ALBANIA
TALMIL

ALBANIA

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)

    83од 180

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)

    30.59

  • Медиумска писменост (рангирање во Европа)

    33од 35

  • Медиумска писменост (скор)

    22од 100

  • Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)

    22од 40

Медиумски пејсаж

Медиумските професионалци во Албанија со години се борат против законодавната рамка што дополнително би ги зајакнала цензурата, само-цензурата и поднесувањете на тужби против новинари. Во јуни 2020 година, Венецијанската Комисија објави мислење за амандманите на медиумскиот закон кои ни од далеку не ги исполнуваат меѓународните стандарди и принципи за слободата на медиумите и предизвикуваат загриженост за пораст на цензурата и само-цензурата (1). Јавниот сервис на Албанија (РТШ) често е мета на критики дека е под политичко влијание, но напредува од гледна точка на технологијата, делумно со помош на странски донатори. Содржините на мејнстрим медиумите неизбежно ги одразуваат постоечките политички поделби и растечката екстремна поларизација и фрагментација на албанското општество (2), а забележлив е и растот на бројот на случаи на дезинформации. Неодамна основаните медиуми, како што се Егзит (Exit), БИРН (BIRN), Lapsi.al, Граѓански канал (Citizens’ Channel) и порталот Фактоје (Faktoje) се соочуваат со тој проблем. Истражувачкото новинарство, насочено кон истражување на корупцијата и криминалот, највеќе е присутно на онлајн медиумите. Странските влијанија на медиумските содржини не се многу силни: Иако информативни портали што служат како посредници (proxy) за пропагандата на држави како што се Турција, Иран и Кина, не постои јасно забележлив очигледен и координиран потфат во таа насока. (3)

Новинари

Новинарите во Албанија се наоѓаат во крајно неповолна позиција, затоа што се изложени на закани и напади, и од друга страна, на чести тужби што против нив ги поднесуваат државни функционери и бизнисмени поврзани со власта. Фридом Хаус (Freedom House) вели дека сигурноста на работните места на новинарите е ниска, и тие остануваат изложени на тужби, застрашување и повремени физички напади од оние што се соочуваат со интересот на медиумите за нив и нивните постапки (4). Од неодамна, различни центри на моќ ги користат Стратешките тужби против учество на јавноста (Strategic Lawsuits Against Public Participation – SLAPP), како што покажува искуството на БИРН Албанија (3).


Публика и медиумска писменост

Со исклучок на иницијативи што доаѓаат од невладиниот сектор, сè уште нема планови за вклучување на медиумската писменост во образовниот систем. Истражувањето на ИПСОС (IPSOS) покажва дека телевизијата доминира како главен извор на информации на дневна основа, а останува и извор на информации на кој најмногу му се верува, особено во возрасните групи над 45-годишна возраст. Процентот на луѓе што имаат доверба во медиумите е само малку повисок од оние што немаат доверба во нив (6).


Извори :

(1) Европска Комисија, (2) СЕЕНПМ (SEENPM), (3) IREX, (4) Freedom House (Freedom House), (5) Институт отворено општество (OSI), (6) IPSOS

медиуми


Национални медиуми

Национални медиуми

Албански центар за квалитетно новинарство

Албанскиот центар за квалитетно новинарство е неполитичка, независна и непрофитна организација што ја водат млади професионалци со седиште во Тирана, Албанија. Центарот е посветен на истражувачкото и дата-новинарството, како и на промоција на етичкото новинарство во различните медиуми. Од 2018 година, Центарот стапи во партнерство со „Гласот на Америка“ за производство на истражувачки стории.

Одете на страницата

Граѓански канал

Граѓански канал (Citizens Channel) е медиум што има за цел да го промовира развојот на граѓанското новинарство во Албанија и да ги јакне одговорните гласови, во склад со вредностите на инклузивното и толерантното општество, со почитување на основните човекови права и слободи.

Одете на страницата

Монитор

Монитор (Monitor) е неделен економски магазин, присутен во Албанија од 2000-та година. „Монитор“ нуди опширни анализи и информации од областа на бизнисот, банкарството и финансиите, врз основа на верификувани и непристрасни извори. Статиите се достапни и на англиски јазик, нудејќи им на странските бизниси и граѓани можност да се информираат за економскиот пазар во Албанија.

Одете на страницата
Регионални медиуми

Регионални медиуми

Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)

Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.

Одете на страницата