ЛИСТОВИ ПРИЛОЗИ

Практични активности

ОНЛАЈН ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

 

Следниот лист ќе ве води во анимирањето на онлајн практичните активности околу медиумската писменост. Овие активности се на англиски јазик.

 

Имате можност да ги водите овие активности преку видеоконференција, со одредено време за презентација на вежбите, време за вежбање, а потоа и време за одговарање и за виртуелна дебата со сите учесници.

 

Можете исто така да ги пренесете на младите и линковите на вежбите, како “домашна задача“ што треба да се направи на компјутер.

 

 

ОНЛАЈН КВИЗ – КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

 

Подолу споменатите онлајн квизови ќе им овозможат на учениците да се запознаат со методот на проверка на фактите. Тие се поканети да проценат дали некои написи или слики одговараат на проверени информации или на лажни вести. Вежбата на УНИЦЕФ е специјално посветена на борбата против манипулацијата со информациите околу коронавирусот.

 

Онлајн квиз на АБЦ ЕДУКАЦИЈА

“Real, LOLZ, oops or fake” – линк



Онлајн квиз на QUIZIZZ
“Media literacy and fake news” - линк

Онлајн квиз на FACTITIOUS
“Точно или неточно : тестирај ги своите способности за проверка на факти низ 6 нивоа” - линк

 

Онлајн квиз на l’UNICEF :
“Факти или фикција : Оценете ги вашите познавања за коронавирусот”- линк

 

 

ДЕБАТИ ОКОЛУ ПОДКАСТИ ОД “ON THE MEDIA”

 

ON THE MEDIA создаде серија подкасти кои се осврнуваат на предизвиците на медиумите, на информациите и на лажните вести. Избравме 3 епизоди кои имаат особено интересна педагошка димензија. Можете да ги поканите вашите ученици да ги слушаат овие подкасти, а потоа да потикнете онлајн дебати околу конкретни примери на теории за заговор, на онлајн омраза или на кампањи за дезинформација.

 

Подкаст 1 :
“Теориите за заговор се вистински бум на Фејсбук” - линк


Подкаст 2 :
“Заговор и ксенофобија во полските медиуми” – линк

 

Подкаст 3 :
“Кампањите за дезинформација околку коронавирусот” - линк

 

 

ESCAPE GAME – ОНЛАЈН ИГРИ ОКОЛУ МИП

 

Со цел да дадете конкретна димензија на обуката за медиумска писменост, поканете ги вашите ученици да станат продуценти на информации или на лажни вести преку овие две онлајн игри.

 

Стани млад репортер на Би-Би-Си
“Ireporter Game for students” - линк

Вашата улога, како репортер на Би-Би-Си, е да ја покривате најновата вест со објавување на вашата сторија на страницата “BBC Live“. Вашата приказна ќе се оценува според балансот помеѓу точноста, влијанието и брзината.

 

Станете креатор на лажни вести со FAKE IT TO MAKE IT
Он-лајн игри - линк

Fake it to make it е симулатор на лажни вести, кој покажува зошто и како се манипулира со луѓето. Играчот ја игра улогата на студент кој сака лесно да ги надополнува своите средства благодарение на лажна информативна страница, профитабилна благодарение на рекламирањето и споделувањето на (лажни) групи на социјалните мрежи.

 

 

ОНЛАЈН АКТИВНОСТИ НА ПЛАТФОРМАТА ТАЛМИЛ

 

Делот за млади на платформата ТАЛМИЛ нуди онлајн практични активности, со цел да ги придружува на забавен начин учениците во учењето на главните концепти на медиумската писменост.

 

Онлајн Квиз :
“Тестирај ги своите знаења за медиумите и информациите! - Линк

 

Онлајн Квиз :
“Вест или лажна вест : ќе умееш ли да ги препознаеш автентичните вести ?” - линк

 

Онлајн практични активности :
“ Станувам репотер –чирак ” – линк