МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА

СЕСИЈА 4 – ПРЕГЛЕД НА РАЗЛИЧНИТЕ МЕДИУМИ

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – КОЛАБОРАТИВНА ПРИКАЗНА

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Табла, лист за пишување, молив, топка

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа вежба има за цел да ги деконструира претставите на “другиот“ и стереотипите. Стажантите ќе бидат охрабрени да ги истражуваат своите слики (перцепција) кон луѓето од други култури и други социјални групи.

 

За да го направат ова, стажантите ќе мора да работат во групи и да соработуваат во создавањето приказна за двајца измислени ликови, носители на идентитет (на пр. Валмир, млад Косовец и Драган, млад Србин).

 

Забелешка: Бидејќи оваа вежба се занимава со стереотипи и претставувања, може да биде корисно на почетокот на активноста да се потсетат учесниците да покажат почит едни кон други, како и кон измислените луѓе од конструираната приказна. Како таков, ако само еден елемент од приказната изгледа премногу контроверзен или непочитуван, тогаш ќе биде потребно да се интервенира за да се измени овој елемент.

 

Исто така е можно да се ограничи активноста на еден лик.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1.Подготовка на просторијата: Учесниците се распоредуваат во голем круг во салата.

 

2. Доделување улоги: Еден или повеќе стажанти треба да играат улога на набљудувачи. Тие ќе требаат да застанат надвор од кругот и да ја запишат приказната што ќе се измисли.

 

3. Останатите членови на групата ќе треба да измислат заедничка приказна . За да го направат ова, тие ќе користат топка што ќе минува од рака на рака. Оној кој ќе ја добие топката, ќе мора да додаде нешто во приказната.

 

4. Започнете ја приказната со реченица од типот: “Ова е приказна за Валмир, млад Косовар ...“ и подадете ја топката кон член на групата. Вториот ќе мора да ја продолжи приказната со додавање на измислени елементи за дадениот лик. Овој додаток може да се состои од неколку зборови до една или две реченици максимум по лице. Потоа ќе мора да ја подаде топката на друго лице.

 

5. Групата ќе мора да ја продолжи оваа вежба за да се роди приказна од оваа соработка.

 

6. По 10 или 12 кругови, во зависност од тоа колку елементи се додадени од учесниците, побарајте топката да ви биде вратена, а потоа кажете: “Валмир го познава Драган, млад Србин, кој исто така има приказна ...“. Така топката ќе помине на друг член од кругот. Тој треба да ја продолжи приказната на Драган, како и во првиот дел од вежбата, додавајќи реченица или две по лице, а потоа ја додава топката.

 

7. Активноста може да заврши откако двете приказни ќе бидат доволно долги и сите дадат придонес во создавањето на двете приказни.

 

8. Колективно одговарање и дебата: На крајот од вежбата супервизорот ја прашува групата да објасни што раскажуваат приказните за Валмир и Драган за нивните животи. Супервизорот ги наведува младите да размислуваат за стереотипите и предрасудите што произлегуваат од приказните измислени од стажантите. Главните точки ќе бидат запижани на таблата. Супервизорот може да ја анимира дебатата околу претставувањата на другиот и стереотипите.

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА

 

1. Супервизорот создава ZООМ-линк и ја испраќа до младите;

2. На платформа за пишување како Google Drive, Framapad, итн. младите можат да ја напишат својата заедничка приказна. Така, тие ќе можат да работат на заедничка датотека. Првиот ќе ја започне приказната со реченица како: “Ова е приказна за Валмир, млад Косовар ...“. Групата ќе мора да ја продолжи оваа вежба за да се појави приказната од оваа соработка.

 

3. По 10 или 12 круга, во зависност од бројот на додадени елементи од учесниците, супервизорот интервенира и додава нова реченица: “Валмир го познава Драган, млад Србин, кој исто така има приказна ...“. Заедничката приказна ќе започне одново со член на групата. Тој треба да ја продолжи приказната на Драган, како и во првиот дел од вежбата, додавајќи една или две реченици по лице.

 

4. Активноста може да заврши кога двете приказни се доволно долги и откако сите дадат придонес во создавањето на двете приказни.

 

5. Колективно одговарање и дебата: На крајот од вежбата супервизорот ја прашува групата да објасни што раскажуваат приказните за Валмир и Драган за нивните животи. Супервизорот ги наведува младите да размислуваат за стереотипите и предрасудите што произлегуваат од приказните измислени од стажантите. Главните точки ќе бидат запишани на таблата. Супервизорот може да ја стимулира дебатата со претставување на другиот и стереотипите. Супервизорот може да ja користи веб-страница “објавувај ја на Интернет“ (“post it online”) за повторно да создаде ефект на табелата (на пр. Https://note.ly/) и да ги забележи набљудувањата на учесниците.