МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО
Практични активностиАКТИВНОСТ 2 – Анимирање онлајн социjaлна кампања
Компјутери, смартфони, интернет конекција
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Цели:
- Прибавување на средства за информирање и комуникација
- Користење социјални мрежи за социјални кампањи
- Развивање критичко размислување
Оваа вежба има за цел создавање социјална онлајн кампања од страна на учесниците. По изборот на темите за решавање (на пр.:локални тематики како оние што се однесуваат на населбата), како и социјална мрежа низ која ќе се разменува содржината на нивната социјална кампања, младите треба да промовираат кауза, избирајќи најсоодветни слики и реченици. Потоа, ќе треба да се пренесат содржините од медиумот на социјалната мрежа за која станува збор.
Дефиниција :
Онлајн социјална кампања може да се дефинира со користење алатки за комуникација и маркетинг на социјалните мрежи со цел да си присвои тематика со социјална улога (околина, феминизам, расизам, сиромаштија итн.). Целта е промовирање одредени вредности, мобилизирање или предупредување на луѓето, особено корисниците на интернетот, за одредени важни општествени прашања, дури и создавање движење (пр. : MeToo, Black Lives Matters, српското движење #1of5million итн.)
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Подготовка : Супервизорите селектираат, со младите, теми за обработка во нивните социјални кампањи на социјалните мрежи.
2. Распределба : По изборот на темите, супервизорите формираат повеќе групи (според бројот на учесници). Секоја група работи на тема и бира социјална мрежа најприкладна за анимирање на кампањата.
3. Барање информации : За да се создаде ефикасна социјална кампања, учесниците ќе треба да прибават информации на избраните теми со цел да се разберат предизвиците и да се продуцира/ емитува релевантна порака за да се подржи предметната кауза.
4. Стратегија за комуникација : Учесниците треба да размислат како да ја спроведат најдобрата онлајн стратегија за да ја проследат нивната порака :
- Препознавање на целната публика (млади, возрасни, мажи, жени итн..)
- Бирање соодветна социјална мрежа (пр. : повеќе instagram за сликата а twitter/facebook за видеото и текстот)
- Тип на порака (сведоштва, хумор, бројки, мини-репортажи итн.)
- Форма на пораката (фотографија, текст, инфографија, видео итн.)
- Користење вистинските клучни зборови или “hashtag” за пошироко емитување на постот
5. Поставување на кампањата : Учесниците ќе можат да одберат да ја започнат кампањата постирајќи нејзината содржина на нивните лични профили (акаунти) или да креираат посебен профил (акаунт) за нивната кампажа.