Дополнителни ресурси
TALMIL

Дополнителни ресурси

Во прилог на понудените ресурси од Платформата ТАЛМИЛ, обучувачите заинтересирани за медиумската писменост ќе најдат на оваа страница најдобри ресурси на англиски јазик и на локалните јазици, за да ги научат младите одговорно и свесно да се движат низ светот на медиумите.

НА АНГЛИСКИ

5-те едукативни алатки презентирани овде вклучуваат прирачници за настава, онлајн упатства за обука, видеа и корисни линкови.

 

1- Онлајн MOOC на УНЕСКО “медиумска писменост и интеркултурен дијалог“

Отворениот пристап MOOC “медиумска писменост и интеркултурен дијалог“ е осмислен во рамките на партнерството помеѓу УНЕСКО и Универзитетот Атабаска. Тој им нуди на наставниците 10 модули за обука за предавање на главните концепти на медиумската писменост:

– Владеење со медиумите и информациите ;
– Интеркултурен дијалог ;
– Слобода на изразување ;
– Разновидни улоги на медиумите во современиот живот;
– Родова застапеност и стереотипи во медиумите;
– Медиумите: предизвици и можности за младите;
– Користење на дигитални алатки од граѓански аспект

медиумска писменост и интеркултурен дијалог

 

 

2- Прирачник за настава на УНЕСКО – Програма за обука на наставници

Овој прирачник за настава претставува сеопфатна програма за обука на наставници од областа на медиумската писменост. Неговата амбиција е да допре до милиони млади луѓе овозможувајќи им да ги стекнат клучните вештини на МИП, неопходни за развој на граѓанството.

Публикацијата е поделена на два дела. Првиот дел ја обезбедува општата рамка на целите и вештините што ги бара МИП. Вториот дел вклучува детални и конкретни модули за дискутирање со младите за различните основни поими за медиумска писменост.

Програма за обука на наставници

 

 

3 – Платформа за наставници на УНАОК – Извори посветени на МИП

Оваа веб-страница нуди едукативни модули на курсеви и практични активности за медиумска писменост, прилагодливи на различни јазици и во различни локални контексти по земји. Целта на платформата е на крајот да ја шири медиумската писменост што е можно пошироко на глобално ниво, со цел да се даде конкретна димензија на членот 19 од Универзалната декларација за човекови права, утврдувајќи дека “секој има право на слобода на мислење и изразување; што подразбира право да не бидат загрижени за своите мислења и право на барање, примање и ширење, без оглед на границите, информации и идеи со какво било изразно средство“.

Извори посветени на МИП

 

 

4- Платформата “E-Media Education Lab”

Платформата „Е-медиумска едукативна лабораторија“ (“E-Media Education Lab”) наменета за обучувачи за медиумска писменост овозможува спроведување на иновативни стратегии за обука. Веб-страницата нуди 10 сценарија за обука на МИП класифицирани според теми, кои можат или директно да се преземат, или да се адаптираат од корисниците во согласност со нивните специфични образовни предизвици. Платформата, збогатена од повеќе од 350 експерти за МИП, им овозможува на секој обучувач да сосдаде своја програма за обука.

E-Media Education Lab

 

 

5- 10 едукативни ресурси за развој на медиумската писменост

Оваа веб-страница предлага содржини од 10 организации кои нудат бесплатен интернет пристап до совети, видеа, програми и планови за курсеви од областа на медиумска и информациска писменост.

10 едукативни ресурси за развој на медиумската писменост

ВО РЕГИОНИТЕ

АЛБАНИЈА

 

1- “Прирачник за медиумско образование училиште”

Објавен од Институтот за медиуми во 2011 година, со поддршка од ОФСА (Отворена фондација општество Албанија / Open Fondation Society Albania), учебникот има за цел да ги обучи студентите за медиумска писменост и нивна употреба.

Институтот за медиуми е водечка организација за обука на новинари и медиумска писменост во Албанија.

Прирачник за медиумско образование училиште

 

 

2- Публикација на УНЕСКО “Медиумска и информациска писменост: зајакнување на човековите права, борба против радикализацијата и екстремизмот“

Преведенa на албански јазик од Институтот за медиуми, публикацијата е релевантна референтна точка за да се иницира дискусија и да се понудат перспективи за актерите кои сакаат да го применат МИП како алатка за борба против насилниот екстремизам.

Институтот за медиуми е водечка организација за обука на новинари и медиумска писменост во Албанија.

Медиумска и информациска писменост: зајакнување на човековите права, борба против радикализацијата и екстремизмот

 

 

3- “Прирачник за обука за медиуми во училиште”

Објавено на албански јазик од страна на ИДМК, прирачникот има за цел да ги обучи младите да избираат информативни медиуми, да ги разликуваат содржините, да ги разбираат контекстите и да препознаат дезинформации и лажни вести кога ќе се соочат со нив.

Институтот за демократија, медиуми и култура -ИДМК (IDMC) е независна, непрофитна, невладина организација со седиште во Тирана, која инспирира и поддржува проекти со меѓудисциплинарни пристапи за проучување, разбирање и унапредување на развојот на демократските вредности, улогата и влијанието на медиумите и културата дома и во странство.

Прирачник за обука за медиуми во училиште

 

 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

 

4- “Прирачник за новинари кои предаваат медиумска писменост”

Објавен од Медијацентар Сараево, прирачникот е наменет за новинари кои сакаат да ги пренесат своите знаења и искуства на ученици и млади од перспектива на медиумска и информациска писменост. Акцентот е ставен на методите за предавање и изучување кои активно ги вклучуваат студентите, така што тие можат да учат преку искуство, играње улоги и интервенции на новинари. Идеите за практични активности со ученици презентирани во прирачникот може лесно да се прилагодат на децата во основните и средните училишта.

Медиацентар Сараево е организација која го поддржува развојот на професионалното и независно новинарство во Босна и Херцеговина преку обуки, публикации, истражување на медиумите, аудиовизуелната продукција и организација на разни културни настани.

Прирачникот е подготвен во рамките на регионалниот проект “Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“ (“Media for Citizens – Citizens for Media“) – проект финансиран од Европската унија, за развој на практики за медиумска и информациска писменост во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Затоа е произведен заедно со неколку локални организации кои се членки на мрежата SEENPM (Мрежа на јужноисточна Европа за професионализација на медиумите) и е достапна на различни јазици во регионот.

Прирачник за новинари кои предаваат медиумска писменост

 

 

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

5- Прирачник наменет за обучувачите

Објавен од Македонскиот институт за медиуми, прирачникот има за цел да им помогне на идните обучувачи за медиумска и информациска писменост да ги подготват своите едукативни програми на едноставен и интересен начин. Наменет е за претставници на невладини организации, наставници кои сакаат да промовираат МИП во училиштата и на новинарите. За секој модул, има список со вежби и наставни средства што можат да се користат, а повеќето активности може да се прилагодат на различни целни групи.

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е невладина, неполитичка, непрофитна организација што, меѓу другото, обезбедува бесплатен и лесен пристап до медиумската литература и ажурирани извори за професионален развој и за образование во медиумскиот сектор.

Прирачникот е подготвен во рамките на регионалниот проект “Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“ (“Media for Citizens – Citizens for Media“) – проект финансиран од Европската унија, за развој на практики за медиумска и информациска писменост во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Затоа е произведен заедно со неколку локални организации кои се членки на мрежата SEENPM (Мрежа на јужноисточна Европа за професионализација на медиумите) и е достапна на различни јазици во регионот.

Прирачник наменет за обучувачите

 

 

СРБИЈА

 

6- « Основи на медиумската писменост : Прирачник за новинари »

Развиен во рамките на проектот “Кампања за медиумска писменост“, целта на публикацијата е да промовира критички прием на медиумската содржина, дистинција помеѓу информација и забава, како и професионално и непрофесионално новинарство во Србија.

Во 2013 година, Медиумската коалиција (составена од Здружението на независни новинари на Србија – НУНС (NUNS), Здружението на новинари на Србија – УНС (UNS), Здружението на независни новинари на Војводина – НДНВ (NDNV), Здружението на независни електронски медиуми – АНЕМ (ANEM), од Здружението на локални независни медиуми “Локал прес“) го започна проектот “Кампања за медиумска писменост“ со цел да се утврди перцепцијата на медиумите и нивото на разбирање на улогата на медиумите и медиумската култура меѓу младите и возрасните лица во Србија, потоа, преку низа активности, да придонесе за развој на аналитички пристап кон медиумската содржина.

Основи на медиумската писменост : Прирачник за новинари