МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

Образовен лист 3

ПОГЛАВЈЕ 3 – ИНФРОМАЦИЈАТА И МЕДИУМИТЕ

Ниво : Лако

образовни цели

Цел 1 : Обучувачот е во состојба да ги дефинира поимите „медиум“ и „информација“

Цел 2 : Обучувачот е во состојба да ги објасни трите типа за пренос на информацијата

Цел 3 : Обучувачот го знае целиот процес до информацијата

ДЕФИНИЦИИ

1/ Медиумот е пред сẻ материјал за поддршка кој овозможува масовно ширење на информации како што се пишаниот печат, радиото, интернетот или телевизијата.

 

Зголемување и разновидност на понудата на информации

 

По Втората светска војна, сме сведоци на поголема засиленост на информациите и зголемување на бројот на медиумите: домовите се опремуваат со телевизори, радио каналите се множат и се појавуваат бројни списанија. Тогаш почнуваме да зборуваме за „масовни“ медиуми. Оттогаш, достапните информации стануваат поважни и разновидни отколку што биле порано, а тој феномен се нагласува и до ден денес со дигиталната доба којасуштински ги смени начините за добивање информации.

 

Промена на односот кон информациите

 

Како понудата на информации се зголемува и станува сẻ поразновидна, така нашиот однос кон информациите се менува, особено со појавувањето на Интернет во раните 90-ти години. Како вистинска против демократска власт медиумите стануваат суштински за животот на граѓаните. За време на изборите, на пример, но и во текот на целата година, медиумите се главен извор на информации на предлозите, дебатите и политичките програми на претставниците и политичките лидери.

 

Покрај тоа, ваквата еволуција на медиумската понуда и особено развојот на Интернетот овозможил поголемо ширење на идеи и мислења кои тогаш биле маргинални - или помалку објавувани во јавното мислење - како теории на заговор или екстремистичките идеологии, овозможувајќи нивно полесно ширење во пошироката јавност.

 

Но, медиумите исто така се однесуваат како помалку видлива структурна и професионална димензија, т.е. тие претставуваат економски организиран систем (на финансирање, надомест на новинари) како и социјално (што подразбира да се дознае во што се состои професијата на новинар, неговите практики, неговата употреба и образование во новинарството).

 

2/ Информациите, во контекст на критичкото образование на медиумите, се раскажувачки факт, што доаѓа од идентификувани, проверени и вкрстени контроли. На ова може да се додаде перспектива која што го објаснува или толкува фактот за кој станува збор во социјалната, културната и политичката димензија. Покрај тоа, информациите мора да исполнуваат три критериуми:

 

  1. Да биде од важност за јавноста: Да се ​​смета за информација, во медиумска и социјална смисла на зборот, еден факт мора да има јавен интерес. На пример, ако станува збор за присуство на кој било граѓанин на фудбалски натпревар, тоа не претставува информација што веројатно ќе биде од значење за сите други граѓани.
  2. Да се настапува со факт: информацијата мора да се однесува на факт, односно да се настапува со факт. Тоа значи, доколку продолжиме со нашиот пример, дека резултатот од натпреварот или повредата на еден играч на теренот претставува целосна информација, бидејќи станува збор за факти, дела и забележливи резултати. Напротив, гласините за трансферот на играчот во друг клуб или потенцијалните тензии што можат да постојат во рамките на тимот, сè уште не претставуваат информација.
  3. Да се биде проверен или потврден: за да го потврдите неговиот статус на информации, фактот мора да биде проверен и потврден. Со други зборови, ние тука мора да бидеме внимателни кон поимот доказ што го потврдува фактот.

 

 

КАКО МЕДИУМИТЕ ЈА ПРЕНЕСУВААТ ИНФОРМАЦИЈАТА

Во пишаниот печат, можно е информацијата да се раскаже на три начина, односно да се користат различни новинарски жанрови:

 

  1. Објаснета информација: Новинарот ги анализира фактите, ги дешифрира информациите и му дава на читателот информации на прашањата „како“ и „зошто“. Овој вид на пишување се користи за анализа, истрага, досие и новинарско интервју.
  2. Коментирана информација: Станува збор за послободен вид на пишување во кое новинарот толкува и се обидува да ги дешифрира фактите играјќи со хумор, давајќи свое мислење или донесувајќи пресуда. Овој стил на пишување се користи за колумна, лист, едиторијал, карикатура или преглед.
  3. Пренесена информација: Ова е многу наративен новинарски стил на известување во кој новинарот детално ги изложува и ги раскажува фактите. Токму овој метод на пишување се користи за куса вест, депеша, општа вест, извештај, репортажа или сторија.

 

 

ПАТОТ ДО ИНФОРМАЦИЈАТА

Патот до информацијата подразбира минување низ повеќе фази:

1. Фактот

2. Алармот (новинарот е информиран од своите извори)

3. Проверка (неколку новинари се мобилизирани, тие ги испрашуваат организациите, луѓето или институциите кои се засегнати со одење на лице место).

4. Уредничкиот состанок може да биде организиран од страна на медиумот. Главниот и одговорен уредник ги свикува шефовите на сектори, се одлучува за распоредување на новинарите на терен и покривање на сите можни аспекти: карактеристиките, претпоставките, преседаните, репортажите, сторијата на денот ...

5. При пишувањето, новинарот го пишува својот напис или коментар, а потоа уредниците ги препрочитуваат и корегираат, објаснувајќи ги фотографиите ...

6. Кога информацијата е обработена, време е за нејзино објавување. Објавена е во форма на блиц, аларм или депеша, во зависност од важноста на информацијата.

 

Добро е да се знае: да се има ,,scoop,, (ексклузивитет) тоа значи да се биде прв во објавувањето на информацијата. Другите медиуми ќе можат да ја преземат прецизирајќи од каде потекнува