БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
TALMIL

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)

    58од 180

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)

    28.34

  • Медиумска писменост (рангирање во Европа)

    34од 35

  • Медиумска писменост (скор)

    19од 100

  • Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)

    18од 40

Медиумски пејсаж

Медиумскиот систем на Босна и Херцеговина е комплексен, во строг причинско-последичен однос со комплицираниот систем на државно уредување. За разлика од другите држави во Западен Балкан, Босна и Херцеговина има три јавни сервиси: Два ентитетски јавни радиофузери – РТФБИХ (Радио-телевизија на Федерацијата на Босна и Херцеговина), РТРС (Телевизија на Република Српска) и еден радиодифузер на државно ниво – БХРТ (Босанско-Херцеговска Радио Телевизија). Ентитетските радиодифузери имаат големи неплатени долгови кон државниот радиодифузер (1), чие функционирање се соочува со голема опасност. Странските новински агенции и локалните партнери на меѓународни медиуми се средство преку кое странски влади и финансиери можат да досегнат до јавното мислење во БиХ и да влијаат врз него (2). Во исто време, постои големо влијание на медиумите што доаѓаат од земјите во заедничкото јазично и говорно подрачје, првенствено таблоидните медиуми од Србија (3). Најздрав дел од медиумскиот сектор се онлајн медиумите што се занимаваат со истражувачко и аналитичко новинарство (БИРН БиХ, ЦИН, Истиномјер, Раскринкавање), затоа што тие се најмалку изложени на притисокот на клиентилизмот и етно-националните поделби.

Новинари

Според извештаите на Фридом Хаус и Репортери без граници, позицијата на новинарите во Босна и Херцеговина е крајно неповолна: Новинарите се соочуваат со политички притисоци, како и вознемирување, закани и напади (4). Тие се цел на напади поради нивното етничко потекло како поради тоа што го пишуваат, а тужбите за клевета од политичарите често служат како средство за застрашување на новинарите за да се откажат од вршењето на својата работа (5). Според здружението БХ Новинари, годишно се бележат околу 20 случаи на напади и закани врз новинари (6).


Публика и медиумска писменост

Според извештајот на Институтот отворено општество (Софија), Босна и Херцеговина е рангирана на 34-то место од 35 европски земји според нивото на медиумска писменост. (7). Резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведно од ИПСОС (8) покажуваат остра поларизација на босанско-херцеговската јавност во поглед на нивната доверба во медиумите – сумирано, половина од испитаниците тврдат дека не им веруваат на медиумите, додека приближно ист број тврдат дека им веруваат на медиумите. Некои испитаници ги навеле медиумите кои претходни студии ги издвоиле како примери за модели за пропаганда и дезинформирање како медиуми во кои имаат најголема доверба.


Извори :

(1) Европска Комисија, (2) IREX, (3) Раскринкавање, (4) Freedom House, (5) Репортери без граници (RSF), (6) БХ Новинари, (7) Институт отворено општество (OSI), (8) IPSOS

медиуми


Национални медиуми

Национални медиуми

Истиномјер

„Истиномјер“ е иницијатива фокусирана на унапредување на одговорноста на политичките партии и јавните функционери. „Истиномјер“ ги оценува изјавите на функционерите од гледна точка на нивната конзистентност, вистинитост и исполнувањето на ветувањата што ги дале во јавните настапи.

Одете на страницата

Раскринкавање

„Раскринкавање“ e интернет страна за проверка на факти, што ја заснова својата работа на објективна, независна и детална верификација на информациите во медиумите. Таа ги следи вестите од Босна и Херцеговина и регионот ЗБ и, врз основа на сопствена методологија, ги проверува и оценува вестите чија веродостојност изгледа сомнителна. „Раскринкавање“ е полноправен член на Меѓународната мрежа за проверка на податоци (International Fact-Checking Network – IFCN).

Одете на страницата
Регионални медиуми

Регионални медиуми

Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)

Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.

Одете на страницата