МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 6 - ПРОДУКЦИЈА НА ГРАЃАНСКИ МЕДИУМ (РАДИО, СПИСАНИЕ, ВИДЕО)
Образовен лист 17ПОГЛАВЈЕ 17 – ДИЗАЈНИРАЊЕ ОНЛАЈН СПИСАНИЕ ЗА МЛАДИ
Ниво : Начин
образовни цели
Цел 1: Обучувачот е во можност да ги следи младите во создавањето на онлајн списание
Цел 2: Обучувачот успева да ги води младите во различните чекори на создавањето на онлајн списанието
Цел 3: Обучувачот во суштина ги знае спецификите на апликацијата Мадмагз (Madmagz)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Создавањето на едно списание им овозможува на младите да ги стекнат основните знаење развивајќи ги своите вештини (критичко размислување, тимска работа) и нивните квалитети (љубопитност и упорност).
ЧЕКОРИ НА КРЕИРАЊЕ ОНЛАЈН СПИСАНИЕ
1. Првите чекори
Првиот чекор е да се изгради тим од мотивирани луѓе кои ќе се вложат во реализирањето на проектот.
Ова е “тврдото јадро“ на редакцијата. Тие ќе бидат одговорни за:
- Избирање и пишување статии
- Фотографирање / пронаоѓање слики и видеа за илустрирање на списанието
- Пронаоѓање говорници и водење интервјуа пред нивна транскрипција
- Дистрибуирање на списанието на социјалните мрежи
За ова, најефикасно е редовно организирање на уредничкиот одбор, така што секој може да ги знае своите одговорности во продукцијата на списанието според нивните желби и склоности.
2. Дефинирање на својата формула, пронаоѓање на својот идентитет
- Поставување на прашањето за целите на медиумот: дали станува збор за придонес кон анимацијата на животот на едно средно училиште, на некое здружение? Да се промовира изразувањето на што повеќе млади луѓе? Да се поттикнат дебати меѓу нив на одредена тема?
- Дефинирање на својата цел: Учениците на едно училиште? Членовите на некое здружение? Целата заедница?
- Поставување на прашањето за уредничката линија: Во неколку редови, обидете се да ја дефинирате насоката на вашето списание: неговата амбиција, неговите омилени теми, неговиот тон (сериозен, лесен, хумористички?), природата на содржините и начинот на кој тие ќе бидат обработени во зависност од вашата цел.
- Пронаоѓање наслов за вашето списание што ќе ви помогне да го истакнете, да го потврдите неговиот идентитет и да придонесе за неговата популарност.
- Конечно, потребно е да се оценат материјалните услови поврзани со вашиот медиум според периодичноста и темпото на објавување. Бројот на членови во вашиот тим, нивната вклученост и нивната достапност се важни фактори, како и опремата со која располагате.
3. Изборот на содржините
За задржување на интересот на вашата публика, мобилизирање на нејзиното внимание и поттикнување на нивната љубопитност, мора да се внимава да се менуваат методите за обработка на информацијата.
Главните новинарски жанрови со кои располагате се:
Репортажата, истрагата и интервјуто, нота, критиката, извештајот, портретот.
За секоја тема, агол
За да избегнете напис (или портрет) предолг и тежок за читање, апсолутно е потребно да се избере агол, односно, гледна точка, да се изберат специфичните аспекти на темата што сакате да ја истакнате и да се остават останатите.
Пример: Отворањето на едно кино е тема
Туристичкото влијание на новото кино врз градот е агол.
4. Поделување на улогите
Во редакција, сите не ја извршуваат истата работа. Моделот Мадмагз (Madmagz) предлага да се подели групата на 3:
- 1 главен и одговорен уредник,
- уредници,
- редактори
(Види: Лист 17 прилог). Улогите можете да ги прилагодите ако не сакате да го следите моделот Мадмагз (Madmagz).
Сите редактори треба да ги имаат предвид шестте суштински прашања за пишување статија. Новинарот или редакторот секогаш мора да си ги поставува прашањата: кој? што? кога? каде? како? зошто?
Исто така, треба да се согласите за должината на статијата и нивото на јазик на списанието пред да се премине на пишувањето (ниту премногу возвишен ниту премногу фамилјарен).
Помеѓу останатите задачи што можат да се извршат, ги наоѓаме:
- Илустраторот/илустратока, чија работа е да слика, црта или презема фотографии, слики, звуци, илустрации или видеа (без авторски права или означувајќи го изворот) за да го илустрира списанието.
- “Комјунити менаџер“ (“community manager“) кој се грижи за наоѓањето врски поврзани со креираната содржина од редакторите за да го упати читателот кон други страници. Тој е исто така одговорен за социјалните мрежи и мора да ја промовира дистрибуцијата на списанието кон што повеќе луѓе, обрнувајќи внимание на дополнителните вреднувачки елементи на статијата како што се: насловот, поглавјето, фотографиите, кратките извадоци што ќе се појават на пребарувачот.
5. Објавувањето на списание
Откако вашето списание е завршено, можете да одлучите да го објавите во веб или хартиена верзија (види “лист 17 прилог“) според вашите желби, вашите амбиции и вашата цел.
АПЛИКАЦИЈАТА МАДМАГЗ (MADMAGZ)
Можете, за да го креирате вашето онлајн списание, да ја користите апликацијата Мадмагз (Madmagz). Нејзиниот колаборативен изглег и интерфејс овозможуваат тимска работа и поедноставување на изгледот и графичките елементи на списанието.
Мадмагз (Madmagz) (https://madmagz.com/) е веб апликација која овозможува создавање весник на едноставен и колаборативен начин. Оваа алатка нуди голема флексибилност што овозможува создавање на секаков вид списанија (училишен весник, информативен весник, дневник за патувања, асоцијативен весник итн...). Единствената граница е вашата имагинација!
Апликацијата Мадмагз (Мadmagz) им овозможува на своите корисници да создадат во група, онлајн списание кое исто така ќе може, на крајот од процесот, да се трансформира во печатена верзија.
Благодарение на различните алатки на платформата, ќе можете да:
- Изберете модел на списание што одговара на вашата содржина
- Креирате категории на страници (корици, резиме, едиторијал, статии ...)
- Пишувате статии и да ги прегледувате истите користејќи ги функциите за хиерархиска соработка
- Додадете, менувате, уредувате и бришете страниците
- Избирате опции за изледот
- Додадете фотографии, звуци, видеа и вметнете линкови кон други веб-страници
- Објавите вашето списание онлајн или во печатено издание, откако целата содржина ќе биде проверена
Сите овие чекори се објаснети и детални во “лист 17 прилог“
ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ
- Можете да го користите овој едукативен лист за да водите активност за создавање весник со млади луѓе.
- Да се погледне и “лист 17 прилог“ за апликацијата Мадмагз (Madmagz)