Author Archives: philippe.morlhon@mouvement-up.fr

6 – КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ Е ЛАЖИРАНА СЛИКА ?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Како и со методот за проверка на информација, треба да си ги поставите вистинските прашања за да идентификувате лажна слика.

 

1. Внимателно набљудувајте ја сликата : одредени манипулации или фотомонтажи лесно се забележуваат кога внимателно ќе погледнете. Одредени специфични елементи на сликата исто така можат да ви дадат важни информации за контекстот, датумот, местото итн.

 

2. Проверете ја природата на страницата каде што сте ја виделе сликата. Ако станува збор за социјална мрежа, проверете ја природата на акаунтот што ја споделил / дистрибуирал сликата.

 

3. Проверете го идентитетот на авторот или дистрибутерот на сликата (дали е тој новинар? Специјалист по темата за која разговара?). Запрашајте се за неговата цел, дали сака да нè информира или да нè манипулира?

 

4. Извршете обратно пребарување на сликата (користејќи Google Image) за да го пронајдете изворот на информацијата. На кој медиум за прв пат била објавена? Многу често на интернет, сликите се споделувани, дистрибуирани, а понекогаш и деформирани, деконтекстуализирани или протолкувани. Затоа е важно да откриете од каде потекнувала информацијата. Потоа погледнете го датумот на објавување на сликата. Во денешно време, една информација брзо застарува или честопати веќе биле негирани / проверени.

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ


Според оваа фотографија направена во градот Алексинац во Србија и објавена на групата Фејсбук на Здружени граѓани на Србија (Udruženi građani Srbije): “Дрвјата биле исечени поради 5Г“. Оваа фотографија исто така се појавила и на други групи во Србија, како што е Фејсбук групата „СТОП за 5Г мрежа во Србија“ (“STOP 5G mreži u Srbiji”).

 

Сепак, оваа “информација“ е целосно лажна. Според страницата Raskrikavanje.rs, кој ја проверил лажната вест, овие дрвја не биле уништени поради 5Г. Оваа фотографија е направена за време на реновирање на улица како дел од општинските градежни работи во градот Алексинац во Србија.

7 – ШТО Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР?

КЛУЧНИ ПОИМИ


Тоа е структуриран збир на претпоставки и аргументи, изманипулирани со цел да се храни приказна, идеологија или говор и да му се даде кохерентен и логичен аспект. Овој говор се обидува да прикаже постоење на мала група моќни луѓе кои тајно планираат незаконски и злобни активности што влијаат на текот на настаните.

 

Теоријата на заговор тврди дека нејзината цел е да открие “вистина“ и да реши “мистерија“. Всушност, тоа е честопати форма на оспорување на официјалниот говор и “системот“, говор “во контрадикција“, недоверба. Овие теории усвојуваат уникатно и едноставно гледиште (Доброто наспроти Злото) кое ја заборава комплексноста на светот.

 

Обично теориите на заговор се појавуваат по големи или дури трауматски настани (напад, несреќа, војна, епидемија, економска криза) со цел да им се даде едноставно и задоволително објаснување.

 

 

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ

 

Пример за теорија на заговор: распадот на Југославија

 

На Балканот кружат најразновидните гласини за да се објасни распаѓањето на Југославија во 1991 година. Така, во неколку земји, митот според кој ова распаѓање се должи на интервенцијата и волјата на странската моќ, е многу распространет. Некои ја обвинуваат ЦИА која би ја продолжила својата борба против социјалистичките режими на Балканот по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Други теории ја обвинуваат Германија или Ватикан, што наводно станале сојузници со католичката Хрватска од различни причини. Во овој случај, теоријата на заговор дозволува:

 

  • Да се објаснат настаните на поедноставен, разбирлив и прифатлив начин за секого.
  • Да ја претстави својата страна како жртва на светски и регионални настани, создавајќи на тој начин чувство на неправда и револт.
  • Да се ​​даде надворешно потекло на важни политички настани, со што се ослободува од сите форми на одговорности.

 

Всушност, според историчарите, како и кај повеќето политичко-историски настани од ваква големина, тоа е мешавина од повеќе причини, од кои повеќето се внатрешни: економската криза што ја погоди земјата уште од вториот нафтен шок од 1979 година, ривалствата меѓу републиките кои се влошија, итн.

8 – КАКО СЕ ШИРИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО МЕДИУМИТЕ?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Она што се нарекува говор на омраза е израз на омраза што може да има форма на реченица, текст, звук, слика или видео со кое се изразува отфрлање, омраза или страв од другиот, и што ќе ги навреди насочените луѓе, со што ќе се охрабри да развијат чувство на омраза.

 

Кога овој израз е направен во јавноста, тоа може да ги натера сведоците на овој говор, да чувствуваат омраза кон едните или другите, да изберат страна, а понекогаш и да поттикнат повторно изразување на омраза со слично ниво на насилство или влошено поради ефект на толпа. Ова се нарекува поттикнување на омраза.

 

Обично, онлајн говорите на омраза го стигматизираат потеклото, бојата на кожата, полот, сексуалната ориентација, верската припадност или погледот кон светот на едно малцинство, со цел да се генерира непријателство и дискриминација околу него. Интернетот и социјалните мрежи придонесуваат за масовно ширење на овие говори на омраза преку отсуство на директна конфронтација (виртуелен свет). Покрај тоа, онлајн содржините на омраза добиваат поголемо внимание и се шират повеќе.

 

Основани врз предрасуди, страв и лажни верувања, овие содржини, заедно со отсуството на критичкото размислување, доведуваат до сè понасилни говори, истакнувајќи постоење на заедница на жртвеното јагне, одговорна и виновна, а потоа хранејќи ги амалгамите и чувството на параноја. Лажните информации што кружат на социјалните мрежи играат голема улога во ширењето на овие говори со омраза и насилство.

 


КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ

 

Во 2019 година, во Босна и Херцеговина, скоро сите медиуми преземена гласина која кружи на социјалните мрежи : “„Мигранти, наводно, нападнале малолетник во близина на станицата во Сараево“.Сепак, истрагата на Сараевската полиција покажа дека гласината била манипулација со информации од страна на злонамерни лица, со цел поттикнување на омраза кон мигрантската заедница присутна во земјата. Одредени луѓе, почнувајќи од таткото на жртвата, рекоа дека нападот го извршиле мигранти, иако им било невозможно да знаат за тоа, со што се проширила гласината.

 

Овој лажен говор на омраза прв пат се појави кога една од најпосетуваните веб-страници во земјата, Klix.ba, најави за наводниот напад на 17-годишен млад човек во Сараево од страна на мигранти. Оваа најава беше илустрирана со фотографија на која се гледа претепана личност во мрачен премин. Сепак, по истрагата, полицијата не само што утврдила дека нападот не го извршиле “мигранти“, туку дека не се случило ниту на местото кое веб-страницата првично го навела, во близина на железничката станица.

 

Оваа стигматизација на мигрантите преку лажни вести е честа појава на Балканот и може да се најде во весниците, како и на социјалните медиуми.

9 – ШТО Е ПРОВЕРКАТА НА ФАКТИТЕ (FACT-CHECKING)?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Проверката на фактите (fact-checking) е техника која се состои од тоа да се профери во вистинско време, или многу брзо, веродостојноста на фактите и точноста на бројките и информациите претставени во медиумите од страна на политичарите или јавни личности и од експертите.

 

Проверката на фактите овозможува, исто така, да се процени нивото на објективност на медиумите при нивниот третман на информациите. Стана широко распространета практика во последниве години за борба против ширењето на лажните вести.

 

Проверката на фактите е од суштинско значење пред развојот на дигиталните технологии и социјалните мрежи од две причини: прво, станува сè полесно да се манипулира со информации или слика, а потоа станува и многу лесно да се дистрибуираат во голема мерка со социјалните мрежи (секоја минута, 350.000 твитови се објавуваат на Твитер).

 

Иако проверката на фактите е добра алатка за да помогне да се препознае вистинито од лажното, исто така не е невозможно новинарите што ја проверуваат информацијата да згрешат или не можат точно да проверат одредени информации. И тука, ќе мора да се поттикне претпазливост и да се одржува критичко размислување, знаејќи кога да му се има доверба во проверувачот на фактите во медиумите и кога некое прашање заслужува да се третира со оддалеченост.

 

 

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ


Во повеќето земји во светот, одредени медиуми или организации се специјализирани за проверка на фактите, понекогаш со специјализации (меѓународни прашања, наука, животна средина, итн.). Балканскиот регион има неколку организации за проверка на фактите:

Босна и Херцеговина : Raskrinkavanje.ba

Црна Гора : Raskrinkavanje.me

Северна Македонија : Metamorphosis Foundation

Србија : Istinomer

Албанија : https://faktoje.al/

 

Треба да се напомене дека некои организации ги засилија своите истраги и нивната соработка во контекст на бранот лажни вести што се проширија за време на пандемијата Ковид-19. На пример, Фејсбук започна програма за “проверка на фактите и борба против дезинформација“ со 70 овластени организации за проверка на фактите ширум светот. Написите идентификувани како лажни, Фејсбук ги префрлува на дното на вестите. Оваа техника ги намалува во просек за повеќе од 80% идните посети на лажните вести.

СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да одредам што е тоа теорија за заговор
  • Знам да препознаам граѓански медиум
  • Ги знам решенијата за борба против заговорот

 


ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : По што се разликува граѓанскиот од традиционалниот медиум ?

  • A : по опфатените теми
  • B : по присуството на професионални новинари
  • C : по начините на објавување на информацијата
  • D : по користењето хумор

 

П2 : Кој од овие предлози не ги дефинира теориите на заговор

  • A : расказ кој истакнува група на луѓе кои дејствуваат во сенка
  • B : теоретски говор кој се чини “логичен“ и кохерентен
  • C : историска и научна постапка основана на проверени информации
  • D : целина сочинета од изманипулирани претпоставки и аргументи

 

П3 : Говорите на омраза можат да се зголемат со

  • A :лажни информации
  • B : предрасуди и стереотипи
  • C : образование
  • D :страв и отфрлање на другиот

 

П4 : Во кои форми граѓанските медиуми можат да се најдат ?

  • A : телевизиски канали
  • B : блогови
  • C : весници
  • D : Фејсбук/Твитер( Facebook/Twitter) групи

 

П5 : Кои се последиците од теориите на заговор ?

  • A : тие потикнуваат говори на омраза
  • B : тие затвораат во логика на недоверба и на лажно верување
  • C : тие создаваат придружување кон недокажани теории
  • D : тие ја обелоденуваат вистината

 

П6 : Како ефикасно да се бори против заговорот ?

  • A : со регулирање и ограничување на содржините со омраза и на лажните информации
  • B : со забрана на социјалните мрежи
  • C : со подбивање на заговорниците
  • D : со развивање на критичкото размислување кај граѓаните

 

П7 : Што е дигиталното граѓанство ?

  • A : припадност на виртуелна земја
  • B : начинот на кој интернет корисниците се однесуваат и меѓусебно реагираат онлајн
  • C : покажување добронамерност и почитување на добрите практики на интернет
  • D : онлајн лична карта

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : A B C
  • П2 : C
  • П3 : A B D
  • П4 : B D
  • П5 : A B C
  • П6 : A D
  • П7 : B C

СЕСИЈА 4 – ПРЕГЛЕД НА РАЗЛИЧНИТЕ МЕДИУМИ

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да ги препознавам разните форми на информации
  • Знам кое место ја зазема сликата во објавувањето на “лажна вест“
  • Знам да одредам што претставува мит

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Од која компанија YouTube беше откупен во 2006 ?

  • A : Мајкрософт (Microsoft)
  • B : Кока Кола (CocaCola)
  • C : И-беј (Ebay)
  • D : Гугл (Google)

 

П2 : Која од овие техники не е сликовна/видео манипулација

  • A : Лажирање или фото-монтажа
  • B : Лажно сведочење
  • C : Вадење од контекст
  • D : Дипфејк (“Deepfake”)

 

П3 : Кои типови на содржини, генерално, се наоѓаат на Јутјуб (Youtube) ?

  • A : информации проверени од новинари
  • B : видеа со забавни содржини
  • C : авторски филмови
  • D : телевизиски канали во живо

 

П4 : Колку часа дневно, во просек, еден човек поминува пред екрани (во светот) ?

  • A : 1 час 38 минути
  • B : 3 часа 26 минути
  • C : 6 часа 42 минути
  • D : 9 часа 14 минути

 

П5 : Кинематографија може да се смета за:

  • A : Медиум сам по себе
  • B : Средство за уметничко изразување
  • C : Социјална мрежа
  • D : Канал за јавно информирање

 

П6 : Што е тоа што ја прави сликата толку користена во лажните вести (“infox“)?

  • A : нејзината леснотија за објавување
  • B : нејзината симболична моќ
  • C : тоа е единствениот начин за произведување на лажните вести (“infox“)
  • D : Лесно може да се манипулира со нив

 

П7 : Што е тоа мит ?

  • A : гласина која кружи одамна
  • B : веродостоен и проверен историски факт
  • C : измислена контрукција која има политичка /социјална функција
  • D : научен и рационален тип на говор

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : D
  • П2 : B
  • П3 : B D
  • П4 : B
  • П5 : C
  • П6 : A B D
  • П7 : C

СЕСИЈА 3 – ИНФОРМАЦИЈА И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да покажам критичко размислување
  • Го разбрав новинарскиот пристап кој се состои особено во проверка на информации
  • Ја увидов потребата од проверка на своите извори
  • Го сфатив поимот”лажна вест” (“infox“) и неговата придобивка во медиумската писменост
  • Знам да ги избегнам стапиците од дезинформацијата
  • Ги знам разните постапки за “проверка на фактите“( “fact checking”)

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Да се покаже “критичко размислување“ значи :

  • A : Да се критикуваат новинарите кои не ги почитуваат етичките правила на професијата.
  • B : Да не им се верува на информациите кои кружат во традиционалните медиуми
  • C : Да не им се верува на информациите кои кружат на интернет и на социјалните мрежи
  • D : Да се биде способен самостојно, рационално и совесно да се расудува кон една информација, сепак земајќи ги предвид истовремено и намерите на авторот.

 

П2 : Правилните постапки што треба да се направат пред одредена информација се :

  • A : Да се проверат изворите, да се одвојат вистинските факти од интерпретацијата на настаните, да се споредат интерпретациите, и да се поредат хронолошки давајќи предност на оние кои се потпираат на искуство и истражување, во однос на оние кои се потпираат само на претпоставки и верувања.
  • B : Да се проверат своите извори, да се анализираат толкувањата, да се дадат на потврдување на трето лице, да се направи обид да се разбере што се крие зад таа информација, да им се даде предност на толкувањата кои се потпираат на претпоставки и верувања.
  • C : Да се проверат своите извори, да се направи истражување за авторото, за бројот. на напишаните статии на дадената тема, бројот на корисници кои го следат на мрежите пред да се одобри неговата претпоставка.
  • D : Да се има сомнеж кон нејзината веродостојност и кон намерите на авторот, иако тој се потпира на искуство и истражување.

 

П3 : За да потврди еден извор, треба само :

  • A : Да се осигура дека не потекнува од социјалните мрежи.
  • B : Да се дознае авторот на информацијата и да му се верува.
  • C : Да се пронајде почетната точка на информацијата, да се провери дека навистина станува збор за лице или структура стручна за предметната тема, потоа да се вкрсти.
  • D : Да се осигура дека е објавена на традиционалните мрежи.

 

П4 : Поимите “лажна вест” (“infox“) , лажна информација или fake news опишуваат информации:

  • A : Кои не соодвествуваат на општите верувања на граѓаните и кои прават проблем во јаваната дебата.
  • B : Измонтирани, излажирани или извртени, намерно објавени од индивидуи, сẻ со цел да се манипулира со граѓаните.
  • C : Кои не можат да бидат проверени и покрај нивната веродостојност.
  • D : Кои се објавени со голема брзина од страна на интернет корисници.

 

П5 : За да се избегнат стапиците од дезинформацијата потребно е :

  • A : Да се остават сите видови на информации да кружат и да им се овозможи на младите да го изострат својот критички дух.
  • B : Да станат поодговорни платформите и ,,Интернет-гиганти”
  • C : Да се ограничи слободата на изразување на интернет и работата на новинарите
  • D : Да се подготви населението за соочување, и тоа сẻ почесто, со лажните информации предлагајќи обуки за медиумска писменост.

 

П6 : Ако, благодарение на проверката на факти (fact checking), медиумите се борат против кружењето на лажни информации, треба да се остане претпазлив бидејќи :

  • A : Некои прашања не можат да се решат со едноставна проверка на факти, како што се политички прашања, прашања за мислења или од морален каратер.
  • B : Медиумите можат преку ова дејствие да објавуваат други лажни вести (fake news)
  • C : Новинарите не се во можност да ги проверуваат сите информации.
  • Медиумите се секогаш потикнати од финасиски цели кои нужно влијаат на нивната проценка.

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : D
  • П2 : A
  • П3 : C
  • П4 : B
  • П5 : B, D
  • П6 : A

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да ги разликувам традиционалните медиуми од новите медиуми
  • Разбрав како социјалните медиуми го трансформираат медиумскиот пејсаж
  • Ги сфатив ризиците и можностите на “граѓанското новинарство“ и употребата на интернетот од страна на младите
  • Свесен сум за влијанието од алгоритмите врз нашиот начин на сурфање на инетрнет
  • Научив како функционираат “меурчињата за филтрирање“ и знам да применам начини за сурфање за да им се спротивставам.

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Меѓу традиционалните медиуми се вбројуваат :

  • A : Фејсбук, Инстаграм, Тикток
  • B : Телевизијата
  • C : Твитер
  • D : Радиото

 

П2 : Социјалните мрежи се разликуваат од традиционалните медиуми со :

  • A : Логиката на соработка која ги дефинира
  • B : Сериозноста и професионализмот на своите корисници
  • C : Интерактивниот карактер на своето функционирање
  • D : Нивната способност да емитуваат квалитетна информација на што поголем број на луѓе.

 

П3 : Поимот “граѓанско новинарство” подразбира :

  • A :Пракса која од секој корисник на социјалните мрежи прави произведувач на моќна информација.
  • B : Одговорноста која ја покажуваат корисниците на социјалните мрежи во секакви околности.
  • C : Важноста на обуката на новинарите за поимите на слободното изразување и слободата на печатот.
  • D : Новинарската обука која се доставува до секој корисник на социјалните мрежи.

 

П4 : Веб-гигантите ги користат алгоритмите за :

  • A : Понуда на содржина најпогодна за секој корисник
  • B : Пребројување на бројот на кликнувања, допаѓања и купувања направени од користиниците
  • C : Проверка на информациите кои кружат по социјалните мрежи
  • D : Влијаење врз однесувањето на корисниците за комерцијални цели

 

П5 : Кога еден корисник ќе се најде во меурчињата за филтрирање“ тоа значи :

  • A : Може да има пристап до голем број филтри за да ги подобри своите фотографии и видеа
  • B : Дека посетува само страници со “лажни вести“
  • C : Дека има пристап само на еден тип на информации заради алгоритмите поставени од страна веб-гигантите
  • D : Дека поминува премногу време на интернет

 

П6 : Првичното ветување на инетрент било :

  • A : Да им понуди на користиниците пристап до персонализирана содржина
  • B : Да ја промовира еманципацијата и слободата на своите корисници
  • C : Да им овозможи на интернет- корисниците пристап до нови потрошувачки производи преку реклами.
  • D : Да ги изолира корисниците и да им го тестира критичкото размислување

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

  • П1 : B, D
  • П2 : A, C
  • П3 : D
  • П4 : A
  • П5 : C
  • П6 : B

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам што е информација и медиум
  • Знам да ги цитирам главните медиуми во мојата земја
  • Познат ми е процесот до информацијата
  • Познати ми се поимите “слобода на изразување” и “Слобода на печат”, како и нивната улога во едно демократско општество
  • Познати ми се главните етички принципи на новинарството
  • Ја разбирам улогата на новинарите во едно демократско општество

 

 


ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Од кога датира појавата на интернетот и новите медиуми?

  • A : Седумдесетите години?
  • B : Осумдесетите години?
  • C : Деведесетите години?
  • D : Двеилјадите години?

 

П2 : Во демократските општества, медиумите претставуваат :

  • A : Пропагандна алатка за манипулирање со масите
  • B :Спротивставена моќ
  • C : Начин за проширување на дебатни идеи меѓу популацијата
  • D : Двигатор за комуникација на политичките програми за време на избори

 

П3 : Кој(и) критериум(и) овозможува(ат) оквалификување на информациите во новинарска смисла ?

  • A : Предметниот настан мора да се случил пред помалку од една недела
  • B : Настанот треба да биде пренесен од најмалку 4 медиуми
  • C : Предметниот настан треба да биде проверен и проверлив
  • D : Предметниот настан не мора да биде од јавен интерес

 

П4 : Правото на слобода на изразување им овозможува на новинарите :

  • A : Слободно да се изразуваат за она што го мислат
  • B : Да водат истрага за политички лидери
  • C : Да шират информации на социјалните мрежи
  • D : Да објавуваат содржини кои поттикнуваат дискриминација на една група заради нејзина верска определба

 

П5 : Меѓу етичките правила што новинарите мора да ги почитуваат, се наоѓаат:

  • A : Правото за промена на одредени документи или пренасочување на слики за да се пренесе одредена порака
  • B : Обврска да се биде критичен, точен и со интегритет
  • C : Право на работа во јавна служба, институција или приватна компанија
  • D : Право да исправи секоја објавена информација која би се покажала како неточна

 

П6 : Невладината Организација која стои зад годишниот извештај за рангирање за слобода на печатот во светот е :

  • A : УНЕСКО
  • B : Црвениот Крст
  • C : Репортери без Граници
  • D : Лекари без Граници

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : B
  • П2 : B, C, D
  • П3 : C
  • П4 : A, B, C
  • П5 : B, D
  • П6 : C

ЛИСТ БР. 17 (ПРИЛОГ) – ПРИРАЧНИК ЗА АПЛИКАЦИЈАТА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ

 

Цел 1: Обучувачот е во можност да им помогне на младите во создавањето на онлајн списание

Цел 2 : Обучувачот ги разбрал функционирањето и спецификите на апликацијата Мадмагз (Madmagz)

Цел 3 : Обучувачот успева да ги води младите во сосдавањето на списанието преку промовирање на соработката благодарение на споделувањето на врските и распределбата на улогите на секоја личност според хиерархискиот систем на страницата (главен и одгорорен уредник, уредници, редактори)

 

 

СОЗДАВАЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦА БЛАГОДАРЕНИЕ НА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

 

1 – Идентификувајте се (преку Фејсбук, Гугл или вашиот профил на Мадмагз)

2 – Избирете го моделот што најдобро одговара на вашиот уреднички проект; Со цел да се избере најдобриот модел, прегледајте ги понудените модели

3 – Именувајте го вашето списание давајќи му наслов, број и тема

4 – Ако сакате тимски да го дизајнирате вашето списание, доделете им ги улогите на секој член на проектот. Можни се различни улоги, со повеќе или помалку обемни права: “главниот и одговорен уредник“, “уредникот“, “редакторот“.

5 – Додадете ги страниците на вашето списание (минимум 4 страници); За време на овој чекор, одберете ги насловите на страниците според уредничкиот план на вашиот проект (корица, резиме, едиторијал, статии)

6 – Интегрирајте ги различните видови на содржини на соодветните страници (текстови, линкови, слики, видеа, подкасти)

7 – Објавете го вашето списание (неповратно дејство); Можно е да направите уште еден преглед на интернет или да преземете пдф пред да ја потврдите финалната верзија на списанието.

8. Споделете го вашиот весник преку посебен интернет-линк, преку е-пошта или на социјалните мрежи!

 

 

УРЕДУВАЊЕ И ВГРАДУВАЊЕ НА ВАШАТА СОДРЖИНА

За да го уредите вашето списание, одете во рубриките на левата страна од екранот што содржат различни категории на страници: корица, резиме, едиторијал, статија …). Секоја од овие категории ви дава широк спектар на избор за уредување.

 

Ваше е да изверете кој сакате да го користите и кој е најсоодветен за вашата содржина!

 

За да се избере дизајн, едноставно изберете го, а потоа потврдете го. За време на создавањето на вашето списание, ќе можете да додавате или бришете страници благодарение на фолдерот “преглед“ формиран од квадрат со точки, кој ви овозможува да ги видите сите страници на списанието. Потоа, треба само да селектирате копче + или – за да додадете или избришете страница.

 

За да се измени страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Фолдерите во форма на стрелка ви овозможуваат да ги преместувате страниците.

 

За да се уреди страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Така, можете да ги прилагодите различните елементи на вашата страница: на пример, насловот, текстот или фотографиите.

 

Кликнете на полето што сакате да го измените (наслов или текст) за да ви се појават алатките за модификација (болдирање, закосено, подвлекување, порамнување…) над страницата. Можете исто така да зумирате или одзумирате за да ја прилагодите страницата според вашиот вид.

 

Внимание: полињата за текст не се проширливи. Затоа, не треба да внесувате премногу текст, инаку истиот може да биде пресечен.

 

За промена / додавање на фотографија, кликнете на неа. Имате две опции: можете да изберете слика од вашиот компјутер или да превземете една од интернет (со копирање, а потоа лепење на интернет линк на фотографијата во левата рамка), потоа да ја потврдите.

 

Откако ќе се додаде фотографијата, можете да ја уредите. Пиктограмите под сликата ви покажуваат дали квалитетот на сликата дозволува објавување на интернет и / или во печатна форма. За подобар резултат, фокусирајте се на слики со доволен квалитет и големина. Ако сакате, можете да додадете друга слика со подобар квалитет со кликнување на “промена на слика“ и потоа да потврдите.

 

 

СОРАБОТКА : ТЕОРИЈА

Да откриеме заедно како функционира една опција која е многу популарна кај нашите корисници: соработката. Навистина, создавањето училишен весник со Мадмагз (Madmagz) ви обозможува да го сторите тоа со повеќе луѓе. За ова, секој има своја улога со различни одговорности.

 

Главен и одговорен уредник:

  • Тој е одговорен за создавањето на списанието од неговиот профил
  • Тој е единствениот што може да го објави списанието
  • Тој може да покани уредници и редакторите, но и да отстрани соработници. Бидете внимателни, доколку тој отстрани еден уредник, подредените редактори автоматски ќе бидат отстранети од соработката, како и нивните страници!
  • Тој може да додава страници, да ги менува, но исто така да ги менува или брише страниците на неговите соработници.

 

Впрочем, тој може да покани други луѓе да соработуваат на неговото списание, две категории луѓе на две различни нивоа: главните уредници и основните уредници испраќајќи им специфични линкови за соработка.

 

Уредник :

  • Тој може да креира страници
  • Тој може да покани соработници (редактори)
  • Тој може да ги измени и избрише страниците на неговите соработници
  • Тој може да ги испрати своите страници и страниците на неговите соработници до уредникот, за да истиот може да ги вгради, или не, во списанието.

 

Редактор:

  • Тој може да биде поканет од уредникот или од самиот главен и одговорен уредник
  • Тој може да додава и менува страници што може да ги испрати до уредникот или до главниот и одговорен уредник, доколку бил додаден од страна на истиот.

 

Всушност, станува збор за хиерархиска структура.

 

На истиот начин, редакторите ги испраќаат своите страници до уредниците кои ги испраќаат до главниот и одговорен уредник за потврда. Доколку уредникот не е задоволен, тој може да ги врати до редакторот. Доколку главниот и одговорен уредник испратил линк за соработка директно до редакторот, истиот може директно да ги испрати своите страници до него.

 

Кога главниот и одговорен уредник е задоволен, ги проверил и потврдил сите страници, тој може да ги додаде во списанието.

 

 

ПРАКТИЧНА СОРАБОТКА

Преку овие неколку минути објаснувања и демонстрации, ќе можете да ги поделите улогите на уредниците и главните уредници на различните соработници на списанието. Како што видовме претходно, соработниците можат да имаат повеќе улоги и функции: главен и одговорен уредник, уредник или редактор.

 

Главниот и одговорен уредник може да покани неограничен број на соработници во списанието. Тие можат да ги креираат своите страници и да ги испраќаат до другите соработници.

 

За да се поканат соработници, можете да споделите еден од линковите за соработка што ви се дадени на почетокот на создавањето на вашето списание. За да го направите ова, едноставно кликнете на фолдерот “Поканувам соработници”.

 

(За да поканите соработници, можете, исто такам да ги поканите и за време на издавањето, благодарение на еден пиктограм во прегледот на списанието, ќе се навратиме на тоа).

 

Правила на соработката:

 

  • Соработниците што ќе ги поканите ќе имаат пристап до нивниот сопствен простор за создавање страници што ќе можат да ви ги испратат за проверка и кои ќе можете да им ги вратите назад за измена
  • Штом сите страници се собрани, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието
  • Исто така е можно да се создаде посредничка улога, уредник, за да се создаде под-тимови.

 

Во овој случај, вие сте сопственик. Треба да кликнете на фолдерот “Разбрав”, потоа ќе ви биде понудено да управувате со вашите соработници.

 

На оваа страница можете:

  • Испратете линк за соработка до уредникот или до редакторот и копирајте ги прикажаните линкови, потоа да им ги испратите
  • Кога имате соработници, можете да им испратите страници или да го избришете соработникот користејќи ја иконата со стрелка и корпа.

 

Сега да се ставиме на местото на уредникот кој го добива линкот. Тој мора да го пополни своето име и да кликне на “соработува“.

 

На неговиот простор, уредникот:

  • нема пристап до списанието како целина
  • Може да создава страници со моделот дизајниран од главниот и одговорен уредник и да му ги испрати
  • Откако страницата ќе биде испратена до главниот и одговорен уредник, таа ќе исчезне од интерфејсот за најава на уредникот.

 

Како главен и одговорен уредник, ги добивате страниците и можете да ги консултирате, да ги менувате, бришете или повторно да ги испратите во случај на измена.

 

За повторно испраќање, едноставно изберете ја страницата и кликнете на копчето за испраќање на страницата. Откако ќе се испрати повторно, страницата веќе не се појавува во просторот на главниот и одговорен уредник, туку во просторот на уредникот, кој може да ја измени и потоа повторно да ја испрати.

 

За да управувате со списокот на соработници, кликнете на иконата што претставува три лица.

 

Уредникот исто така може да покани соработници и да управува со нив со кликнување на иконата од долниот лев агол на интерфејсот (над копчето пауза). Единствената разлика е во тоа што уредникот може да испраќа линкови за соработка до редакторите.

 

Редакторите ќе пристигне на почетната страница каде ќе му биде побарано неговото име, потоа ќе има пристап до неговиот простор и ќе може да изработува страници на ист начин како што е објаснето погоре. Тој ќе мора да ги испрати своите страници до лицето кое го поканило директно за потврда или корекција.

 

Откако ќе ги добие, провери, коригира и потврди сите страници, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието.

 

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО

Објавувањето на вашето списание конечно пристигна !

 

Откако списанието е завршено, можете да го објавите. Но, пред тоа, важно е да направите неколку проверки:

  • можете да генерирате преглед на интернет-верзија на вашето списание (иконата око)
  • или преземете во пдф – со висока дефиниција- прегледот на вашето списание (иконата листови)
  • тогаш можете да проверите дали текстот и сликите се правилно поставени, како и квалитетот на сликите.

 

Внимание:

  • Вкупниот број на страници мора да биде множител на 4, а минималниот број на страници мора да биде еднаков на 4. Ако не го почитувате едно од овие две правила, нема да можете да го објавите вашето списание.
  • Објавувањето на списанието е неповратно.

За објавување на списанието, мора да притиснете на “објавување“.

Пред да го објавите вашето списание, можете да го промените:

  • насловот
  • бројот

Останува само да притиснете на “објавување“.

 

Честитки, штотуку го создадовте вашето прво списание Мадмагз (Madmagz)!

 

Методи на објавување:

Премиум Списание:

  • Овој метод на дистрибуција ви овозможува да го споделите вашето списание преку е-пошта со линкот на веб-списанието, но исто така и на Фејсбук, Твитер или да го интегрирате на вашата страница или вашиот блог, благодарение на интеграцискиот код кој се менува според уредувањето кое го избравте и на големината на пиксели на вашето списание.
  • Штом вашето списание биде објавено, можете да додадете интеракции: линкови, видеа, звук, гифови, но исто така да управувате со доверливоста и да знаете колку пати е консултирано!

ПДФ :

  • Овој ПДФ е совршен за читање на екран, но со слаб квалитет на печатење. ПДФ-от е достапен веднаш по купувањето со кликнување на “преземање“.

Печатен ПДФ :

  • Ова е препорачаниот метод за дистрибуција ако сакате сами да го испечатите списанието. Можете да изберете помеѓу два вида печатење: домашно (на вашиот печатач) или професионално, на печатница (за подобар резултат).

 

 

ИНСПИРАЦИЈА И ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА

Скоро сте готови ! Ве покануваме да го посетите блогот на Мадмагз Еду (Madmagz Edu), каде што се наоѓаат многу примери на употреба од кои можете да добиете инспирација за создавање на вашето училишно списание.

 

Можете да најдете списанија што се создадени од страна на основци, средношколци, ученици како дел од одредени проекти во нивните училишта, на час или во групи.

 

Можете, исто така, да го доставите вашиот проект и да најдете едукативни активности создадени од Мадмагз (Madmagz).

 

Пример а употреба: Клас од 8-мо одд. се забавуваше да ја раскаже повторно приказната на Клетници во интерактивно и колаборативно списание, фокусирано на оваа тема и на животот на авторот, Виктор Иго. Учениците додадоа звук, видеа (кога ставате видеа на вашето списание, можете да ги прочитате во формат „читач“). Тие исто така ставиле линк кон страницата на нивното училиште.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСУРСИ

 

https://madmagz.com/страница Мадмагз (Madmagz)

https://madmagz.com/faqЧесто поставувани прашања