СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
TALMIL

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)

    90од 180

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)

    31.67

  • Медиумска писменост (рангирање во Европа)

    35од 35

  • Медиумска писменост (скор)

    15од 100

  • Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)

    21од 40

Медиумски пејсаж

Медиумскиот систем на Северна Македонија се развива под влијанието на мошне турбулентните политички околности. Иако најголемиот број медиуми се во приватна сопственост, тоа нема позитивен ефект на разновидноста и независноста на содржините, затоа што приватните медиуми често се поврзани со политички или деловни интереси што влијаат на нивните содржини (1). МРТ, како јавен сервис, постојано се наоѓа во мошне непредвидлива финансиска ситуација, а опасноста дополнително е засилена од старите долгови кон државните институции (2). Бројот на медиуми е екстремно голем споредено со големината на пазарот во Северна Македонија – 45 телевизиски станици и 68 радио станици емитуваат програма на национално, регионално или локално ниво (3). Голем број на критички и независни медиуми работат и се наоѓаат главно на интернет (1), вклучувајќи ги БИРН Северна Македонија, Ф2Н2, Види вака, итн. Во онлајн сферата постои голем проблем со говорот на омразата и токсичните наративи. Дел од онлајн медиумите одржуваат клиентелистички односи со политички и економски центри на моќ и често произведуваат или шират дезинформации и пропаганда на координиран начин (4).

Новинари

Според Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во првите десет месеци од 2020 година, забележани се 14 напади и жестоки закани врз новинари. Сè повеќе и повеќе закани по живот за нивинарите се забележуваат на социјалните мрежи (5). Истовремено, Европската Комисија вели, во најновиот извештај, дека политичарите и јавните функционери во Северна Македонија сè уште треба да покажат повисоко ниво на толеранција на критика и да ја промовираат слободата на изразувањето.


Публика и медиумска писменост

Нивото на медиумска писменост во Северна Македонија е многу ниско. Според извештајот на Институтот отворено општество од Софија, Северна Македонија е последно-рангирана (на 35-то место) помеѓу европските држави по нивото на медиумска писменост (6). Според ИПСОС, телевизијата е најчесто користен извор на информации за најголемиот број граѓани на Северна Македонија, а следат социјалните мрежи и онлајн порталите на второ и трето место, соодветно. Граѓаните се поделени рамномерно од гледна точка на општата доверба во медиумите (7).


Извори :

(1) Freedom House, (2) Европска Комисија, (3) IREX, (4) SEEPNM, (5) ЗНМ, (6) Институт отворено општество (OSI), (7) IPSOS

опис


Национални медиуми

Национални медиуми

Борба против лажни вести и наративи

Проектот „Борба против лажни вести и наративи“ (F2N2) е независен проект на Граѓанската асоцијација МОСТ, со цел системски да се бори против дезинформациите на медиумскиот простор на интернет, со користење на разни дигитални алатки, кодови и отворен софтвер. Нивниот

Одете на страницата

Вистиномер

Експертите на „Вистиномер“ од различни области ги анализираат ветувањата на политичките субјекти и ги презентираат во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Сите идентификувани ветувања се оценуваат преку нивото на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето.

Одете на страницата

Види вака

Види вака“ е интернет страница посветена на промислено новинарство што нуди фер и конзистентни содржини. Мисијата на „Види вака“ е да ја информира дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи. Интернет страната нуди видео и мултимедијална содржина која е веродостојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Одете на страницата
Регионални медиуми

Регионални медиуми

Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)

Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.

Одете на страницата