Дополнителни забавни ресурси
TALMIL

Дополнителни забавни ресурси

На оваа страница се достапни онлајн педагошки ресурси и искуства за тестирање и зајакнување на нечие знаење за медиумите и информациите.

БИ-БИ-СИ-И-РЕПОРТЕР ГЕЈМ (BBC I-REPORTER GAME) : станете новинар на БИ-БИ-СИ! 

Новата интерактивна игра БИ-БИ-СИ иРепортер (BBC iReporter) – наменета за млади – ви дава шанса да ја преземете улогата на новинар во редакцијата на БИ-БИ-СИ. Ова е игра, која ве предизвикува да донесете свои одлуки за тоа на кои извори, политички барања, коментари и слики на социјалните медиуми треба да им верувате за да придонесете во изработка на вестите на денот. Кои да се објават, кои да се проверат а кои да се одфрлат? Од тебе зависи !

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 


УНЕСКО : Бесплатни курсеви за медиумска и информациска писменост за младите

Овој отворен курс за медиумска и информациска писменост им овозможува на младите да стекнат основни вештини да станат ангажирани граѓани и агенти на промени.

Без оглед каде се наоѓате во светот, ако сте млада жена или млад човек, сега можете да го збогатите вашето знаење со учество на бесплатен онлајн курс за медиумска и информациска писменост, со свое темпо и на темите кои ве интересираат. Можете, исто така, да добиете сертификат од канадскиот универзитет Атабаска за секоја положена единица, без да плаќате такси.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 

ПЛАТФОРМА МИЛ КЛИКС (MIL CLICKS) Обучете се за МИП преку социјалните мрежи

Проектот БТМСЕТ (“Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“- “Building Trust in Media in South East Europe and Turkey”), предводен од УНЕСКО во Источна Европа, има за цел да го зајакне капацитетот на младите од регионот да ги анализираат информациите во услови на зголемувањето на бројот на лажни вести. Поточно, станува збор за развој на критичкиот дух на младите генерации преку создавање на иновативна дигитална едукативна платформа: МИЛ КЛИКС (MIL CLICKS ).

Оваа забавна и интерактивна платформа има за цел да ги научи младите корисници на интернет да ги користат социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер) како алатки за обука за стекнување нови вештини за пристап и анализа на информациите.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 

“ЗА МЕДИУМСКАТА ПРОГРАМА“ (“ON THE MEDIA PROGRAM”): Дневен водич против лажните вести

“On the media program” спроведува едукативна активност за проверка на фактите, достапна за младите. Оваа веб-платформа нуди повеќе алатки (подкасти, листови, практични совети), кои овозможуваат да се препознае вистинитото од лажното во најактуелните вести, без разлика дали станува збор за пукање, пандемија или дури и изборни анкети. Веб-страницата, исто така, нуди за секоја категорија на идентификувани лажни вести, PDF документ за печатење што можете да го залепите на вашиот ѕид, со цел да ве потсетува секој ден едноставни методи за проверка на фактите.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ