ :

  • Овој ПДФ е совршен за читање на екран, но со слаб квалитет на печатење. ПДФ-от е достапен веднаш по купувањето со кликнување на “преземање“.

Печатен ПДФ :

  • Ова е препорачаниот метод за дистрибуција ако сакате сами да го испечатите списанието. Можете да изберете помеѓу два вида печатење: домашно (на вашиот печатач) или професионално, на печатница (за подобар резултат).

 

 

ИНСПИРАЦИЈА И ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА

Скоро сте готови ! Ве покануваме да го посетите блогот на Мадмагз Еду (Madmagz Edu), каде што се наоѓаат многу примери на употреба од кои можете да добиете инспирација за создавање на вашето училишно списание.

 

Можете да најдете списанија што се создадени од страна на основци, средношколци, ученици како дел од одредени проекти во нивните училишта, на час или во групи.

 

Можете, исто така, да го доставите вашиот проект и да најдете едукативни активности создадени од Мадмагз (Madmagz).

 

Пример а употреба: Клас од 8-мо одд. се забавуваше да ја раскаже повторно приказната на Клетници во интерактивно и колаборативно списание, фокусирано на оваа тема и на животот на авторот, Виктор Иго. Учениците додадоа звук, видеа (кога ставате видеа на вашето списание, можете да ги прочитате во формат „читач“). Тие исто така ставиле линк кон страницата на нивното училиште.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСУРСИ

 

https://madmagz.com/страница Мадмагз (Madmagz)

https://madmagz.com/faqЧесто поставувани прашања

ОНЛАЈН ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

 

Следниот лист ќе ве води во анимирањето на онлајн практичните активности околу медиумската писменост. Овие активности се на англиски јазик.

 

Имате можност да ги водите овие активности преку видеоконференција, со одредено време за презентација на вежбите, време за вежбање, а потоа и време за одговарање и за виртуелна дебата со сите учесници.

 

Можете исто така да ги пренесете на младите и линковите на вежбите, како “домашна задача“ што треба да се направи на компјутер.

 

 

ОНЛАЈН КВИЗ – КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

 

Подолу споменатите онлајн квизови ќе им овозможат на учениците да се запознаат со методот на проверка на фактите. Тие се поканети да проценат дали некои написи или слики одговараат на проверени информации или на лажни вести. Вежбата на УНИЦЕФ е специјално посветена на борбата против манипулацијата со информациите околу коронавирусот.

 

Онлајн квиз на АБЦ ЕДУКАЦИЈА

“Real, LOLZ, oops or fake” – линк

Онлајн квиз на QUIZIZZ
“Media literacy and fake news” – линк

Онлајн квиз на FACTITIOUS
“Точно или неточно : тестирај ги своите способности за проверка на факти низ 6 нивоа” – линк

 

Онлајн квиз на l’UNICEF :
“Факти или фикција : Оценете ги вашите познавања за коронавирусот”- линк

 

 

ДЕБАТИ ОКОЛУ ПОДКАСТИ ОД “ON THE MEDIA”

 

ON THE MEDIA создаде серија подкасти кои се осврнуваат на предизвиците на медиумите, на информациите и на лажните вести. Избравме 3 епизоди кои имаат особено интересна педагошка димензија. Можете да ги поканите вашите ученици да ги слушаат овие подкасти, а потоа да потикнете онлајн дебати околу конкретни примери на теории за заговор, на онлајн омраза или на кампањи за дезинформација.

 

Подкаст 1 :
“Теориите за заговор се вистински бум на Фејсбук” – линк

Подкаст 2 :
“Заговор и ксенофобија во полските медиуми” – линк

 

Подкаст 3 :
“Кампањите за дезинформација околку коронавирусот” – линк

 

 

ESCAPE GAME – ОНЛАЈН ИГРИ ОКОЛУ МИП

 

Со цел да дадете конкретна димензија на обуката за медиумска писменост, поканете ги вашите ученици да станат продуценти на информации или на лажни вести преку овие две онлајн игри.

 

Стани млад репортер на Би-Би-Си
“Ireporter Game for students” – линк

Вашата улога, како репортер на Би-Би-Си, е да ја покривате најновата вест со објавување на вашата сторија на страницата “BBC Live“. Вашата приказна ќе се оценува според балансот помеѓу точноста, влијанието и брзината.

 

Станете креатор на лажни вести со FAKE IT TO MAKE IT
Он-лајн игри – линк

Fake it to make it е симулатор на лажни вести, кој покажува зошто и како се манипулира со луѓето. Играчот ја игра улогата на студент кој сака лесно да ги надополнува своите средства благодарение на лажна информативна страница, профитабилна благодарение на рекламирањето и споделувањето на (лажни) групи на социјалните мрежи.

 

 

ОНЛАЈН АКТИВНОСТИ НА ПЛАТФОРМАТА ТАЛМИЛ

 

Делот за млади на платформата ТАЛМИЛ нуди онлајн практични активности, со цел да ги придружува на забавен начин учениците во учењето на главните концепти на медиумската писменост.

 

Онлајн Квиз :
“Тестирај ги своите знаења за медиумите и информациите! – Линк

 

Онлајн Квиз :
“Вест или лажна вест : ќе умееш ли да ги препознаеш автентичните вести ?” – линк

 

Онлајн практични активности :
“ Станувам репотер –чирак ” – линк

АКТИВНОСТ 2 – ДВИЖЕЧКА ДЕБАТА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Движечката дебата им овозможува на учесниците да се позиционираат во просторијата во однос на прашање поставено од супервизорот. Оваа вежба е интересна бидејќи ги охрабрува стажантите да учествуваат и да бидат динамични.

 

Целта на вежбата е да ги охрабри младите да размислуваат за нивните дигитални практики и правото за интернет

 

Забелешка: Прашањето не мора да поларизира и да ги спротивставува учесниците, ќе произлезе дека за многу прашања, мислењата не се одлучни.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на салата : Распоредување на младите во само една група

 

2. Користејќи визуелно помагало (PowerPoint проектиран на бела позадина или на бел ѕид), супервизорот покажува контрадикторна објава на социјална мрежа (на пример, објава со навредлив коментар од прелистувач), и ги прашува учесниците физички да се позиционираат во просторијата, велејќи: “оние што мислат дека имаме право да го сториме ова од една страна, оние што мислат дека немаме право – на другата страна“. Никој не смее да остане во средина.

 

3. Учесниците се позиционираат

 

4. Откако учесниците ќе се позиционираат, ќе мора да ги оправдаат и објаснат своите позиции, на доброволна основа или со други алатки за зборување (додавање топка на пример). Кога едната страна дала аргумент, на ред е другата страна да изрази друг аргумент. Ако некој аргумент од спротивната страна се смета за валиден од учесник, тој може да ја смени страната.

 

5. На крајот од дебатата и објаснувањата, ќе биде предложено друго прашање и учесниците повторно ќе ги менуваат местата, сè до крајот на вежбата.

 

 

ПРИЛОГ : Пример на расколнички и контрадикторен пост

 

Oulala ! @Oulala08514297 – 19 Août 2019

(“Законот на Куранот преовладува врз законот на републиката.

Де факто исламот е некомпатибилен со демократијата и републиката!

Треба да се забрани таа смртоносна секта во Франција како во Словенија или во Кина!

АКТИВНОСТ 1 – Табела на онлајн Добри Практики

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели:

– Запрашување за одредени практики што можат да се усвојат онлајн

 

– Охрабрување за позитивно и почитувачко дигитално граѓанство

 

– Знаење како да се води дијалог и аргументирање за сопственото гледиште

 

Вежбата се состои од табела што учесниците треба да ја пополнат и од список со неколку можни однесувања на интернет. Учесниците ќе мора да ги класифицираат овие практики / однесувања во тоа што, според нив, се добри или лоши практики.

Покрај тоа, дијалогот и аргументацијата се од суштинско значење за завршување на оваа активност: затоа од нив се бара да го образложат нивниот избор. Оваа последна цел на дијалогот се постигнува уште поефикасно со назначување на известувач во секоја група, потоа охрабрувајќи ги да се разберат и да се консултираат заедно пред да дадат конечен одговор.

Варијација на вежбата: Во отсуство на компјутер или табла, можно е да се испечати табелата за добри практики во неколку примероци, оставајќи на располагање многу полиња, така што учесниците ги пополнуваат додека се даваат предлозите..

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата: Распределба на младите во две или три групи и презентирајте ја табелата за добри практики на табла или со користење на видео проектор (или на хартија)

 

2. Поднесете еден по еден овие неколку примери на предлози што треба да ги класифицираат учесниците:

  • Да се пријави омразен или насилен коментар под публикација (објавен пост)
  • Да се прифати кој било во својата листа на пријатели
  • Блокирање корисник на социјална мрежа
  • Дебатирање со навредлива личност во коментарите на едно видео
  • Давање сопствена адреса или лични информации
  • Објавување фотографија од свои пријатели без нивната предходна дозвола
  • Користење на истата лозинка за сите социјални мрежи

 

3. Секој одговор треба да биде предмет на аргументи од страна на групите и да отвори мини-дебата заснована врз следниве размислувања: Слобода на изразување, умереност на содржина со омраза, заговор, клевета (види “ЛИСТ 14 – ДИГИТАЛНОТО ОПШТЕСТВО“ и “ЛИСТ 12 – Подигање на свеста против онлајн омразата“)

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

Можно е учесниците да ја пополнат оваа табела од далечина, испраќајќи им ја табелата и давајќи им примери на предлозите што треба да бидат вметнати во табелата.

 

 

ПРИЛОГ

Пример на табела за добри практики:

 

Добри Дигитални практики

Лоши Дигитални практики

   
   
   
   

 

 

АКТИВНОСТ 2 – Анимирање онлајн социjaлна кампања

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели:

 

  • Прибавување на средства за информирање и комуникација
  • Користење социјални мрежи за социјални кампањи
  • Развивање критичко размислување

 

Оваа вежба има за цел создавање социјална онлајн кампања од страна на учесниците. По изборот на темите за решавање (на пр.:локални тематики како оние што се однесуваат на населбата), како и социјална мрежа низ која ќе се разменува содржината на нивната социјална кампања, младите треба да промовираат кауза, избирајќи најсоодветни слики и реченици. Потоа, ќе треба да се пренесат содржините од медиумот на социјалната мрежа за која станува збор.

 

 

Дефиниција :

 

Онлајн социјална кампања може да се дефинира со користење алатки за комуникација и маркетинг на социјалните мрежи со цел да си присвои тематика со социјална улога (околина, феминизам, расизам, сиромаштија итн.). Целта е промовирање одредени вредности, мобилизирање или предупредување на луѓето, особено корисниците на интернетот, за одредени важни општествени прашања, дури и создавање движење (пр. : MeToo, Black Lives Matters, српското движење #1of5million итн.)

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка : Супервизорите селектираат, со младите, теми за обработка во нивните социјални кампањи на социјалните мрежи.

 

2. Распределба : По изборот на темите, супервизорите формираат повеќе групи (според бројот на учесници). Секоја група работи на тема и бира социјална мрежа најприкладна за анимирање на кампањата.

 

3. Барање информации : За да се создаде ефикасна социјална кампања, учесниците ќе треба да прибават информации на избраните теми со цел да се разберат предизвиците и да се продуцира/ емитува релевантна порака за да се подржи предметната кауза.

 

4. Стратегија за комуникација : Учесниците треба да размислат како да ја спроведат најдобрата онлајн стратегија за да ја проследат нивната порака :

  • Препознавање на целната публика (млади, возрасни, мажи, жени итн..)
  • Бирање соодветна социјална мрежа (пр. : повеќе instagram за сликата а twitter/facebook за видеото и текстот)
  • Тип на порака (сведоштва, хумор, бројки, мини-репортажи итн.)
  • Форма на пораката (фотографија, текст, инфографија, видео итн.)
  • Користење вистинските клучни зборови или “hashtag” за пошироко емитување на постот

 

5. Поставување на кампањата : Учесниците ќе можат да одберат да ја започнат кампањата постирајќи нејзината содржина на нивните лични профили (акаунти) или да креираат посебен профил (акаунт) за нивната кампажа.

АКТИВНОСТ 1 – Откривање на граѓански медиум

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Во оваа вежба, стажантите се занимаваат со темата граѓански медиуми. Тие се наведени сами да разберат – но секогаш под надзор на супервизорите – разликите и сличностите помеѓу традиционалниот медиум и граѓанскиот медиум. За ова, тие ќе мора во групи да споредуваат повеќе типови на медиуми.

 

Секоја група ќе мора да прочита и анализира медиум што супервизорите ќе им го обезбедат (дневен весник или интернет-линк до издание на ТВ-дневник, веб-страница, блог, итн.). Доколку на првата група и биде доделен традиционален медиум (на пр. дневен весник), втората група ќе анализира граѓански медиум (на пр. блог).

 

Стажантите имаат право на брзо пребарување на интернет преку компјутери (но и преку нивниот паметен телефон).

 

Целта на вежбата е да се натераат двете групи да соработуваат, обидувајќи се да ко-произведат самите дефиниција за граѓански медиум.

 

Потоа супервизорите ќе можат повеќе да навлезат во темата на граѓанските медиуми и нивното влијание врз светот на информациите.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата: Поделба на учесниците во групи на компјутерите

 

2. Стажантите ќе треба да ја анализираат понудената медиумска поддршка (печатен весник; ТВ-дневник, информативна страница, блог, итн.)

 

3. Стажантите одговараат на неколку прашања

 

На пр: “опишете го медиумот: дали написите се потпишани? Од кого? Кои информации се таму? Како се обработени? На кои информации им се дава приоритет? Дали има реклами? Кои? Како се пристапува до информациите (анализирајте наслови, текстови, слики, итн.)?

 

1. Колективно одговарање на обележаните елементи и создавање на заедничка дефиниција од предлозите на стажантите. Одговорите на прашањата го наведуваат супервизорот да зборува за “граѓански медиум“

 

Забелешка – Дефиниција: Станува збор за медиуми, т.е. поддршки (радио, ТВ, интернет, итн.) преку кои информациите се пренесуваат на широката публика. Во исто време, ја користиме придавката “граѓански“, бидејќи авторите на овие написи и на овие истражувања не се професионални новинари, туку обични граѓани чија цел е да анимираат дебати за специфични прашања или проблеми во врска со целото општество.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1.Супервизорот испраќа лин на ZOOM (или друга платформа) до младите

 

2. Откако младите ќе се соберат, тој ги распоредува во “виртуелни групи“ и им доделува медиуми да ги прегледуваат (испраќајќи им интернет-линк).

 

3. Младите можат да разговараат за тоа благодарение на можниот системот “одделни простории“, на пример, на платформата за видеоконференции ZOOM.

 

4. Супервизорот го испраќа линкот за прашалникот (што може да го креира онлајн, на пример на страницата https://www.dragnsurvey.com/en ). Младите одговараат на прашалникот во групи.

 

5. Одговарањето ќе биде организирано преку платформата за далечински конференции. Супервизорот може да користи веб-страница “Објавувај ја на интернет“ (“post it online”) за да креирa ефект на таблата (на пр. Https://note.ly/ ), а потоа да ја анимира дебатата.

АКТИВНОСТ 2 – Анализа на заговорничко видео

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Целта на оваа вежба е колективно идентификување на “алатките“ користени од заговорниците (откривање на “мистерија“, реторика, анализа на детали), како и идентификување на аудиовизуелните механизми на заговорничките видеа (застрашувачка музика, глас на робот, насочена монтажа, анализа на симболи, итн.)

 

Еве неколку од тие елемнти што треба да се препознаат во виедото:

 

1. Вознемирувачка атмосфера: честопати забележуваме присуство на роботски или мистериозен глас придружен со застрашувачка музика (атмосфера на хорор филм, на пример).

 

2. Специјални ефекти: исто како и звучната атмосфера, визуелните ефекти како што се цртежи, фотомонтажи или “морфирање“ (“morphing“: трансформирање на лице) можат сами по себе да ја резимираат теоријата и да ја направат едноставна и лесна за помнење.

 

3. Добра структура и добра видео монтажа: конструкцијата често следи одредена логика, на пример, почнувајќи од историскиот елемент за да се даде научна димензија. Покрај тоа, монтажата (низата на слики) е исто така од голем интерес.

 

4. Цитати извадени од статии или изјави: станува збор за деконтекстуализирање на речениците на една статија, репортажа или изјави на поединец (политичар, научник, итн.) со цел да им служи на интересите на демонстрацијата.

 

5. Вистинити елементи што може да изненадат: овде, не станува збор за деконтекстуализирање на факт или говор, туку за употреба на факт или реална слика, како на пример, слики или видеа од мачки кои почнуваат чудно да се однесуваат.

 

6. Несигурни или тотално лажни елементи: меѓу псевдо-доказите на презентираната теорија, одредени измислени, многу несигурни или недокажани елементи можат да се протнат во демонстрацијата и на тој начин да го засилат ефектот на “аргументарниот мил-феј (слоеви на аргументи)“.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Пред вежбата, да се пронајде заговорничко видео на актуелна тема или или за специфично прашање (атентати, нов светски поредок, епидемии, итн.)

 

2. Подготовка на просторијата: Распоредување на учесниците кон таблата или екранот и емитување на видеото користејќи видео-проектор. Треба да им се укаже на учесниците да ги запишат елементите што се користат во видеото за да ги убедат гледачите и да ја препознаат главната порака на видеото (препознавање на алатките, формата на видеото и значењето, суштината)

 

3. Пишување белешка: Учесниците потоа се покануваат да запишуваат белешки како што напредува видеото за да ги искажат своите коментари и впечатоци на крајот.

 

4. Колективно одговарање: Да се прашаат учесниците кои елементи ги забележале и да им се дадат оние елементи кои можеби не ги виделе. Ова е, исто така, време кога дискусијата може да се прошири на она што учесниците обично го гледаат на интернет: Дали некогаш виделе вакво видео? На кои теми? Дали биле убедени од ова видео? Дали видеото било насочено кон одредена заедница, кој бил претставениот непријателот? (Политичари? Банки? итн.)

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Оваа вежба може да се направи и од далечина. Супервизорите по е-пошта го испраќаат видеото или линкот од заговорното видео пред сесијата.

 

2. Супервизорите го испраќаат линкот на видеоконференцијата ZООМ (или друга платформа).

 

3. Младите можат да работат од далечина преку Google Drive, Framapad итн. за да ги запишат најважните елементи.

 

4. Колективното одговарање ќе биде организирано преку платформата за далечински конференции. Супервизорот може да користи веб-страница “Објавувај ја на Интернет“(“post it online”) за повторно да создаде ефект на табла (на пр. Https://note.ly/ ) и да ги забележи набљдувањата на младите. Потоа може да ја анимира дебатата.

АКТИВНОСТ 1 – Безжичниот телефон (расипан телефон)

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

“Безжичен телефон“ ((расипан телефон) е активност во која учесниците се доведуваат да играат и заедно да бидат сведоци на изобличувања што може да претрпат говор или настан преку пренос и емитување, на социјалните мрежи како и во секојдневниот живот. Оваа вежба овозможува да се реши прашањето за изобличување на коментарите што кружат на интернет и да се објаснат овие нарушувања и последиците што може да ги имаат, особено ако овие коментари се насочени директно кон луѓе или заедница.

 

Во прво време, една личност измислува приказна, ја шепоти во увото на својот сосед, кој го прави истото, и така натаму, сè додека сите учесници не ја слушнат и формулираат својата верзија на приказната.

 

За време на дебатата на крајот од вежбата, супервизорите можат да го решат ова прашање на толкување и субјективна пристрасност во ширењето на информациите.

 

Варијација на вежбата:

– Можно е да се даде фотографија, слика или кратко видео на првиот учесник, така што тој ќе му каже на својот сосед што ќе види, без тој да ја види сликата самиот, а потоа усно да ја пренесе информацијата до следниот учесник и така натаму. На крајот од вежбата ќе и ја откриеме на групата почетната слика и ќе ги набљудуваме промените што ги претрпи.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

  1. Подготвување за активноста: Супервизорите прво мора да подготват една или повеќе приказни за расипаниот телефон или да најдат слики што илустрираат акција или настан, за да има што повеќе информации да се земат предвид. Комплексноста на приказната или сликата ќе ја разликуваат тежината на вежбата.
  2. Поставување на играта: Супервизорите даваат упатства и ја соопштуваат својата верзија на приказната на првото лице или му ја покажуваат избраната слика.
  3. Постапка: Во прво време, учесниците седат и формираат голем круг. Првото лице ја шепоти својата приказна (или ја опишува сликата) на увото на лицето што седи десно од него. Вториот ја шепоти својата верзија во увото на лицето што седи до него сè додека сите не ја слушнат приказната. Последната личност го повторува на глас она што го слушнал. Значи, групата ја споредува оваа верзија со онаа што ја раскажал првиот што ја започна приказната забележувајќи ги разликите.
  4. Колективно одговарање / колективна дебата преку одговори на прашањата (напишани на табла): како се промени приказната кога е раскажана неколку пати? Што влијае на начинот на кој ги слушаме и толкуваме информациите? Какво влијание имаат нашите искуства и интереси врз нашите гледишта? Дали на моменти луѓето слушаат неколку различни толкувања за истата приказна и почнуваат да се прашуваат која верзија е поточна? Ако секој гледа и слуша барем малку поинаку, од каде ќе се знае дали приказната е точна? Како се чувствувате во врска со промените во приказната? Споредете како се чувствува лицето што ја започнало приказната со остатокот од групата. Што ако ова е лична приказна а значењето на приказната е променето? Дали сте подготвени да ја споделите приказната за оваа активност на интернет?

АКТИВНОСТ 3 -“Националните херои” во претставите

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели :

 

– Да се стане свесен за разновидноста на перспективите во врска со споделените историски настани, како и различните претставувања на најголемите политички фигури поврзани со нив.

 

– Да се има покритички поглед кон својата национална историја

Оваа вежба може да биде проследена со дебата и размена за националните митови и личностите кои ги сочинуваат.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата : распоредување на стажантите во групи (според бројот на учесници)

 

2. Откако ќе бидат поделени во групи, учесниците треба да изберат по групи кои национални историски личности или политичари ги сметаат за “херои“ или важни и да објаснат зошто ги ценат и се гордеат со нив. Овој прв дел може да трае помеѓу 10 и 20 минути и учесниците можат да изберат неограничен број на личности.

 

3. Доколку е потребно, и доколку просторијата е опремена, учесниците можат да користат компјутери или паметни телефони за да соберат информации или да ги постават избраните личности во вистинскиот историски контекст.

 

4. Откако ќе бидат избрани “хероите“, групите им ја презентираат својата листа на другите, а супервизорот ги запишува имињата на таблата, подвлекувајќи ги имињата кои најчесто се појавуваат.

 

5. Остатокот од вежбата се состои од фаза на прашања што треба да бидат упатени до учесниците, еве неколку примери:

 

• Дали некој беше изненаден од споменатите херои? Зошто?

• Дали некој од вас ги познава сите споменати херои?

• Од кои причини најчесто се познати националните херои? Кои човечки вредности ги претставуваат?

• Што нè прави да сакаме некои херои над другите? Каде научивме да ги почитуваме и зошто? Дали мислите дека ако тие живееја и денес, нивните постапки и вредности ќе ги направеа херои?

• Дали мислите дека споменатите херои се универзални? Дали мислите дека сите ги сметаа за херои?

Со вие прашања би можела да се започне дебатата со учесниците.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорот мора да креира линк на видеоконференциската платформа ZООМ и да ја испрати до младите (супервизорот може да користи и друга нему позната платформа).

 

2. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна просторија“, младите се распоредени во групи од супервизорот (според бројот на учесници).

 

3. Групите треба да изберат по групи кои национални историски личности или политичари ги сметаат за “херои“ или важни и да објаснат зошто ги ценат и се гордеат со нив. Овој прв дел може да трае помеѓу 10 и 20 минути а учесниците можат да изберат неограничен број на личности.

 

4. Откако ќе бидат избрани “хероите“, групите им ја презентираат својата листа на другите, а супервизорот ги запишува имињата на виртуелната табла (на пр. Https://awwapp.com/# ), подвлекувајќи ги имињата што се појавуваат најчесто.

 

5. Групите ја напуштаат главната видеоконференција и пристапуваат до “приватните простории“ на ZООМ.

 

6.Остатокот од вежбата се состои од фаза на прашања што треба да им бидат упатени на учесниците, еве неколку примери:

• Дали некој беше изненаден од споменатите херои? Зошто?

• Дали некој од вас ги познава сите споменати херои?

• Од кои причини најчесто се познати националните херои? Кои човечки вредности ги претставуваат?

• Што нè прави да сакаме некои херои над другите? Каде научивме да ги почитуваме и зошто? Дали мислите дека доколку тие и денес живееја, нивните постапки и вредности ќе ги направеа херои?

• Дали мислите дека споменатите херои се универзални? Дали мислите дека сите ги сметаа за херои?

 

Овие прашања можат да бидат испратени преку Framapad линк до двете групи кои се состануваат во “приватни простории“ на ZООМ.

7. Од овој момент, учесниците треба да спроведат истражување на интернет со цел да соберат информации или да ги постават избраните личности во вистинскиот историски контекст.

8. Откако групите ќе го завршат истражувањето и ќе одговорат на прашањата, тие одат во “главната просторија“ за да ја започнат фазата на одговарање. Супервизорот може да ја користи страницата “објавувај ја на Интернет“(“post it online”) за да креира ефект на таблата (на пр. Https://note.ly/ ) и да им ја покаже во живо на сите учесници преку системот за споделување екран.

АКТИВНОСТ 2 – СЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА РАСКУЖУВА ПРИКАЗНА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цел: Да им покажеме на стажантите дека нашите перцепции се искривени и влијаат на нашите претходни искуства, очекувања, култура итн., И дека сликите што ги имаме за другите влијаат на нашето толкување за нивното однесување.

 

Вежбата се одвива во неколку фази. Прво, супервизорот им обезбедува полусечени фотографии на стажантите. Второ, тие ќе мора да ги “комплетираат“ фотографиите преку информациите од предметната слика. Затоа, оваа реконструкција ќе биде под влијание на претставувањата и начинот на кој тие гледаат на другиот.

 

Откако ќе се покаже целата слика на младите, тие и супервизорот ги лоцираат елементите што се повторуваат во нивните приказни. Откако ќе ги запишат тие елементи на таблата, супервизорот може да започне дебата околку стереотипите и добиените идеи, како и за улогата на митовите околку начинот на кој се комуницира со другите.

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1.Супервизорите даваат слика исечена на два дела на секој стажант.

 

2. Стажантите треба да ја “комплетираат“ приказната претставена од првата половина од исечената фотографија. Имаат 5 минути да ја напишат приказната.

 

3. Стажантите треба да го споделат напишаното со другите. Ако групата е голема, супервизорите можат да формираат мали групи од 6-8 лица.

 

4. Супервизорот ја покажува втората половина на фотографијата и ги прашува стажантите да ги преиспитаат своите впечатоци.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1.Супервизорот претходно ја подготвува вежбата и ја избира фотографијата. Исечената фотографија мора да дозволи, откако ќе се реконструира, да открие покомплексна реалност од онаа што може да ја покаже нецелосната фотографија.

 

2. Супервизорот ја испраќа фотографијата до младите преку е-пошта. Исто така, ги испраќа упатствата за вежбата и линкот ZООМ (или друга платформа) за видеоконференција.

 

3. Собрани на видеоконференција, младите се поделени во групи од страна на супервизорот.

 

4. Секоја група работи на платформа за пишување како Google Drive, Framapad, итн. Младите треба да ја “комплетираат“ приказната претставена со првата половина од исечената фотографијата. Имаат 5 минути да ја напишат приказната.

 

5. Одговарање: Супервизорот може да користи веб-страница на “објавувај ја на интернет“ (“post it online”) за да создаде ефект на табелата (на пр. Https://note.ly/) за да ги забележи елементите што произлегуваат од различните приказни. Потоа може да ја анимира дебатата.

 

 

ПРИЛОГ : ПРИМЕР НА ИСЕЧЕНА ФОТОГРАФИЈА

 

Стажантите треба да ја “комплетираат“ фотографијата со информациите што можат да ги заклучат од фотографијата.

Ова е фотографијата во целост:

Станува збор за Жизел Мари Роша, Бразилка со муслиманска вероисповест која свири на гитара во метал група