Добри педагошки практики
TALMIL

Добри педагошки практики

Обучувачите од Балканот заинтересирани за медиумска писменост имаат можност да црпат инспирација од конкретни случаи на МИП проекти кои се иновативни и ефикасни.

Во оваа смисла, со цел да се потикне ентузијазмот и амбицијата кај корисниците на платформата ТАЛМИЛ, подолу нудиме неколку примери на медиумски едукативни проекти во регионот и ширум светот, кои се истакнаа по нивниот успех.

Источна Европа: да се создаде од социјалните мрежа образовна алатка за медиумите

Проектот БТМСЕТ (“Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“/“Building Trust in Media in South East Europe and Turkey”), предводен од УНЕСКО во Источна Европа, има за цел да ги зајакне капацитетите на младите во регионот за анализирање на информациите во услови на ширење на лажни вести. Посебно станува збор за развој на критичкото размислување на младата генерација преку создавање на иновативна дигитална едукативна платформа: МИЛ КЛИКОВИ (MIL CLICKS).

Оваа забавна и колаборативна платформа има за цел да ги научи младите интернет корисници да ги користат социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер) како алатки за обука за стекнување нови вештини за пристап и декриптирање на информации.

Финска : Новинска агенција за промовирање позитивна визија од младината

Информативниот центар “Гласот на младите“ од Секторот за млади на градот Хелсинки во Финска работи како новинска агенција. Оваа прва агенција предводена од младите обезбедува известување и написи на различни медиуми за широката јавност низ целата земја. Редакциската линија на агенцијата “Гласот на младите“ има главно за цел да промовира позитивна слика за младите во печатот. Исто така, станува збор за осмислување на идеите на младите за главните општествени теми, така што новата генерација ќе може целосно да придонесува за демократската дебата.

Овој иновативен проект за медиумска писменост е многу успешен. Во 2009 година, агенцијата “Гласот на младите“ ги објави своите написи во најголемиот фински весник, Хелсингин Саномат (Helsingin Sanomat). Таа, исто така, објави анкети за мислења и алатки за споредување на кандидатите за време на избори за ИРЦ-Галерија (IRC-Galleria), најпопуларната онлајн заедница кај финската младина.

Франција: да се вклучат младите во обука на други млади луѓе

Во 2019 година, мрежата на библиотеки во Тулуз, Франција, регрутираше и обучи на медиумска писменост, 10 млади волонтери од граѓански служби, на возраст од 18 до 23 години. Откако се стекнаа со вештини за предавање на МИП, овие млади луѓе работеа во 7 библиотеки главно лоцирани во загрозени населби. Тие потоа им понудија на тинејџерите кои ги посетуваа овие библиотеки многу оригинални и забавни работилници: “ракување со весници“, “идентификување на услови на користење на социјалните мрежи“, “кафе лажна информација (интокс)“, “иницијација на радио“, итн.

Матилд Еспил, одговорна за едукативниот проект, се наврати на ова искуство: “Успехот на проектот зависи од обуката на волонтерите во граѓанска служба, вистински амбасадори на медиумска писменост, но исто така и од односот на довербата со која тие градат со јавните библиотеки. Овој експеримент потврди дека вклучувањето на млади луѓе во сензибилизирање на други млади луѓе за медиумски предизвици беше особено релевантен“.