МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ
Образовен лист 6ПОГЛАВЈЕ 6 – ДИГИТАЛНИТЕ МЕДИУМИ : РИЗИЦИ И МОЖНОСТИ
Ниво : Тешко
образовни цели
Цел 1: Да се идентификуваат ризиците и можностите поврзани со употребата на интернетот од страна на младите.
Цел 2: да се стане свесен за влијанието на алгоритмите врз начинот на пребарување на интернет.
Цел 3: Да се разбере улогата на медиумската писменост во подигањето на свеста кај младите за добрите практики на интернет и граѓанската онлајн култура
Интернет можности и ризици за младите луѓе
Интернетот и мобилниот телефон, надвор од нивната забавна природа, нудат нова форма на социјализација, размена и пристап до основните знаења за децата и адолесцентите денес. Овие нови технологии претставуваат огромна можност да го подобрат квалитетот на животот на младите низ целиот свет и да стават неограничено количество знаење со само еден клик во сите основни области на нивното постоење (образование, здравство, наука, култура, итн.) . Но, напредокот на дигиталната ера не е без цена. Оваа виртуелна револуција создаде опасности и ризици, честопати како оние во реалниот свет, со кои се соочуваат младите на интернет.
УНЕСКО ги идентификува и класифицира овие ризици кои им се закануваат на младите преку интернет. Овие вклучуваат изложеност на педофилска содржина, говор на омраза, лажни вести; Овие ризици се поврзани и со несоодветно рекламирање, комерцијална измама или манипулација со лични податоци.
Образованието е најдобриот начин да се одговори на овие закани кои го демнат секој млад корисник кој се движи низ дигиталниот свет. Преку медиумската писменост, од суштинско значење е родителите и надзорниците да ги пренесат најдобрите практики на младите за да останат безбедни на интернет.
Ова вклучува особено соодветно управување со нивниот дигитален идентитет на интернет, преку следење на нивните социјални мрежи или заштита на нивните лични податоци. Подигањето на свеста за граѓанска култура преку интернет е исто така важно: со почитување на приватноста на другите, размислување пред објавување на одредена содржина, почитување на правото на угледот на колегите студенти ... Ова се основни правила за да се спречат злоупотреби како што е сајбер вознемирување.
Подигање на свеста кај младите за меурчињата на филтри
Дигиталните платформи, како што се Гугл и Фејсбук, користат алгоритми за да ни понудат содржини засновани на нашето однесување на корисник, т.е. на нашите претходни интеракции (кликови, допаѓања, набавки, историја на прелистување). Преку алгоритмите, дигиталните компании ни нудат персонализирано прелистување, заснована на предвидлива анализа која има за цел да ги предвиди нашите очекувања. За веб-гигантите, целта е да влијаат на нашето однесување во комерцијални цели.
Влијанието на алгоритмите е далеку од беззопасно. Ги соочува корисниците на интернет и потрошувачите кои сме - а особено најмладите - со проблемот на меурчињата на филтри. Ова е “состојба во која се наоѓа корисникот на интернет кога информациите до кои пристапува на интернет се резултат на персонализација извршена без негово знаење“. Терминот “меур на филтри“ се однесува на изолацијата произведена од овој механизам: секој корисник на интернет пристапува до различна и единствена верзија на мрежата. Затоа постои ризик да остане заклучен во тесен дигитален свет кој постојано ги турка истите типови на содржини. Ова алгоритамско заклучување драматично ги исцрпува изворите на информации, го намалува вниманието и ги уништува вештините за критичко размислување. Корисникот потоа е лишен од теоретската отвореност ветена од интернетот и не е веќе во можст за конфронтација со бројноста на идеи и мислења, елемент кој сепак е во срцето на интелектуалниот развој.
Ова е причината зошто медиумската писменост има за цел да ги научи граѓаните за опасностите од алгоритамското затворање. Да се разбере неговата механика е суштински чекор за да се ослободиме од него и да ги збогатиме изворите. Ова е главен услов за да интернетот ги исполни првичните ветувања за еманципација и слобода.