Проектот талмил
TALMIL

Проектот талмил

ПЕДАГОШКИОТ ПРОЦЕС

Многу млади граѓанки и граѓани од регионот на Западен Балкан покажуваат мал интерес за печатот и општествени дебати, додека тие се особено подложни на лажните информации што масовно кружат на социјалните мрежи. За да се обнови интересот за медиуми и информации, платформата ТАЛМИЛ ги става на располагање педагошките ресурси, на јазиците кои главно се зборуваат во регионот, со цел предавање и учење медиумска и информациска писменост (МИП). На тој начин, младите од средношколска возраст можат да информираат и обучуваат на оваа тема, додека обучувачите можат да најдат практични алатки за спроведување работилници со нив.

 

Со посета на рубирката Дел за обучувачи, обучувачите ќе можат да стекнат или да ги консолидираат знаењета за МИП која е насочена кон лицата на возраст од 15 до 19 години, како и имање пристап до активности кои треба да се спроведат директно со овие млади. Делот за Дополнителни ресурси препраќа кон постоечки педагошки ресурси, за да ги надополнат оние што ги создадовме. Рубриката Дел за млади е директно насочена кон публиката на возраст од 15 до 19 години, овозможувајќи им да се запознаат со медиумите, да ги тестираат своите знаења и да извршуваат практични активности.

 

Иако МИП процесите веќе постојат во регионот, платформата ТАЛМИЛ усвојува регионален пристап и има за цел да им понуди на обучувачите онлајн педагошки содржини “клуч на рака“ или “по избор“, на јазиците кои главно се зборуваат во регионот, прилагодливи на контекстите на разните држави, како и на потребите на обучувачите.

 

 

Обучувачите, исто така, имаат можност да учествуваат во обука на обучувачи со цел да ги научат алатките на платформата, да замислат работилници, и да ги разменат своите добри практики. Обучувачите ќе можат да ги применуваат алатките на платформата за време на работилниците за анализа на информации, и да ја подигнат свеста за дезинформации и лажни вести кај публиката на возраст од 15 до 19 години, и тоа во текот на 2021 година.

 

Платформата ТАЛМИЛ се впишува како еден од целите на проектот “Балкански изразувања“ (“Expressions Balkaniques”): развој на критичкото размислување на младите од регионот во однос на медиумите и информациите.

КОИ СМЕ НИЕ?

Платформата ТАЛМИЛ се впишува во рамките на проектот “Балкански изразувања“ (“Expressions Balkaniques”), финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи (МЕАЕ). Проектот го спроведува CFI, Француската агенција за развој на медиуми, во тесна соработка со Службите за соработка и културно дејствување на француските амбасади на 6-те засегнати земји.

 

Оператор на француското Министерство за Европа и надворешни работи, и подружница на групацијата France Médias Monde, CFI дејствува во корист на развојот на медиумите во Африка, арапскиот свет и Азија. Агенцијата работи заедно со медиумите и граѓанските актери посветени на плуралистичко и демократско информирање, и во прилог на одржлив развој.

 

ТИЕ ЈА РЕАЛИЗИРАА ПЛАТФОРМАТА ТАЛМИЛ СО CFI 
Во контекст на проектот “Балкански изразувања“ (“Expressions Balkaniques”), чија цел е поддршка на гласот на младите на Балканот, CFI за создавање на педагошката платформа се обрати до две организации. Тоа се : Mouvement Up, ориентирана кон граѓанството и позитивното новинарство, и Курие де Балкан (Courrier des Balkans), за својата единствена франкофонска експертиза во регионот.

КОНТАКТ

Сакате да дознаете повеќе за образовниот систем ТАЛМИЛ, или за проектот “Балкански изразувања“ (“Expressions Balkaniques’)?

Пишете ни на следната адреса : marie.bouilly@cfi.fr или miriam.angoni@cfi.fr