МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА
Практични активностиАКТИВНОСТ 1 – ОБЛАК НА ЗБОРОВИ : Откривање на медиумскиот пејсаж
Табла, пенкала и / или фломастери
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Облакот на зборови е заедничка вежба во која младите се поканети да започнат од зборот “медиуми“ напишан на таблата, да го покажат своето знаење за медиумскиот свет и да ги споделат.
Оваа вежба им овозможува на учесниците да ги претстават главните актери во балканските медиуми на јасен и организиран начин, истакнувајќи ги нивните разлики.
Оваа вежба, исто така, претставува можност за супервизорите да ја набљудуваат медиумската практика на целната група (кои видови на медиуми користат? каде се информираат?) и со тоа да го насочуваат развојот на работилницата според нивните практики и нивните мислења. Се бара да се разјаснат или аргументираат одговорите или да ги охрабрите да дадат свои мислења со цел да се задлабочат во одредени теми.
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Пишување на зборот “медиуми“ на визуелна алатка и запишување на имињата на медиумите или (медиумски поддршки : телевизија, радио, печатени медиуми, социјални мрежи) што им паѓаат на ум.
2. Распределување на медиумите предложени од учесниците според видовите на поддршка.
3. Разликување на приватните медиуми од јавните.
4. Разликување на традиционални медиуми и социјалните медиуми : повеќето учесници често користат социјални мрежи (Инстаграм/Снепчет/Фејсбук), било за консултирање на информации или едноставно да поминуваат време на овие мрежи. Така што, за време на оваа вежба, ќе се постави прашањето за местото на социјалните мрежи во медиумскиот пејсаж, или спонтано од учесниците или од едукативниот супервизор. Затоа, ова ќе биде прилика да се воведат темите за масифицирање на информациите на интернет и потенцијалната манипулација со информациите што социјалните мрежи можат да ги пренесат. Покрај тоа, ќе треба тогаш да се напомене дека социјалната мрежа нема редакција, ниту новинар, сите ние сме креатори и дистрибутери на информации без да сме професионалци. Затоа, треба да се охрабри претпазливоста бидејќи секој може да се изразува на овие мрежи.
Балканскиот контекст
За оваа активност, упатете се кон тематскиот лист “Независни медиуми“ во делот “Информирај се“ на нашата едукативна страница. Предавачатот, на тој начин, има пристап до главните референтни медиуми кои го структурираат медиумскиот пејсаж на Балканот.