МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА
СЕСИЈА 3 – ИНФОРМАЦИЈА И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Практични активностиАКТИВНОСТ 2 – Создади ја твојата сопствена лажна вест
Компјутер или смартфон, интернет конекција, виедопроектор
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа вежба е да им се покаже на учесниците колку манипулацијата со информации и создавањето лажни информации се едноставни процеси достапни за секого. На тој начин треба да ги охрабрите да бидат повнимателни кога прегледуваат или откриваат информации на социјалните мрежи.
Ставајќи ги на местото на сосдавачите на лажни информации или на заговорници, тие ги разбираат користените алатки и процеси, и можат поефикасно да детектираат ваков вид на содржини во нивната секојдневна употреба.
Природата и темата на лажните вести можат да бидат различни. Може да станува збор за комерцијална, конспиративна, научна, политичка, визуелна лажна вест или обична статија.
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Подготовка на просторијата: Поделете ги учесниците во групи на компјутерите.
2. Продукција :
а) Во текот на оваа фаза, учесниците ќе треба да ги изберат темите на кои сакаат да ги создадат своите лажни вести (наука, политика, итн.). Супервизорот, исто така, може да им предложи специфични теми или предмети;
б) Откако ќе бидат избрани темите, младите мора да соберат информации и аргументи со цел да манипулираат со информацијата. Тие можат, на пример, да најдат статии поврзани со нивната тема и да извадат реченици од контекст, да ги искриват, итн.; можат, исто така, да користат софтвер за уредување фотографии (на пр. Фотошоп) или да користат фотомонтажи забележани на интернет.
в) За да создадат една лажна вест, младите можат да црпат инспирација од типичната шема на лажни вести:
1/приказната мора да биде неверојатна, потресна;
2/ да знаат на кого сакаат да се обратат, од кого сакаат да привлечат внимание;
3/ да ја осудат “цензурата“ која би сакала да ја спречи циркулацијата на оваа информација;
г) За визуелен аспект, тие можат да создадат едноставна статија за „Мајкрософт Ворд“ или да користат генератор на лажни вести за да дадат повеќе “медиумски“ впечаток (еве неколку линкови : https://breakyourownnews.com/ https://www.thefakenewsgenerator.com/ https://www.worldgreynews.com/add-news
3. Презентација и класификација: Ред по ред, секоја група ги презентира своите лажни вести. Останатите учесници ќе треба да ги дадат своите впечатоци.
а) Супервизорот ќе ги запише забелешките на младите на табла. На крајот од овој дел, младите ќе треба да ги идентификуваат периодичните карактеристики на лажните вести од белешките запишани од супервизорот. Затоа, тие ќе мора да предложат објаснувања за лажните вести, нивните механизми, нивните цели, влијанието што може да го предизвика ширењето на овие лажни вести;
б) Тргнувајќи од објаснувањата дадени од младите, супервизорите се осврнуваат подетално на процесите на манипулација со информациите. (види ЛИСТ 8 - борба против лажни вести и ЛИСТ 10 - сликата и нејзините ризици од манипулација);
в) На крајот од оваа вежба, младите мора да дадат оценка за секоја лажна вест за да можат на крајот да ги изберат најверодостојните и најуспешните лажни вести. Младите ќе треба да објаснат зошто овие Лажни вести биле најубедливи.
4. Заклучок: Оваа вежба може да се користи како вовед за дискусија околу прашањето за лажни информации и манипулацијата со слики и факти.
АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА
1. Супервизорот треба да создаде линк на видеоконференциската платформа ZOOM и да ја испрати до младите (може да користи и друга платформа)
2. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна сала“, младите се распоредуваат во групи од страна на супервизорот (според бројот на учесници).
3. Супервизорот ги доделува темите за кои младите треба да создадат лажни вести.
4. Откако ќе бидат избрани темите, младите се собираат во “приватните сали“ и ја организираат нивната работа за манипулација со информацијата. За да го направат ова, тие мора да истражуваат на интернет, да најдат статии за да ја извадат содржината од контекст и да ги искриват информациите.
5. Тие можат да работат во живо на истиот документ преку Google Drive, Framapad или друг софтвер за онлајн колаборативно пишување.
6. Откако групите ќе ги создадат своите лажни вести, тие одат во “главната сала“ за да ја започнат фазата на известување. Супервизорот може да користи веб-страница “post it online” за да создаде ефект на табла (на пр. https://note.ly/ ), и да им ја покаже во живо на сите учесници преку системот за споделување екран.