МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО

Практични активности

АКТИВНОСТ 2 – Анимирање онлајн социjaлна кампања

Времетраење : 2-2.5 часови
Опрема :

Компјутери, смартфони, интернет конекција

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели:

 

  • Прибавување на средства за информирање и комуникација
  • Користење социјални мрежи за социјални кампањи
  • Развивање критичко размислување

 

Оваа вежба има за цел создавање социјална онлајн кампања од страна на учесниците. По изборот на темите за решавање (на пр.:локални тематики како оние што се однесуваат на населбата), како и социјална мрежа низ која ќе се разменува содржината на нивната социјална кампања, младите треба да промовираат кауза, избирајќи најсоодветни слики и реченици. Потоа, ќе треба да се пренесат содржините од медиумот на социјалната мрежа за која станува збор.

 

 

Дефиниција :

 

Онлајн социјална кампања може да се дефинира со користење алатки за комуникација и маркетинг на социјалните мрежи со цел да си присвои тематика со социјална улога (околина, феминизам, расизам, сиромаштија итн.). Целта е промовирање одредени вредности, мобилизирање или предупредување на луѓето, особено корисниците на интернетот, за одредени важни општествени прашања, дури и создавање движење (пр. : MeToo, Black Lives Matters, српското движење #1of5million итн.)

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка : Супервизорите селектираат, со младите, теми за обработка во нивните социјални кампањи на социјалните мрежи.

 

2. Распределба : По изборот на темите, супервизорите формираат повеќе групи (според бројот на учесници). Секоја група работи на тема и бира социјална мрежа најприкладна за анимирање на кампањата.

 

3. Барање информации : За да се создаде ефикасна социјална кампања, учесниците ќе треба да прибават информации на избраните теми со цел да се разберат предизвиците и да се продуцира/ емитува релевантна порака за да се подржи предметната кауза.

 

4. Стратегија за комуникација : Учесниците треба да размислат како да ја спроведат најдобрата онлајн стратегија за да ја проследат нивната порака :

  • Препознавање на целната публика (млади, возрасни, мажи, жени итн..)
  • Бирање соодветна социјална мрежа (пр. : повеќе instagram за сликата а twitter/facebook за видеото и текстот)
  • Тип на порака (сведоштва, хумор, бројки, мини-репортажи итн.)
  • Форма на пораката (фотографија, текст, инфографија, видео итн.)
  • Користење вистинските клучни зборови или “hashtag” за пошироко емитување на постот

 

5. Поставување на кампањата : Учесниците ќе можат да одберат да ја започнат кампањата постирајќи нејзината содржина на нивните лични профили (акаунти) или да креираат посебен профил (акаунт) за нивната кампажа.