МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА

СЕСИЈА 4 – ПРЕГЛЕД НА РАЗЛИЧНИТЕ МЕДИУМИ

Практични активности

АКТИВНОСТ 2 – АНАЛИЗА НА ТЕЛЕВИЗИСКИ ДНЕВНИК

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Платно за позадина или бел ѕид, видеопроектор, ДВД читач или компјутер, интернет конекција,моливи, листови за пишување

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа вежба се состои од разгледување и анализа на ТВ-дневник.

 

Цели:

  • Анализирање на начинот на кој вестите ги пренесуваат информации
  • Разбирање на проблемите зад создавањето на новинарска програма
  • Да се знаат механизмите за сосдавање и емитување на информации (новинарски професии, етика, економски модел, итн.)

 

Варијации на вежбата: Исто така, може да биде интересно да им се покаже на учесниците два различни ТВ-дневници и да се потикнат да направат споредба помеѓу двата. Младите, исто така, можат да прегледаат репортажа на ТВ-дневник и друг направен од инфо-забавен канал (на пр. BuzzFeed) на иста актуелна тема. Така, ќе направат споредба помеѓу двете форми на ширење информации.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата : Местење на материјалот неопходен за гледањето

 

2. Гледање на ТВ-дневник

 

3. Поделба во групи на стажантите и делење на листовите: За да се спроведе оваа вежба, супервизорите мора да формираат две (или три) групи стажанти. Тие пак, од нивна страна, ќе одговорат на прашањата.

 

Супервизорите ќе подготват однапред листови “Активност“. Во овие листови, ќе им бидат поставени разни прашања на стажантите во врска со различните аспекти на гледаниот ТВ-дневник → ВИДИ ДЕЛ „ПРИЛОГ“ за пример на ЛИСТ

 

4. Одговор на прашањата од стажантите по група: Секоја група работи на заеднички одговор. Само портпаролот избран во групата може да го даде одговорот за време на колективното одговарање.

 

5. . Колективно одговарање: овој дел треба да ги потенцира најважните елементи идентификувани од стажантите.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

  1. Супервизорите мора да им дадат на младите интернет-линкови за да ги гледаат ТВ-дневниците или видеата и листовите (-> види делот “прилог“).
  2. Младите можат да ги гледаат ТВ-дневниците од далечина.
  3. Младите се организирани во групи и мораат да одговорат на прашањата. За да го направат ова, младите можат да работат од далечина преку Google Drive, Framapad итн. Така, тие ќе можат да работат на заеднички лист.
  4. Одговарањето ќе бида организирано преку платформата за далечински конференции (на пр. ЗООМ). Супервизорот треба да создаде пристапен линк и да им го испрати на младите.
  5. За време на одговарањето, само портпаролот на групите може да го даде одговорот. Портпаролот може да биде избран пред вежбата од страна на супервизорот или во истата група од страна на младите.
  6. Супервизорот може да користи веб-страница “post it online” за да создаде ефект на табла (на пр. https://note.ly/ ), а потоа да ја води дебатата.

 

 

ПРИЛОГ : ЛИСТ ЗА АКТИВНОСТ

 

ГЕНЕРИКА: Музиката на шпицата: каков впечаток дава таа? Дали таа е сè уште иста? Која е нејзината улога? Што претставуваат сликите или симболите што се користат? Кои емоции се бараат? Кои се доминантните бои?

 

ВОДИТЕЛ и ДЕКОР: Дали го познавате водителот? Како е облечен? Какво му е држењето? Со која формула ги започнува вестите? Кој е тонот што го користи водителот? Како се снима? Тесен кадар или широк кадар? Што гледа тој?

 

СОДЖРИНИ: Кои се најавените содржини? По кој редослед (и зошто, според вас)? Како се презентирани овие теми (времетраење, тон, итн.)? Што покажуваат сликите и кои се нивните функции? Кои суштински информации ги носат водителите?