МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО
Практични активностиАКТИВНОСТ 1 – Табела на онлајн Добри Практики
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Цели:
- Запрашување за одредени практики што можат да се усвојат онлајн
- Охрабрување за позитивно и почитувачко дигитално граѓанство
- Знаење како да се води дијалог и аргументирање за сопственото гледиште
Вежбата се состои од табела што учесниците треба да ја пополнат и од список со неколку можни однесувања на интернет. Учесниците ќе мора да ги класифицираат овие практики / однесувања во тоа што, според нив, се добри или лоши практики.
Покрај тоа, дијалогот и аргументацијата се од суштинско значење за завршување на оваа активност: затоа од нив се бара да го образложат нивниот избор. Оваа последна цел на дијалогот се постигнува уште поефикасно со назначување на известувач во секоја група, потоа охрабрувајќи ги да се разберат и да се консултираат заедно пред да дадат конечен одговор.
Варијација на вежбата: Во отсуство на компјутер или табла, можно е да се испечати табелата за добри практики во неколку примероци, оставајќи на располагање многу полиња, така што учесниците ги пополнуваат додека се даваат предлозите..
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Подготовка на просторијата: Распределба на младите во две или три групи и презентирајте ја табелата за добри практики на табла или со користење на видео проектор (или на хартија)
2. Поднесете еден по еден овие неколку примери на предлози што треба да ги класифицираат учесниците:
- Да се пријави омразен или насилен коментар под публикација (објавен пост)
- Да се прифати кој било во својата листа на пријатели
- Блокирање корисник на социјална мрежа
- Дебатирање со навредлива личност во коментарите на едно видео
- Давање сопствена адреса или лични информации
- Објавување фотографија од свои пријатели без нивната предходна дозвола
- Користење на истата лозинка за сите социјални мрежи
3. Секој одговор треба да биде предмет на аргументи од страна на групите и да отвори мини-дебата заснована врз следниве размислувања: Слобода на изразување, умереност на содржина со омраза, заговор, клевета (види “ЛИСТ 14 - ДИГИТАЛНОТО ОПШТЕСТВО“ и “ЛИСТ 12 - Подигање на свеста против онлајн омразата“)
АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА
Можно е учесниците да ја пополнат оваа табела од далечина, испраќајќи им ја табелата и давајќи им примери на предлозите што треба да бидат вметнати во табелата.
ПРИЛОГ
Пример на табела за добри практики:
Добри Дигитални практики |
Лоши Дигитални практики |