МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – КАКО ДА СЕ ПРОВЕРАТ ИЗВОРИТЕ ?

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Еден или повеќе компјутери со пристап до интернет или, еден сматфон за 2 ученика минимум

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели :

- Овозможува на учесниците да го применат новинарскиот процес на проверка на фактите.

 

- Проценување на квалитетот и релевантноста на информацијата.

 

- Запрашување за тешкотијата да се добие јасна информација за одредени теми.

 

Учесниците ќе бидат распределени во групи на компјутери и ќе имаат неколку информации за проверување. Тогаш ќе биде потребно да се подготват неколку теми за да се знае однапред вистинитоста или не на овие информации, но целта е да им се овозможи самите да го откријат.

 

Проверката може да опфати неколку видови информации, од наједноставни - како што се датумот на настанот, содржината на еден закон или текот на фудбалскиот натпревар - до најкомплицираните. На пример, утврдувањето на бројот на невработени во Косово бара дефинирање на невработеноста (која варира зависно од организацијата)

 

Целта на оваа вежба е да им се даде на учесниците улога на “истражувач“, “мини-новинар“ и да се стекнат со навика на внимателност која ќе треба да ја применуваат во секојдневието на интернет.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1 - Обучувачот собира десетина информации (во зависност од бројот на млади) пронајдени на интернет или социјалните мрежи, кои се лажни вести (негирани од нивното објавување) или вистински информации што можат лесно да се проверат. Обучувачот го извршува процесот на проверка на една информација и ја подготвува корекцијата).

 

2 - Учесниците, поделени во групи од 2 или 3, влечат ливчиња со 2 или 3 информации.

 

3 - Ставете ги учесниците во групи пред компјутери и дајте им неколку информации за да ги проверат.

 

4 - Потсетете ги за процесот на проверка на информациите:

  • Која е природата на страницата каде што ги најдовме информациите? (видете го фолдерот ‘правни известувања“ или фолдерот “за нас“ на страницата)
  • Дали се работи за меѓународна страница за информации, хумористична страница, политички блог?
  • Кој е автор на информацијата? Политичар, новинар, експерт, граѓанин, анонимен автор? (Направете истражување за таа личност)
  • Која е неговата цел?
  • Дали тој се обидува да нè исплаши, да нè информира, да нè манипулира, да нè убеди?
  • Од каде доаѓа информацијата и врз кои извори / докази се заснова?
  • Од кога датира?
  • Дали информацијата била објавена на други страници?
  • Дали можеме да ја вкрстиме, односно да ја најдеме на друго место, на други медиуми?

 

5 - Презентација од секоја група на процесот на проверка на информацијата, впечаток на другите групи од извршената презентација, корекција од обучувачот.

Балканскиот контекст

За оваа активност, упатете се на тематските листови “Независни медиуми“ на едукативната страница. Така, предавачот ќе има пристап до многу информации кои треба да бидат проверени за да ја подготви својата вежба.