TALMIL

6 – КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ Е ЛАЖИРАНА СЛИКА ?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Како и со методот за проверка на информација, треба да си ги поставите вистинските прашања за да идентификувате лажна слика.

 

1. Внимателно набљудувајте ја сликата : одредени манипулации или фотомонтажи лесно се забележуваат кога внимателно ќе погледнете. Одредени специфични елементи на сликата исто така можат да ви дадат важни информации за контекстот, датумот, местото итн.

 

2. Проверете ја природата на страницата каде што сте ја виделе сликата. Ако станува збор за социјална мрежа, проверете ја природата на акаунтот што ја споделил / дистрибуирал сликата.

 

3. Проверете го идентитетот на авторот или дистрибутерот на сликата (дали е тој новинар? Специјалист по темата за која разговара?). Запрашајте се за неговата цел, дали сака да нè информира или да нè манипулира?

 

4. Извршете обратно пребарување на сликата (користејќи Google Image) за да го пронајдете изворот на информацијата. На кој медиум за прв пат била објавена? Многу често на интернет, сликите се споделувани, дистрибуирани, а понекогаш и деформирани, деконтекстуализирани или протолкувани. Затоа е важно да откриете од каде потекнувала информацијата. Потоа погледнете го датумот на објавување на сликата. Во денешно време, една информација брзо застарува или честопати веќе биле негирани / проверени.

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ


Според оваа фотографија направена во градот Алексинац во Србија и објавена на групата Фејсбук на Здружени граѓани на Србија (Udruženi građani Srbije): “Дрвјата биле исечени поради 5Г“. Оваа фотографија исто така се појавила и на други групи во Србија, како што е Фејсбук групата „СТОП за 5Г мрежа во Србија“ (“STOP 5G mreži u Srbiji”).

 

Сепак, оваа “информација“ е целосно лажна. Според страницата Raskrikavanje.rs, кој ја проверил лажната вест, овие дрвја не биле уништени поради 5Г. Оваа фотографија е направена за време на реновирање на улица како дел од општинските градежни работи во градот Алексинац во Србија.