МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – Откривање на граѓански медиум

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Компјутер, интернет конекција, бел екран, PowerPoint, видеопроектор, систем за репродукција на звукот, весници

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Во оваа вежба, стажантите се занимаваат со темата граѓански медиуми. Тие се наведени сами да разберат - но секогаш под надзор на супервизорите - разликите и сличностите помеѓу традиционалниот медиум и граѓанскиот медиум. За ова, тие ќе мора во групи да споредуваат повеќе типови на медиуми.

 

Секоја група ќе мора да прочита и анализира медиум што супервизорите ќе им го обезбедат (дневен весник или интернет-линк до издание на ТВ-дневник, веб-страница, блог, итн.). Доколку на првата група и биде доделен традиционален медиум (на пр. дневен весник), втората група ќе анализира граѓански медиум (на пр. блог).

 

Стажантите имаат право на брзо пребарување на интернет преку компјутери (но и преку нивниот паметен телефон).

 

Целта на вежбата е да се натераат двете групи да соработуваат, обидувајќи се да ко-произведат самите дефиниција за граѓански медиум.

 

Потоа супервизорите ќе можат повеќе да навлезат во темата на граѓанските медиуми и нивното влијание врз светот на информациите.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата: Поделба на учесниците во групи на компјутерите

 

2. Стажантите ќе треба да ја анализираат понудената медиумска поддршка (печатен весник; ТВ-дневник, информативна страница, блог, итн.)

 

3. Стажантите одговараат на неколку прашања

 

На пр: “опишете го медиумот: дали написите се потпишани? Од кого? Кои информации се таму? Како се обработени? На кои информации им се дава приоритет? Дали има реклами? Кои? Како се пристапува до информациите (анализирајте наслови, текстови, слики, итн.)?

 

1. Колективно одговарање на обележаните елементи и создавање на заедничка дефиниција од предлозите на стажантите. Одговорите на прашањата го наведуваат супервизорот да зборува за “граѓански медиум“

 

Забелешка - Дефиниција: Станува збор за медиуми, т.е. поддршки (радио, ТВ, интернет, итн.) преку кои информациите се пренесуваат на широката публика. Во исто време, ја користиме придавката “граѓански“, бидејќи авторите на овие написи и на овие истражувања не се професионални новинари, туку обични граѓани чија цел е да анимираат дебати за специфични прашања или проблеми во врска со целото општество.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1.Супервизорот испраќа лин на ZOOM (или друга платформа) до младите

 

2. Откако младите ќе се соберат, тој ги распоредува во “виртуелни групи“ и им доделува медиуми да ги прегледуваат (испраќајќи им интернет-линк).

 

3. Младите можат да разговараат за тоа благодарение на можниот системот “одделни простории“, на пример, на платформата за видеоконференции ZOOM.

 

4. Супервизорот го испраќа линкот за прашалникот (што може да го креира онлајн, на пример на страницата https://www.dragnsurvey.com/en ). Младите одговараат на прашалникот во групи.

 

5. Одговарањето ќе биде организирано преку платформата за далечински конференции. Супервизорот може да користи веб-страница “Објавувај ја на интернет“ (“post it online”) за да креирa ефект на таблата (на пр. Https://note.ly/ ), а потоа да ја анимира дебатата.