АКТИВНОСТ 1 – КОЛАБОРАТИВНА ПРИКАЗНА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа вежба има за цел да ги деконструира претставите на “другиот“ и стереотипите. Стажантите ќе бидат охрабрени да ги истражуваат своите слики (перцепција) кон луѓето од други култури и други социјални групи.

 

За да го направат ова, стажантите ќе мора да работат во групи и да соработуваат во создавањето приказна за двајца измислени ликови, носители на идентитет (на пр. Валмир, млад Косовец и Драган, млад Србин).

 

Забелешка: Бидејќи оваа вежба се занимава со стереотипи и претставувања, може да биде корисно на почетокот на активноста да се потсетат учесниците да покажат почит едни кон други, како и кон измислените луѓе од конструираната приказна. Како таков, ако само еден елемент од приказната изгледа премногу контроверзен или непочитуван, тогаш ќе биде потребно да се интервенира за да се измени овој елемент.

 

Исто така е можно да се ограничи активноста на еден лик.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1.Подготовка на просторијата: Учесниците се распоредуваат во голем круг во салата.

 

2. Доделување улоги: Еден или повеќе стажанти треба да играат улога на набљудувачи. Тие ќе требаат да застанат надвор од кругот и да ја запишат приказната што ќе се измисли.

 

3. Останатите членови на групата ќе треба да измислат заедничка приказна . За да го направат ова, тие ќе користат топка што ќе минува од рака на рака. Оној кој ќе ја добие топката, ќе мора да додаде нешто во приказната.

 

4. Започнете ја приказната со реченица од типот: “Ова е приказна за Валмир, млад Косовар …“ и подадете ја топката кон член на групата. Вториот ќе мора да ја продолжи приказната со додавање на измислени елементи за дадениот лик. Овој додаток може да се состои од неколку зборови до една или две реченици максимум по лице. Потоа ќе мора да ја подаде топката на друго лице.

 

5. Групата ќе мора да ја продолжи оваа вежба за да се роди приказна од оваа соработка.

 

6. По 10 или 12 кругови, во зависност од тоа колку елементи се додадени од учесниците, побарајте топката да ви биде вратена, а потоа кажете: “Валмир го познава Драган, млад Србин, кој исто така има приказна …“. Така топката ќе помине на друг член од кругот. Тој треба да ја продолжи приказната на Драган, како и во првиот дел од вежбата, додавајќи реченица или две по лице, а потоа ја додава топката.

 

7. Активноста може да заврши откако двете приказни ќе бидат доволно долги и сите дадат придонес во создавањето на двете приказни.

 

8. Колективно одговарање и дебата: На крајот од вежбата супервизорот ја прашува групата да објасни што раскажуваат приказните за Валмир и Драган за нивните животи. Супервизорот ги наведува младите да размислуваат за стереотипите и предрасудите што произлегуваат од приказните измислени од стажантите. Главните точки ќе бидат запижани на таблата. Супервизорот може да ја анимира дебатата околу претставувањата на другиот и стереотипите.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорот создава ZООМ-линк и ја испраќа до младите;

2. На платформа за пишување како Google Drive, Framapad, итн. младите можат да ја напишат својата заедничка приказна. Така, тие ќе можат да работат на заедничка датотека. Првиот ќе ја започне приказната со реченица како: “Ова е приказна за Валмир, млад Косовар …“. Групата ќе мора да ја продолжи оваа вежба за да се појави приказната од оваа соработка.

 

3. По 10 или 12 круга, во зависност од бројот на додадени елементи од учесниците, супервизорот интервенира и додава нова реченица: “Валмир го познава Драган, млад Србин, кој исто така има приказна …“. Заедничката приказна ќе започне одново со член на групата. Тој треба да ја продолжи приказната на Драган, како и во првиот дел од вежбата, додавајќи една или две реченици по лице.

 

4. Активноста може да заврши кога двете приказни се доволно долги и откако сите дадат придонес во создавањето на двете приказни.

 

5. Колективно одговарање и дебата: На крајот од вежбата супервизорот ја прашува групата да објасни што раскажуваат приказните за Валмир и Драган за нивните животи. Супервизорот ги наведува младите да размислуваат за стереотипите и предрасудите што произлегуваат од приказните измислени од стажантите. Главните точки ќе бидат запишани на таблата. Супервизорот може да ја стимулира дебатата со претставување на другиот и стереотипите. Супервизорот може да ja користи веб-страница “објавувај ја на Интернет“ (“post it online”) за повторно да создаде ефект на табелата (на пр. Https://note.ly/) и да ги забележи набљудувањата на учесниците.

АКТИВНОСТ 2 – Создавање приказна од една слика

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели:

 

– Да се разберат предностите и ограничувањата на сликата како извор на информација

– Мобилизација на сопствените претставувања за реалноста за да се успее да се доведат во прашање и да се деконструираат

Оваа активност предлага да се работи околу сликата и нејзините можни интерпретации. Од учесниците ќе биде побарано да развијат приказна од фотографија или кратко видео.

Истата слика ќе им биде прикажана на неколку групи (во форма на хартија или на видеопроектор). Секоја група, без консултација со другите, тогаш ќе треба да предложи натпис и / или да ја раскаже приказната за оваа фотографија.

 

Mожна варијација на вежбата :

 

– При објаснување на упатствата, можно е да се дадат упатства за приказните што треба да се измислат. На пример, една група ќе мора да даде прилично позитивно, смешно толкување на сликата, или друга ќе треба да ја претстави фотографијата како нешто негативно, или тажно.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

  1. Избор на слики: супервизорите однапред треба да се подготват за вежбата со истражување фотографии или видеа што може да бидат предмет на интерпретација или кои биле неодамна изманипулирани или лажирани во вестите. Исто така е можно да се изберат амблематски и потенцијално непознати фотографии на младите учесници (на пример, фотографија на човек кој стои пред тенковите на кинеската армија за време на демонстрациите на плоштадот Тјан Анмен, во 1989 година, во Народна Република Кина).
  2. Подготовка на просторијата: Формирајте групи учесници и поставете ги што е можно подалеку, за да не можат да влијаат едни на други.
  3. Прегледување на фотографијата: Активноста може да се одвива на два начина, или со проектирање на сликата на екранот, така што секоја група може да ја види, а потоа да ја измислува приказната на хартија или на компјутер. Или е можно да се даде сликата индивидуално на секоја група, на хартија или на компјутер.
  4. Измислување на приказната: Учесниците ќе можат да си дадат слобода на нивното толкување на сликата и да измислат / напишат повеќе или помалку долг расказ според нивната инспирација или посакуваната емоција (или во форма на новинарски напис, или во форма на раскажана приказна).
  5. Колективно одговарање: во овој момент од вежбата, секоја група наизменично ќе ја презентира својата приказна пред останатите учесници, што ќе им овозможи да ги набљудуваат и реагираат на различните добиени резултати.
  6. Проверка на изворот: откако секоја група ќе заврши, тогаш ќе биде потребно да се открие вистинската приказна зад фотографијата со потсетување на вистинскиот контекст во кој истата е направена (што исто така може да доведе до фаза на проверување на фактите) (види “ЛИСТ 8 – борба против лажни вести“ и “ЛИСТ 7 – пристапување кон информацијата со критичко размислување)
  7. Тогаш вежбата може да се заврши за заедничка дебата околу употребата на сликата како доказ и нејзини пожни манипулации и толкувања.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорите треба претходно да ја подготват вежбата. Тие мора да бараат фотографии за да ги испратат по е-пошта до младите;

 

2. Супервизорот создава ZOOM-линк (или линк преку друга платформа) и ја испраќа до младите;

 

3. Собрани во видеоконференција со супервизорот, младите ќе можат повторно да ја прегледаат фотографијата.

 

4. Супервизорот создава групи на млади. Секоја група ќе се состане користејќи го системот “одвоени простории“ обезбеден од платформи за далечински конференции (на пр. ЗООМ). Учесниците ќе можат да си дадат слобода на нивното толкување на сликата и да измислат / напишат повеќе или помалку кратка приказна според нивната инспирација или посакуваната емоција (или како новинарски напис, или како раскажана приказна). Тие работат на заедничка датотека на Google Drive, Framapad или други платформи.

 

5. Откако ќе заврши работата со пишувањето, сите млади влегуваат во “главната просторија“. Тука, секоја група ќе мора наизменично да ја презентира својата приказна пред останатите учесници, што ќе им овозможи да ги набљудуваат и реагираат на различните добиени резултати.

 

6. Откако секоја група ќе заврши, тогаш ќе биде потребно да се открие вистинската приказна зад фотографијата со потсетување на вистинскиот контекст во кој е направена.

 

7. Вежбата потоа може да заврши со заедничка дебата околу употребата на сликата како доказ и нејзините можни манипулации и толкувања.

АКТИВНОСТ 1 – Анализа на слики и/или фотомонтажи

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа активност ќе им овозможи на учесниците да се стават во кожата на “Проверувач на факти“(“Fact-Checker”) со цел да се потврди вистинитоста на информациите, а особено на сликата (или видеото). Целта на оваа вежба ќе биде да се прикаже начинот на кој можат да се манипулираат, да се извадат од контекст или погрешно да се толкуваат сликите на интернет и особено на социјалните мрежи. Од учесниците ќе биде побарано да дешифрираат фотомонтажа или манипулација со слика (извадена од контекст на пример) со цел да се дезинформираат интернет корисниците.

 

Можна варијација на вежбата:

 

  • Можно е да се направи оваа вежба во групи или индивидуално
  • За да се направи вежбата подинамична, може да биде интересно да се дадат одреден број слики за “проверка на фактите“ на различните групи / учесници и,зошто да не, се претстави активноста како натпревар за избор на најдобри “проверувачи на факти“.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

  1. Изборот на слики: супервизорите треба однапред да се подготват за вежбата со истражување фотографии или видеа што неодамна биле изманипулирани или лажирани во вестите.
  2. Подготовка на просторијата: За да се спроведе оваа вежба, компјутери и интернет-линк мора да бидат ставени на располагање на учесниците.
  3. Визуелизација на фотографијата: Супервизорите треба да ги постават учесниците во групи пред компјутери. Активноста може да се одвива на два начина, или со директно давање на сликите што треба да се проверат на usb, или на компјутерот, со објаснување дека тие мораат да го пронајдат потеклото; или со споделување на целосната лажна информација, односно статијата или публикацијата што се нашла на социјалните мрежи на пример.
  4. Проверка на изворот: Работата за проверка на изворот на сликата / фотографијата може да се изврши преку алатката Слики на Google (Google Images) со поставување слика на местото за пребарување слики на Google. Сајтовите https://tineye.com/ или Google Images https://www.google.com/imghp?hl=FR) овозможуваат да извршите обратни пребарувања од фотографија. Овие пребарувачи ја пребаруваат мрежата во потрага по слики со слична содржина, честопати дозволувајќи им да се пронајде нивното потекло.
  5.  Колективна дебата: колективна корекција ќе овозможи реакција на добиените резултати. Ова исто така ќе биде момент за потсетување дека овој процес на проверка на сликите е брз, едноставен и корисен за да се избегне манипулација.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

  1. Супервизорите треба претходно да ја подготват вежбата: да бараат фотографии или видеа што неодамна биле изманипулирани или лажирани во вестите и да ги испраќаат преку е-пошта до младите;
  2. Супервизорот создава ZOOM линк (или на друга платформа) и ја испраќа до младите;
  3. Собрани во вид на видеоконференција со супервизорот, младите повторно ќе можат да ја погледнат фотомонтажата или фалсификуваното видео.
  4. Супервизорот создава групи на млади луѓе. Секоја група ќе се состане користејќи го системот „посебни простории“ обезбеден од повеќето платформи за далечински конференции (на пр. ZOOM). Овие групи ќе спроведат истражувања на интернет.
  5. Откако ќе се најде изворот на фотографијата, групите се враќаат на главната конференција и го даваат својот одговор со образложение на нивниот процес на истражување и целите на авторите на манипулацијата со фотографијата.

АКТИВНОСТ 2 – АНАЛИЗА НА ТЕЛЕВИЗИСКИ ДНЕВНИК

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа вежба се состои од разгледување и анализа на ТВ-дневник.

 

Цели:

  • Анализирање на начинот на кој вестите ги пренесуваат информации
  • Разбирање на проблемите зад создавањето на новинарска програма
  • Да се знаат механизмите за сосдавање и емитување на информации (новинарски професии, етика, економски модел, итн.)

 

Варијации на вежбата: Исто така, може да биде интересно да им се покаже на учесниците два различни ТВ-дневници и да се потикнат да направат споредба помеѓу двата. Младите, исто така, можат да прегледаат репортажа на ТВ-дневник и друг направен од инфо-забавен канал (на пр. BuzzFeed) на иста актуелна тема. Така, ќе направат споредба помеѓу двете форми на ширење информации.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата : Местење на материјалот неопходен за гледањето

 

2. Гледање на ТВ-дневник

 

3. Поделба во групи на стажантите и делење на листовите: За да се спроведе оваа вежба, супервизорите мора да формираат две (или три) групи стажанти. Тие пак, од нивна страна, ќе одговорат на прашањата.

 

Супервизорите ќе подготват однапред листови “Активност“. Во овие листови, ќе им бидат поставени разни прашања на стажантите во врска со различните аспекти на гледаниот ТВ-дневник → ВИДИ ДЕЛ „ПРИЛОГ“ за пример на ЛИСТ

 

4. Одговор на прашањата од стажантите по група: Секоја група работи на заеднички одговор. Само портпаролот избран во групата може да го даде одговорот за време на колективното одговарање.

 

5. . Колективно одговарање: овој дел треба да ги потенцира најважните елементи идентификувани од стажантите.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

  1. Супервизорите мора да им дадат на младите интернет-линкови за да ги гледаат ТВ-дневниците или видеата и листовите (-> види делот “прилог“).
  2. Младите можат да ги гледаат ТВ-дневниците од далечина.
  3. Младите се организирани во групи и мораат да одговорат на прашањата. За да го направат ова, младите можат да работат од далечина преку Google Drive, Framapad итн. Така, тие ќе можат да работат на заеднички лист.
  4. Одговарањето ќе бида организирано преку платформата за далечински конференции (на пр. ЗООМ). Супервизорот треба да создаде пристапен линк и да им го испрати на младите.
  5. За време на одговарањето, само портпаролот на групите може да го даде одговорот. Портпаролот може да биде избран пред вежбата од страна на супервизорот или во истата група од страна на младите.
  6. Супервизорот може да користи веб-страница “post it online” за да создаде ефект на табла (на пр. https://note.ly/ ), а потоа да ја води дебатата.

 

 

ПРИЛОГ : ЛИСТ ЗА АКТИВНОСТ

 

ГЕНЕРИКА: Музиката на шпицата: каков впечаток дава таа? Дали таа е сè уште иста? Која е нејзината улога? Што претставуваат сликите или симболите што се користат? Кои емоции се бараат? Кои се доминантните бои?

 

ВОДИТЕЛ и ДЕКОР: Дали го познавате водителот? Како е облечен? Какво му е држењето? Со која формула ги започнува вестите? Кој е тонот што го користи водителот? Како се снима? Тесен кадар или широк кадар? Што гледа тој?

 

СОДЖРИНИ: Кои се најавените содржини? По кој редослед (и зошто, според вас)? Како се презентирани овие теми (времетраење, тон, итн.)? Што покажуваат сликите и кои се нивните функции? Кои суштински информации ги носат водителите?

АКТИВНОСТ 1 – КИНО-ДЕБАТА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Вежбата за кино-дебата овозможува да ги охрабри младите да зборуваат и да се изразуваат за општествените теми (емиграција на балканската младина, етничките тензии, дискриминацијата претрпена од ЛГБТ+ заедницата, широко распространета корупција, итн.) преку гледање на репортажа или видео. Дебатата што ќе следи по гледањето ќе им даде на учесниците шанса да ги формулираат своите гледишта и исто така ќе им овозможи на младите да се соочат, со почит и слушање, со идеи различни од нивните и со тоа да негуваат различни гледишта.

 

Од друга страна, оваа активност ќе овозможи да се разгледаат прашањата за претставувања на екранот и можната употреба на слики за справување со проблем ако е филм на пример, како и да се анализираат аудиовизуелните медиумски алатки како што се документарни филмови и репортажи.

 

Пошироко, оваа вежба ќе го разбуди критичкиот дух кај младите преку придонесување на елементи на знаење развиено во репортажата или филмот, преку разбирање на механизмите за ширење информации преку слики, а потоа конечно преку размена и дискусии.

 

Покрај тоа, оваа активност има предност да ја користи аудиовизуелната алатка општо ценета од младите и полесно да го мобилизира нивното внимание.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

  1. Подготовка на филмската дебата: Супервизорите препознаваат репортажа, филм или документарец за прашањата за кои сакаат да разговараат со учесниците.
  2. Подготовка на листови што треба да ги пополнат младите: Супервизорите мора да обезбедат листови со активности на стажантите. Благодарение на овие листови, стажантите ги стекнуваат потребните елементи за филмот (особено информации за режисерот и елементи со контекст за да ги разберат мотивациите што го поттикнале авторот да го направи делото). Пример табела за анализа (да се прилагоди ако е потребно): ВИДИ ДЕЛ „ПРИЛОГ“
  3. Подготовка на просторијата и потребната опрема (видео проектор, звучници, столови / работни маси).
  4. Делење на листови: учесниците можат да го пополнат 1-виот дел од листовите за време на гледањето
  5. Гледање на филмот / документарецот
  6. Пред да се премине на дебатата, како вовед, важно е да се идентификуваат со учесниците механизмите што се користат за пренесување на нформациите (Интервју? Скриена камера? Дали приказната за која се зборува е тажна или полна со надеж? Позитивни / негативни слики? итн.)
  7. Анимирање на дебатата со идеи со помож на вториот дел на предходно подготвени од супервизорите “Прашања за стажантите”. Оваа дебата ќе ги доведе учесниците да си поставуваат разни прашања за избраната тематика.

    Пример: Супервизорот може да земе цитат или сцена од филмот што може да доведе до неколку толкувања. Тој ја тврди својата гледна точка и ги замолува младите да ги изразат своите, а потоа да ги објаснат и образложат. Заземањето став се прави физички, преку движење на младите во просторијата со соодветен стил на движечката дебата (учесниците седат лево од просторијата, надесно или во средина, во зависност од одбраната гледна точка). Откако ќе ја заземат својата страна, младите се охрабруваат да го искажат своето гледиште. Тие можат да го сменат своето место, но не можат да останат во средина.

  8. Заклучок и одговарање: Ова е исто така моментот кога учесниците треба да бидат прашани како се чувствуваат во врска со вежбата (дали уживаа во дебатата, филмот?) и да се охрабрат повеќе да користат ваков вид медиуми, генерално подлабоки и веродостојни од оние информации брзо пронајдени на интернет.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

  1. Супервизорите мора да им обезбедат на младите луѓе видео-датотека или пристап до платформа за гледање филм / документарец, како и листови (види прилог: табела за анализа на дебатата)
  2. Младите можат да го гледаат филмот од далечина
  3. Младите одговараат на прашањата на листовите
  4. Супервизорот креира линк на видеоконференциската платформа ЗООМ (или друга платформа) и ја испраќа до младите
  5. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна просторија“, младите се ставени во групи од страна на супервизорот (според бројот на учесници).
  6. Благодарение на споделувањето на екранот, што е возможно на повеќето од овие платформи, младите ќе можат да ги забележат нивните одговори и мислења на виртуелни белешки преку страницата.https://note.ly/ .
  7. Супервизорот може да ги искористи овие забелешки за да ја анимира дискусијата..

 

 

ПРИЛОГ: АНАЛИТИЧКА ТАБЕЛА ЗА КИНО–ДЕБАТА

 

1/ Режисерот: неговата лична приказна; кои други филмови ги има снимено?

 

2/ Ликовите на филмот: кои се овие ликови? Кои се нивните постапки? што велат тие ?

 

3/ Визуелниот стил на филмот: опис на визуелните елементи (слики, атмосфера и сл.); зошто режисерот го направил овој визуелен избор?

 

4/ Целта на филмот: дали режисерот сака да тврди нешто преку својата работа? Зошто тој избра да користи филм / документарец за да го стори тоа?

АКТИВНОСТ 2 – Создади ја твојата сопствена лажна вест

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Целта на оваа вежба е да им се покаже на учесниците колку манипулацијата со информации и создавањето лажни информации се едноставни процеси достапни за секого. На тој начин треба да ги охрабрите да бидат повнимателни кога прегледуваат или откриваат информации на социјалните мрежи.

 

Ставајќи ги на местото на сосдавачите на лажни информации или на заговорници, тие ги разбираат користените алатки и процеси, и можат поефикасно да детектираат ваков вид на содржини во нивната секојдневна употреба.

 

Природата и темата на лажните вести можат да бидат различни. Може да станува збор за комерцијална, конспиративна, научна, политичка, визуелна лажна вест или обична статија.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на просторијата: Поделете ги учесниците во групи на компјутерите.

 

2. Продукција :

 

а) Во текот на оваа фаза, учесниците ќе треба да ги изберат темите на кои сакаат да ги создадат своите лажни вести (наука, политика, итн.). Супервизорот, исто така, може да им предложи специфични теми или предмети;

б) Откако ќе бидат избрани темите, младите мора да соберат информации и аргументи со цел да манипулираат со информацијата. Тие можат, на пример, да најдат статии поврзани со нивната тема и да извадат реченици од контекст, да ги искриват, итн.; можат, исто така, да користат софтвер за уредување фотографии (на пр. Фотошоп) или да користат фотомонтажи забележани на интернет.

в) За да создадат една лажна вест, младите можат да црпат инспирација од типичната шема на лажни вести:

1/приказната мора да биде неверојатна, потресна;

2/ да знаат на кого сакаат да се обратат, од кого сакаат да привлечат внимание;

3/ да ја осудат “цензурата“ која би сакала да ја спречи циркулацијата на оваа информација;

г) За визуелен аспект, тие можат да создадат едноставна статија за „Мајкрософт Ворд“ или да користат генератор на лажни вести за да дадат повеќе “медиумски“ впечаток (еве неколку линкови : https://breakyourownnews.com/ https://www.thefakenewsgenerator.com/ https://www.worldgreynews.com/add-news

 

3. Презентација и класификација: Ред по ред, секоја група ги презентира своите лажни вести. Останатите учесници ќе треба да ги дадат своите впечатоци.

а) Супервизорот ќе ги запише забелешките на младите на табла. На крајот од овој дел, младите ќе треба да ги идентификуваат периодичните карактеристики на лажните вести од белешките запишани од супервизорот. Затоа, тие ќе мора да предложат објаснувања за лажните вести, нивните механизми, нивните цели, влијанието што може да го предизвика ширењето на овие лажни вести;

б) Тргнувајќи од објаснувањата дадени од младите, супервизорите се осврнуваат подетално на процесите на манипулација со информациите. (види ЛИСТ 8 – борба против лажни вести и ЛИСТ 10 – сликата и нејзините ризици од манипулација);

в) На крајот од оваа вежба, младите мора да дадат оценка за секоја лажна вест за да можат на крајот да ги изберат најверодостојните и најуспешните лажни вести. Младите ќе треба да објаснат зошто овие Лажни вести биле најубедливи.

 

4. Заклучок: Оваа вежба може да се користи како вовед за дискусија околу прашањето за лажни информации и манипулацијата со слики и факти.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорот треба да создаде линк на видеоконференциската платформа ZOOM и да ја испрати до младите (може да користи и друга платформа)

 

2. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна сала“, младите се распоредуваат во групи од страна на супервизорот (според бројот на учесници).

 

3. Супервизорот ги доделува темите за кои младите треба да создадат лажни вести.

 

4. Откако ќе бидат избрани темите, младите се собираат во “приватните сали“ и ја организираат нивната работа за манипулација со информацијата. За да го направат ова, тие мора да истражуваат на интернет, да најдат статии за да ја извадат содржината од контекст и да ги искриват информациите.

 

5. Тие можат да работат во живо на истиот документ преку Google Drive, Framapad или друг софтвер за онлајн колаборативно пишување.

 

6. Откако групите ќе ги создадат своите лажни вести, тие одат во “главната сала“ за да ја започнат фазата на известување. Супервизорот може да користи веб-страница “post it online” за да создаде ефект на табла (на пр. https://note.ly/ ), и да им ја покаже во живо на сите учесници преку системот за споделување екран.

АКТИВНОСТ 1 – Разликување точното од неточното : Лажни вести или не

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Целта на оваа вежба е да ги доведе учесниците да ги присвојат алатките за проверка на информацијата и да ги охрабри да си ги поставуваат вистинските прашања кога се соочуваат со сензационални информации.

 

За време на оваа вежба, тие ќе требаат да идентификуваат помеѓу повеќе статии / информации на интернет, оние што се однесуваат на некоја манипулација, и кои можат да ги класифицираат како “Лажни вести“, и оние кои пренесуваат признати и проверени информации. За крај, тие ќе мора да ја објаснат природата на овие лажни информации со одговарање на неколку прашања со цел да се отвори поопшта дискусија за манипулацијата со информациите.

 

Можни варијанти :

  • Работата на проверка може да се изврши во групи, или индивидуално.
  • Статиите може да се дистрибуираат директно до учесниците на компјутерите (со помош на USB стик или по е-пошта) или да се прикажат на екранот на видеопроектор (учесниците ќе треба да ја најдат статијата пред да почнат со класификацијата “Лажни вести или не“).

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на статиите : За оваа вежба, фазата на истражување и изборот на статии е важна затоа што ќе го одреди успехот на активноста. Презентираните статии треба да ги охрабрат учесниците да ја покажат нивната способност за анализа, за размислување и критички дух. Препорачливо е да се земат “вистински“ информации што се прилично изненадувачки, па дури и сензационални за да им се покаже на учесниците дека работите не се секогаш очигледни и дека е потребно да се има критичко размислување. Исто така, се препорачува да се изберат разни лажни информации, како што се на пример лажна вест за науката, една за политиката, друга за позната личност итн. По можност, статиите што треба да се анализираат не треба да надминуваат повеќе од 6, за да не се оптоварува вежбата.

 

2. Подготовка на просторијата : Поделете ги учесниците по групи или индивидуално на компјутери.

 

3. Дистрибуција на статии : На учесниците потоа ќе им бидат доделени статиите на кои ќе треба да работат за да знаат во кои категории да ги класифицираат (лажна информација или проверена и веродостојна информација).

 

4. Работа на проверка : За учесниците ќе стане збор за примена на методот за проверка на информацијата и новинарскиот процес (види “ЛИСТ 7 – пристапување кон информацијата со критичко размислување“). Потоа е можно да се претстави овој метод пред вежбата, или да ги оставите учесниците слободни во начинот на проверка на информацијата. Методот може природно да им дојде на младите. Меѓутоа, ако не биде објаснето на почетокот на вежбата, ќе биде важно да се навратите на крајот. Покрај тоа, бидејќи сега има многу интернет страници за проверка на фактите, некои лажни информации веројатно веќе биле проверени, учесниците ќе можат да ги користат, но ќе треба да разберат како е проверена информацијата, и во случај на лажна вест, каков процес се користело.

 

5. Одговарање : Штом работата е завршена, секој ја дава својата класификација “Лажна вест или не“ (можно е да се прикажат статиите на екранот и да се остават групите да кажат “Лажна вест“ за статија која содржи лажна информација и “Не лажна вест“ за вистинска информација). Во зависност од грешките направени од учесниците, ќе треба да се разбере зошто тие направиле грешка, и во тој момент да се направи проверка/корекција. Покрај тоа, може да се воведат варијанти на предавањето што ги поттикнува учениците да се движат, како на пример, да ги замолите учесниците да се преместат во салата според нивниот одговор (оние што мислат дека е лажна вест од десна страна, другите од лева страна). Или да се обезбедат листови во боја што младите ќе треба да ги покажат според нивните одговори (црвен лист за лажна вест, зелен лист за проверена информација).

 

6. Заклучок : Последователно, за да ја насочите уште подалеку работата за размислување и да ја отворите дискусијата, препорачливо е да им поставите на учесниците неколку прашања, на пример:

 

  • Која беше целта на овие лажни информации (измама, поттикнување омраза, промовирање на личност, изборна цел …)?
  • Кој процес беше искористен во овие лажни информации (манипулација со сликата, деконтекстуализација, модификација на вистинска информација…)?
  • Дали работата беше долга и дали би можеле да ја репродуцираат во секојдневниот живот?

 

Овие прашања може да се користат за воведување други поими присутни во педагошките листови, како што е на пример Проверката на фактите.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорот треба да создаде линк на видеоконференциската платформа ZOOM и да ја испрати до младите (можност за користење друга платформа доколку супервизорот познава некоја).

 

2. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна сала“, младите се распоредуваат во групи од страна на супервизорот.

 

3. Супервизорот им доделува статии на групите.

 

4. Групите ја напуштаат главната сала и влегуваат во “приватните сали“ (благодарение на платформата ZOOM). Тука, групите можат да ги водат своите истражувања на интернет и да ги класифицираат статиите во категориите “лажна информација“ или “проверена и веродостојна информација“. Секој може да работи самостојно и да комуницира со другите учесници на групата преку разговор или видеоконференција.

 

5. Одгобарањето се одвива во главната “виртуелна сала“. Во оваа фаза, портпаролите на групите, претходно избрани од супервизорот, ги даваат своите одговори и своите објаснувања во име на групата.

 

6. Затоа, супервизорот може да ја води дебатата заснована врз направените грешки и да се осврне на прашањето на лажните вести, нивните механизми на создавање и дистрибуција, како и нивните цели и влијание.

АКТИВНОСТ 2 – Применување на правилото на 5 W

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Цели :

  • Давање методологија за анализа на информациите што им овозможува на младите да ја проценат содржината на една статија или публикација
  • Поттикнување на учесниците да ги користат правилата на новинарството
  • Развивање критичко размислување со поставување прашања во врска со добиените информации

 

 

Дефиниција: Правилото на 5 W е новинарски процес, кој им овозможува на новинарите да ги структурираат своите коментари така што релевантните информации ќе бидат добро разбрани од јавноста. Одговара на основни прашања на информацијата:

 

Who? (Кој ?)

 

Where? (Каде?)

 

When? (Кога?)

 

Why? (Зошто?)

 

What? (Што? – за што станува збор)

 

Овој процес се впишува од критичка и методичка обработка на информацијата, кој обезбедува рамка за прием на информации. Тогаш е корисно учесниците да можат да ги идентификуваат релевантните информации од статија или објава на социјалните мрежи.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Избирање статија за локална вест или информација, тема на гласина или дезинформација

2. Поставување на учесниците во групи од по 2-ца, и приложете им ја статијата или објавата за која станува збор

3. На посебен лист (или компјутер), учесниците одговараат на 5 W со образложување што е можно повеќе, и доколку е потребно со барање информации од изворите наведени во статијата.

4. Споредување на добиените одговори за секое “W “, правејќи групна корекција и запишувајќи ја корекцијата на табла.

5. Навраќање кон вежбата и дискусиите за релевантноста на примената на овој метод во секојдневието.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

На Гугл драјв, испратете го линкот на статијата до учесниците и замолете ги да одговорат на прашањата од 5W.

АКТИВНОСТ 1 – Применување на своето критичко размислување : Градење на скала на докази

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Со нивно креирање на “скала на веродостојност“, инспирирана од научниот процес, тие учат да ги рангираат видовите на докази според нивната веродостојност. На тој начин, учениците ќе треба да ја анализираат секоја информација и да ги рангираат видовите на докази според критериум за веродостојност, од најслаби докази до најнебитни докази.

 

Цел: Покажете им на учесниците дека сите траги и докази за дадена тема не се исти.

 

Дефиниција: Што е ниво на докази?

 

Во науката, тоа е способност на една студија да одговори на поставеното прашање. Во областа на медиумска и информативна писменост, постојат неколку нивоа на докази:

 

1. Траги (слаба веродостојност):

  • Пренесено индивидуално сведочење
  • Директно индивидуално сведочење
  • Експертско мислење

 

2. Докази (сигурна веродостојност)

  • Студија на случај што ја потврдува хипотезата
  • Неколку студии на случаи кои ја потврдуваат хипотезата
  • Синтеза на студии
  • Научен консензус

 

Сепак, дури и во случај на сигурна веродостојност (научна студија, студија на случај, итн.), важно е да се одржи критичко размислување и да се биде претпазлив во врска со информациите што ги консултираме и користиме.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на вежбата: Избирање научна тема што може да биде предмет на дезинформацијата (на пр. климатски промени)

 

2. Подготовка на салата: Нацртајте “скала на веродостојност“ на таблата (види Прилог)

 

3. Делење на предлозите на хартија на учесниците на кои ќе им биде побарано да ги постават на таблата на “скалата на веродостојност“.

 

Пример на предлог :

  • Научен извештај на Меѓународната група на експерти за климата
  • Вујко ми ми рече дека “глобалното затоплување не се должи на човечка активност“
  • Научник изјавува на телевизија дека климатските промени се забрзуваат
  • Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека “глобалното затоплување не постои“
  • Итн.

 

4. Корекција : Откако предлозите ќе бидат распределени од учесниците, ќе се изврши корекција од страна на супервизорот со цел да се наредат предлозите во правилен редослед.

 

5. Групирање на докази : покрај коригираната скала на веродостојност, учесниците треба да ги класифицираат предлозите според нивото на докази, како што е наведено во презентацијата на вежбата

 

6. Дискусии : Вежбата завршува со дебата на тема научен процес и критичко размислување, за корисноста на овој процес во контекст на критичка обработка на информацијата (види ЛИСТ 7 – Пристапување кон информацијата со критичко размислување)

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТA

 

На Гугл Драјв : Презентирање на скалата на веродостојност и потполнување на предлозите подолу со цел учесниците да можат да ги рангираат. Потоа, обезбедете табла за класифицирање на предлозите по вид на докази.

АКТИВНОСТ 2 – ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа практична вежба има за цел да ги обучува младите да ги штитат своите податоци онлајн. За да се направи тоа, предавачот им помага на младите да ги променат поставките за приватност на интернет и социјалните мрежи, придружувајќи ги чекор по чекор.

 

Започнете со една социјална мрежа и направете ги промените на акаунтот постепено.

 

Цели :

 

  • Подигање на свеста на младите дека постојат едноставни начини за заштита на својата приватност на интернет и на социјалните мрежи.
  • Придружување на младите во овој процес на една социјална мрежа за да можат потоа да го применат на други.

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

Чекор 1 : Подигвање на свеста

 

1. Најавете се на вашиот акаунт на Фејсбук, од вашиот компјутер или смартфон

 

2. Сами погледнете ја добрата „меморија“ на Фејсбук: https://www.facebook.com/memories: На оваа страница, Фејсбук ви нуди пристап до содржината (фотографии, значајни настани и објави) според датумите на објавите и пријателите поврзани со објавата. Можете исто така да ги сокриете (со кликнување на “криење спомени“) и никогаш повеќе да не видите предлог за меморија за повторно објавување.

 

3. Кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Дневник на активности> Ги добивате сите ваши активности на Фејсбук и објавите од луѓето што ве споменуваат. Може да ги истражувате опциите лево од екранот, како што се Објави, Преглед низ времепловот или Таму каде што сте идентификувани, и да ги промените или избришете објавите или означувањата што ве засегаат со кликнување на нив.

 

4. Прегледајте и преземете ги сите ваши лични податоци: кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Вашите информации на Фејсбук од левата страна.

 

Чекор 2: Менување на поставките за приватност на вашиот акаунт

 

1. Приклучете се на вашиот Фејсбук акаунт.

 

2. Кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Приватност од левата страна> Ограничете го обемот на вашите објави, особено со избирање кој може да ги гледа вашите објави: по можност изберете Пријатели или Пријатели освен познаници или Блиски пријатели кога е достапно.

 

3. Сè уште во Поставки> Кликнете на Дневник и идентификација од левата страна> Ограничете кој може да дејствува на вашиот дневник и : по можност изберете Само јас или Пријатели.

 

4. Во Поставки> Кликнете на Јавни објави на левата страна> По можност изберете Пријатели за секоја опција.

 

5. Во Поставки> Кликнете на Апликации и веб-страници од левата страна> Изберете ги апликациите што повеќе не ви требаат и избришете ги.

 

Внимание: Бришењето апликација поврзана со Фејсбук може да резултира со бришење на акаунтот на предметната апликација. На пример, ако за апликацијата за резервација Букинг (Booking), се најавите со Фејсбук, може да го изгубите вашиот Букинг акаунт и сите ваши информации во врска со резервации на хотели.

 

6. Продолжете на ист начин за опциите лево Инстант игри и Професионални интеграции. Се применуваат истите ризици.

 

7. Во Поставки> Кликнете на Реклами за да го ограничите таргетирањето на рекламите> Истражете ги сите опции и особено делот Ваши информации> Истражете ги двата фолдера За вас и Ваши категории.

 

За крај, зајакнете ја вашата лозинка (ставете некоја долга и тешка: повеќе од 8 карактери). Изберете лозинка што не се користи за друг акаунт. Кликнете на менито на врвот на страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Безбедност и најавување> Кликнете на Промена на лозинка

 

Геолокализација на Фејсбук

 

Ако сте ја инсталирале апликацијата Фејсбук на вашиот мобилен уред, можеби несвесно сте дозволиле Фејсбук да ве следи!

 

За да го проверите од вашиот компјутер: во Фејсбук Постапки> Кликнете на Локација во левото мени. Ако сте ја активирале геолокацијата, Фејсбук ќе ви ја покаже историјата на вашето движење!

 

Чекор 3: Направете го истото и за вашите други акаунти на социјалните медиуми

 

Патот за пристап до поставките за приватност на социјална мрежа може да варира во зависност од уредот што го користите (компјутер, телефон) и оперативниот систем на вашиот уред (iOS, Android).

 

  • Конфигурирање на својот Инстаграм акаунт од својот телефон: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки (на дното на менито)> Приватност и безбедност> Истражете ги различните опции.
  • Конфигурирање на својот Твитер акаунт од својот компјутер или телефон: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки и безбедност> Кликнете на Приватност и безбедност > Истражете ги различните опции.
  • Конфигурирање на својот Пинтерест акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Измени поставки> Особено, консултирајте Основни поставки на акаунтот и Социјални мрежи.
  • Конфигурирање на својот Јутуб акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки> Особено, консултирајте ги Акаунт и историја и Приватност.

 

Како дополнување, проверете ги поставките на вашиот акаунт на Гугл поврзани со вашиот Јутуб акаунт: https://myaccount.google.com/privacy

 

  • Конфигурирање на својот Линкедин акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот во менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Нагодувања и приватност> Особено, консултирајте ги фолдерите Приватност и Реклами.

 

Чекор 4: Конфигурирање на својот Интернет прелистувач

 

За понатамошна заштита на вашата приватност и блокирање на реклами, можете да преземате дополнителни алатки што се инсталираат на вашиот прелистувач.

 

Постапките за конфигурација или достапноста на дополнителните алатки варираат во зависност од прелистувачот што го користите.

 

1. Блокирајте ги “колачињата на трети лица“ Ќе најдете објаснувања на страницата WikiHow : https://www.wikihow.com/Disable-Cookies

 

2. Инсталирајте блокатор на реклами како AdGuard AdBlocker, AdBlock или uBlock Origin. Внесете ги во вашиот пребарувач клучните зборови „Блокирач на реклами“ и „екстензија“ проследени со името на вашиот прелистувач, на пример: „блокатор на реклами Firefox екстензија“

 

Внимание: Инсталирањето на блокаторот на реклами може да предизвика дефект на некои страници. Можно е привремено да го деактивирате блокаторот на реклами (може да се најде во опциите на блокаторот што сте го инсталирале).

 

3. Користете режим инкогнито (приватно пребарување) за да се избегнат насочени реклами: внесете ги во вашиот пребарувач клучните зборови “Приватно пребарување“ проследени со името на прелистувачот, на пример: “приватно пребарување хром“

 

Првите неколку резултати од пребарувањето ќе ве одведат до методите за користење на режим инкогнито (приватно пребарување) на вашиот прелистувач. Приватното пребарување не вè прави анонимен. Тоа ви овозможува да не се зачувува историјата на пребарувањето, колачињата или информациите внесени во формуларите на вашиот уред.

 

Преземените датотеки и креираните фаворити се задржуваат. Вашата активност останува видлива за страниците што ги посетувате (компилација на статистичките податоци), вашиот работодавец или вашето училиште, како и вашиот давател на интернет услуги.

 

4. Активирајте „ Do Not Track “: внесете ги на вашиот пребарувач клучните зборови „Do Not Track“, проследено со името на вашиот пребарувач. Пример: „ Do Not Track Firefox“.

 

Првите неколку резултати од пребарувањето ќе ве доведат до методи за активирање на опцијата „Do Not Track“ на вашиот навигатор.