6 – КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ Е ЛАЖИРАНА СЛИКА ?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Како и со методот за проверка на информација, треба да си ги поставите вистинските прашања за да идентификувате лажна слика.

 

1. Внимателно набљудувајте ја сликата : одредени манипулации или фотомонтажи лесно се забележуваат кога внимателно ќе погледнете. Одредени специфични елементи на сликата исто така можат да ви дадат важни информации за контекстот, датумот, местото итн.

 

2. Проверете ја природата на страницата каде што сте ја виделе сликата. Ако станува збор за социјална мрежа, проверете ја природата на акаунтот што ја споделил / дистрибуирал сликата.

 

3. Проверете го идентитетот на авторот или дистрибутерот на сликата (дали е тој новинар? Специјалист по темата за која разговара?). Запрашајте се за неговата цел, дали сака да нè информира или да нè манипулира?

 

4. Извршете обратно пребарување на сликата (користејќи Google Image) за да го пронајдете изворот на информацијата. На кој медиум за прв пат била објавена? Многу често на интернет, сликите се споделувани, дистрибуирани, а понекогаш и деформирани, деконтекстуализирани или протолкувани. Затоа е важно да откриете од каде потекнувала информацијата. Потоа погледнете го датумот на објавување на сликата. Во денешно време, една информација брзо застарува или честопати веќе биле негирани / проверени.

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ


Според оваа фотографија направена во градот Алексинац во Србија и објавена на групата Фејсбук на Здружени граѓани на Србија (Udruženi građani Srbije): “Дрвјата биле исечени поради 5Г“. Оваа фотографија исто така се појавила и на други групи во Србија, како што е Фејсбук групата „СТОП за 5Г мрежа во Србија“ (“STOP 5G mreži u Srbiji”).

 

Сепак, оваа “информација“ е целосно лажна. Според страницата Raskrikavanje.rs, кој ја проверил лажната вест, овие дрвја не биле уништени поради 5Г. Оваа фотографија е направена за време на реновирање на улица како дел од општинските градежни работи во градот Алексинац во Србија.

7 – ШТО Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР?

КЛУЧНИ ПОИМИ


Тоа е структуриран збир на претпоставки и аргументи, изманипулирани со цел да се храни приказна, идеологија или говор и да му се даде кохерентен и логичен аспект. Овој говор се обидува да прикаже постоење на мала група моќни луѓе кои тајно планираат незаконски и злобни активности што влијаат на текот на настаните.

 

Теоријата на заговор тврди дека нејзината цел е да открие “вистина“ и да реши “мистерија“. Всушност, тоа е честопати форма на оспорување на официјалниот говор и “системот“, говор “во контрадикција“, недоверба. Овие теории усвојуваат уникатно и едноставно гледиште (Доброто наспроти Злото) кое ја заборава комплексноста на светот.

 

Обично теориите на заговор се појавуваат по големи или дури трауматски настани (напад, несреќа, војна, епидемија, економска криза) со цел да им се даде едноставно и задоволително објаснување.

 

 

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ

 

Пример за теорија на заговор: распадот на Југославија

 

На Балканот кружат најразновидните гласини за да се објасни распаѓањето на Југославија во 1991 година. Така, во неколку земји, митот според кој ова распаѓање се должи на интервенцијата и волјата на странската моќ, е многу распространет. Некои ја обвинуваат ЦИА која би ја продолжила својата борба против социјалистичките режими на Балканот по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Други теории ја обвинуваат Германија или Ватикан, што наводно станале сојузници со католичката Хрватска од различни причини. Во овој случај, теоријата на заговор дозволува:

 

  • Да се објаснат настаните на поедноставен, разбирлив и прифатлив начин за секого.
  • Да ја претстави својата страна како жртва на светски и регионални настани, создавајќи на тој начин чувство на неправда и револт.
  • Да се ​​даде надворешно потекло на важни политички настани, со што се ослободува од сите форми на одговорности.

 

Всушност, според историчарите, како и кај повеќето политичко-историски настани од ваква големина, тоа е мешавина од повеќе причини, од кои повеќето се внатрешни: економската криза што ја погоди земјата уште од вториот нафтен шок од 1979 година, ривалствата меѓу републиките кои се влошија, итн.

8 – КАКО СЕ ШИРИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО МЕДИУМИТЕ?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Она што се нарекува говор на омраза е израз на омраза што може да има форма на реченица, текст, звук, слика или видео со кое се изразува отфрлање, омраза или страв од другиот, и што ќе ги навреди насочените луѓе, со што ќе се охрабри да развијат чувство на омраза.

 

Кога овој израз е направен во јавноста, тоа може да ги натера сведоците на овој говор, да чувствуваат омраза кон едните или другите, да изберат страна, а понекогаш и да поттикнат повторно изразување на омраза со слично ниво на насилство или влошено поради ефект на толпа. Ова се нарекува поттикнување на омраза.

 

Обично, онлајн говорите на омраза го стигматизираат потеклото, бојата на кожата, полот, сексуалната ориентација, верската припадност или погледот кон светот на едно малцинство, со цел да се генерира непријателство и дискриминација околу него. Интернетот и социјалните мрежи придонесуваат за масовно ширење на овие говори на омраза преку отсуство на директна конфронтација (виртуелен свет). Покрај тоа, онлајн содржините на омраза добиваат поголемо внимание и се шират повеќе.

 

Основани врз предрасуди, страв и лажни верувања, овие содржини, заедно со отсуството на критичкото размислување, доведуваат до сè понасилни говори, истакнувајќи постоење на заедница на жртвеното јагне, одговорна и виновна, а потоа хранејќи ги амалгамите и чувството на параноја. Лажните информации што кружат на социјалните мрежи играат голема улога во ширењето на овие говори со омраза и насилство.

 


КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ

 

Во 2019 година, во Босна и Херцеговина, скоро сите медиуми преземена гласина која кружи на социјалните мрежи : “„Мигранти, наводно, нападнале малолетник во близина на станицата во Сараево“.Сепак, истрагата на Сараевската полиција покажа дека гласината била манипулација со информации од страна на злонамерни лица, со цел поттикнување на омраза кон мигрантската заедница присутна во земјата. Одредени луѓе, почнувајќи од таткото на жртвата, рекоа дека нападот го извршиле мигранти, иако им било невозможно да знаат за тоа, со што се проширила гласината.

 

Овој лажен говор на омраза прв пат се појави кога една од најпосетуваните веб-страници во земјата, Klix.ba, најави за наводниот напад на 17-годишен млад човек во Сараево од страна на мигранти. Оваа најава беше илустрирана со фотографија на која се гледа претепана личност во мрачен премин. Сепак, по истрагата, полицијата не само што утврдила дека нападот не го извршиле “мигранти“, туку дека не се случило ниту на местото кое веб-страницата првично го навела, во близина на железничката станица.

 

Оваа стигматизација на мигрантите преку лажни вести е честа појава на Балканот и може да се најде во весниците, како и на социјалните медиуми.

9 – ШТО Е ПРОВЕРКАТА НА ФАКТИТЕ (FACT-CHECKING)?

КЛУЧНИ ПОИМИ

 

Проверката на фактите (fact-checking) е техника која се состои од тоа да се профери во вистинско време, или многу брзо, веродостојноста на фактите и точноста на бројките и информациите претставени во медиумите од страна на политичарите или јавни личности и од експертите.

 

Проверката на фактите овозможува, исто така, да се процени нивото на објективност на медиумите при нивниот третман на информациите. Стана широко распространета практика во последниве години за борба против ширењето на лажните вести.

 

Проверката на фактите е од суштинско значење пред развојот на дигиталните технологии и социјалните мрежи од две причини: прво, станува сè полесно да се манипулира со информации или слика, а потоа станува и многу лесно да се дистрибуираат во голема мерка со социјалните мрежи (секоја минута, 350.000 твитови се објавуваат на Твитер).

 

Иако проверката на фактите е добра алатка за да помогне да се препознае вистинито од лажното, исто така не е невозможно новинарите што ја проверуваат информацијата да згрешат или не можат точно да проверат одредени информации. И тука, ќе мора да се поттикне претпазливост и да се одржува критичко размислување, знаејќи кога да му се има доверба во проверувачот на фактите во медиумите и кога некое прашање заслужува да се третира со оддалеченост.

 

 

КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ


Во повеќето земји во светот, одредени медиуми или организации се специјализирани за проверка на фактите, понекогаш со специјализации (меѓународни прашања, наука, животна средина, итн.). Балканскиот регион има неколку организации за проверка на фактите:

Босна и Херцеговина : Raskrinkavanje.ba

Црна Гора : Raskrinkavanje.me

Северна Македонија : Metamorphosis Foundation

Србија : Istinomer

Албанија : https://faktoje.al/

 

Треба да се напомене дека некои организации ги засилија своите истраги и нивната соработка во контекст на бранот лажни вести што се проширија за време на пандемијата Ковид-19. На пример, Фејсбук започна програма за “проверка на фактите и борба против дезинформација“ со 70 овластени организации за проверка на фактите ширум светот. Написите идентификувани како лажни, Фејсбук ги префрлува на дното на вестите. Оваа техника ги намалува во просек за повеќе од 80% идните посети на лажните вести.

СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да одредам што е тоа теорија за заговор
  • Знам да препознаам граѓански медиум
  • Ги знам решенијата за борба против заговорот

 


ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : По што се разликува граѓанскиот од традиционалниот медиум ?

  • A : по опфатените теми
  • B : по присуството на професионални новинари
  • C : по начините на објавување на информацијата
  • D : по користењето хумор

 

П2 : Кој од овие предлози не ги дефинира теориите на заговор

  • A : расказ кој истакнува група на луѓе кои дејствуваат во сенка
  • B : теоретски говор кој се чини “логичен“ и кохерентен
  • C : историска и научна постапка основана на проверени информации
  • D : целина сочинета од изманипулирани претпоставки и аргументи

 

П3 : Говорите на омраза можат да се зголемат со

  • A :лажни информации
  • B : предрасуди и стереотипи
  • C : образование
  • D :страв и отфрлање на другиот

 

П4 : Во кои форми граѓанските медиуми можат да се најдат ?

  • A : телевизиски канали
  • B : блогови
  • C : весници
  • D : Фејсбук/Твитер( Facebook/Twitter) групи

 

П5 : Кои се последиците од теориите на заговор ?

  • A : тие потикнуваат говори на омраза
  • B : тие затвораат во логика на недоверба и на лажно верување
  • C : тие создаваат придружување кон недокажани теории
  • D : тие ја обелоденуваат вистината

 

П6 : Како ефикасно да се бори против заговорот ?

  • A : со регулирање и ограничување на содржините со омраза и на лажните информации
  • B : со забрана на социјалните мрежи
  • C : со подбивање на заговорниците
  • D : со развивање на критичкото размислување кај граѓаните

 

П7 : Што е дигиталното граѓанство ?

  • A : припадност на виртуелна земја
  • B : начинот на кој интернет корисниците се однесуваат и меѓусебно реагираат онлајн
  • C : покажување добронамерност и почитување на добрите практики на интернет
  • D : онлајн лична карта

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : A B C
  • П2 : C
  • П3 : A B D
  • П4 : B D
  • П5 : A B C
  • П6 : A D
  • П7 : B C

СЕСИЈА 4 – ПРЕГЛЕД НА РАЗЛИЧНИТЕ МЕДИУМИ

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да ги препознавам разните форми на информации
  • Знам кое место ја зазема сликата во објавувањето на “лажна вест“
  • Знам да одредам што претставува мит

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Од која компанија YouTube беше откупен во 2006 ?

  • A : Мајкрософт (Microsoft)
  • B : Кока Кола (CocaCola)
  • C : И-беј (Ebay)
  • D : Гугл (Google)

 

П2 : Која од овие техники не е сликовна/видео манипулација

  • A : Лажирање или фото-монтажа
  • B : Лажно сведочење
  • C : Вадење од контекст
  • D : Дипфејк (“Deepfake”)

 

П3 : Кои типови на содржини, генерално, се наоѓаат на Јутјуб (Youtube) ?

  • A : информации проверени од новинари
  • B : видеа со забавни содржини
  • C : авторски филмови
  • D : телевизиски канали во живо

 

П4 : Колку часа дневно, во просек, еден човек поминува пред екрани (во светот) ?

  • A : 1 час 38 минути
  • B : 3 часа 26 минути
  • C : 6 часа 42 минути
  • D : 9 часа 14 минути

 

П5 : Кинематографија може да се смета за:

  • A : Медиум сам по себе
  • B : Средство за уметничко изразување
  • C : Социјална мрежа
  • D : Канал за јавно информирање

 

П6 : Што е тоа што ја прави сликата толку користена во лажните вести (“infox“)?

  • A : нејзината леснотија за објавување
  • B : нејзината симболична моќ
  • C : тоа е единствениот начин за произведување на лажните вести (“infox“)
  • D : Лесно може да се манипулира со нив

 

П7 : Што е тоа мит ?

  • A : гласина која кружи одамна
  • B : веродостоен и проверен историски факт
  • C : измислена контрукција која има политичка /социјална функција
  • D : научен и рационален тип на говор

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : D
  • П2 : B
  • П3 : B D
  • П4 : B
  • П5 : C
  • П6 : A B D
  • П7 : C

СЕСИЈА 3 – ИНФОРМАЦИЈА И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да покажам критичко размислување
  • Го разбрав новинарскиот пристап кој се состои особено во проверка на информации
  • Ја увидов потребата од проверка на своите извори
  • Го сфатив поимот”лажна вест” (“infox“) и неговата придобивка во медиумската писменост
  • Знам да ги избегнам стапиците од дезинформацијата
  • Ги знам разните постапки за “проверка на фактите“( “fact checking”)

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Да се покаже “критичко размислување“ значи :

  • A : Да се критикуваат новинарите кои не ги почитуваат етичките правила на професијата.
  • B : Да не им се верува на информациите кои кружат во традиционалните медиуми
  • C : Да не им се верува на информациите кои кружат на интернет и на социјалните мрежи
  • D : Да се биде способен самостојно, рационално и совесно да се расудува кон една информација, сепак земајќи ги предвид истовремено и намерите на авторот.

 

П2 : Правилните постапки што треба да се направат пред одредена информација се :

  • A : Да се проверат изворите, да се одвојат вистинските факти од интерпретацијата на настаните, да се споредат интерпретациите, и да се поредат хронолошки давајќи предност на оние кои се потпираат на искуство и истражување, во однос на оние кои се потпираат само на претпоставки и верувања.
  • B : Да се проверат своите извори, да се анализираат толкувањата, да се дадат на потврдување на трето лице, да се направи обид да се разбере што се крие зад таа информација, да им се даде предност на толкувањата кои се потпираат на претпоставки и верувања.
  • C : Да се проверат своите извори, да се направи истражување за авторото, за бројот. на напишаните статии на дадената тема, бројот на корисници кои го следат на мрежите пред да се одобри неговата претпоставка.
  • D : Да се има сомнеж кон нејзината веродостојност и кон намерите на авторот, иако тој се потпира на искуство и истражување.

 

П3 : За да потврди еден извор, треба само :

  • A : Да се осигура дека не потекнува од социјалните мрежи.
  • B : Да се дознае авторот на информацијата и да му се верува.
  • C : Да се пронајде почетната точка на информацијата, да се провери дека навистина станува збор за лице или структура стручна за предметната тема, потоа да се вкрсти.
  • D : Да се осигура дека е објавена на традиционалните мрежи.

 

П4 : Поимите “лажна вест” (“infox“) , лажна информација или fake news опишуваат информации:

  • A : Кои не соодвествуваат на општите верувања на граѓаните и кои прават проблем во јаваната дебата.
  • B : Измонтирани, излажирани или извртени, намерно објавени од индивидуи, сẻ со цел да се манипулира со граѓаните.
  • C : Кои не можат да бидат проверени и покрај нивната веродостојност.
  • D : Кои се објавени со голема брзина од страна на интернет корисници.

 

П5 : За да се избегнат стапиците од дезинформацијата потребно е :

  • A : Да се остават сите видови на информации да кружат и да им се овозможи на младите да го изострат својот критички дух.
  • B : Да станат поодговорни платформите и ,,Интернет-гиганти”
  • C : Да се ограничи слободата на изразување на интернет и работата на новинарите
  • D : Да се подготви населението за соочување, и тоа сẻ почесто, со лажните информации предлагајќи обуки за медиумска писменост.

 

П6 : Ако, благодарение на проверката на факти (fact checking), медиумите се борат против кружењето на лажни информации, треба да се остане претпазлив бидејќи :

  • A : Некои прашања не можат да се решат со едноставна проверка на факти, како што се политички прашања, прашања за мислења или од морален каратер.
  • B : Медиумите можат преку ова дејствие да објавуваат други лажни вести (fake news)
  • C : Новинарите не се во можност да ги проверуваат сите информации.
  • Медиумите се секогаш потикнати од финасиски цели кои нужно влијаат на нивната проценка.

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : D
  • П2 : A
  • П3 : C
  • П4 : B
  • П5 : B, D
  • П6 : A

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам да ги разликувам традиционалните медиуми од новите медиуми
  • Разбрав како социјалните медиуми го трансформираат медиумскиот пејсаж
  • Ги сфатив ризиците и можностите на “граѓанското новинарство“ и употребата на интернетот од страна на младите
  • Свесен сум за влијанието од алгоритмите врз нашиот начин на сурфање на инетрнет
  • Научив како функционираат “меурчињата за филтрирање“ и знам да применам начини за сурфање за да им се спротивставам.

 

ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Меѓу традиционалните медиуми се вбројуваат :

  • A : Фејсбук, Инстаграм, Тикток
  • B : Телевизијата
  • C : Твитер
  • D : Радиото

 

П2 : Социјалните мрежи се разликуваат од традиционалните медиуми со :

  • A : Логиката на соработка која ги дефинира
  • B : Сериозноста и професионализмот на своите корисници
  • C : Интерактивниот карактер на своето функционирање
  • D : Нивната способност да емитуваат квалитетна информација на што поголем број на луѓе.

 

П3 : Поимот “граѓанско новинарство” подразбира :

  • A :Пракса која од секој корисник на социјалните мрежи прави произведувач на моќна информација.
  • B : Одговорноста која ја покажуваат корисниците на социјалните мрежи во секакви околности.
  • C : Важноста на обуката на новинарите за поимите на слободното изразување и слободата на печатот.
  • D : Новинарската обука која се доставува до секој корисник на социјалните мрежи.

 

П4 : Веб-гигантите ги користат алгоритмите за :

  • A : Понуда на содржина најпогодна за секој корисник
  • B : Пребројување на бројот на кликнувања, допаѓања и купувања направени од користиниците
  • C : Проверка на информациите кои кружат по социјалните мрежи
  • D : Влијаење врз однесувањето на корисниците за комерцијални цели

 

П5 : Кога еден корисник ќе се најде во меурчињата за филтрирање“ тоа значи :

  • A : Може да има пристап до голем број филтри за да ги подобри своите фотографии и видеа
  • B : Дека посетува само страници со “лажни вести“
  • C : Дека има пристап само на еден тип на информации заради алгоритмите поставени од страна веб-гигантите
  • D : Дека поминува премногу време на интернет

 

П6 : Првичното ветување на инетрент било :

  • A : Да им понуди на користиниците пристап до персонализирана содржина
  • B : Да ја промовира еманципацијата и слободата на своите корисници
  • C : Да им овозможи на интернет- корисниците пристап до нови потрошувачки производи преку реклами.
  • D : Да ги изолира корисниците и да им го тестира критичкото размислување

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

  • П1 : B, D
  • П2 : A, C
  • П3 : D
  • П4 : A
  • П5 : C
  • П6 : B

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

ВЕШТИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ

 

  • Знам што е информација и медиум
  • Знам да ги цитирам главните медиуми во мојата земја
  • Познат ми е процесот до информацијата
  • Познати ми се поимите “слобода на изразување” и “Слобода на печат”, како и нивната улога во едно демократско општество
  • Познати ми се главните етички принципи на новинарството
  • Ја разбирам улогата на новинарите во едно демократско општество

 

 


ПРАШАЛНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

П1 : Од кога датира појавата на интернетот и новите медиуми?

  • A : Седумдесетите години?
  • B : Осумдесетите години?
  • C : Деведесетите години?
  • D : Двеилјадите години?

 

П2 : Во демократските општества, медиумите претставуваат :

  • A : Пропагандна алатка за манипулирање со масите
  • B :Спротивставена моќ
  • C : Начин за проширување на дебатни идеи меѓу популацијата
  • D : Двигатор за комуникација на политичките програми за време на избори

 

П3 : Кој(и) критериум(и) овозможува(ат) оквалификување на информациите во новинарска смисла ?

  • A : Предметниот настан мора да се случил пред помалку од една недела
  • B : Настанот треба да биде пренесен од најмалку 4 медиуми
  • C : Предметниот настан треба да биде проверен и проверлив
  • D : Предметниот настан не мора да биде од јавен интерес

 

П4 : Правото на слобода на изразување им овозможува на новинарите :

  • A : Слободно да се изразуваат за она што го мислат
  • B : Да водат истрага за политички лидери
  • C : Да шират информации на социјалните мрежи
  • D : Да објавуваат содржини кои поттикнуваат дискриминација на една група заради нејзина верска определба

 

П5 : Меѓу етичките правила што новинарите мора да ги почитуваат, се наоѓаат:

  • A : Правото за промена на одредени документи или пренасочување на слики за да се пренесе одредена порака
  • B : Обврска да се биде критичен, точен и со интегритет
  • C : Право на работа во јавна служба, институција или приватна компанија
  • D : Право да исправи секоја објавена информација која би се покажала како неточна

 

П6 : Невладината Организација која стои зад годишниот извештај за рангирање за слобода на печатот во светот е :

  • A : УНЕСКО
  • B : Црвениот Крст
  • C : Репортери без Граници
  • D : Лекари без Граници

 

 

РЕШЕНИЕ НА ПРАШАЛНИКОТ

 

  • П1 : B
  • П2 : B, C, D
  • П3 : C
  • П4 : A, B, C
  • П5 : B, D
  • П6 : C