TALMIL

ЛАЖНИ ВЕСТИ & ИСТОРИЈА

ДЕФИНИЦИЈА

Поимот официјална историја, кој ги става во игра самите темели на историографијата, е поврзан со концептот на манипулација со фактите, а со тоа и со “лажните вести“.

 

Официјалната историја, како “колективна меморија“ или “национална меморија“, е историскиот расказ според кој еден народ го гради своето минато. Оваа официјална историја плови помеѓу фактите, лагата и митот. Според Пјер Нора, два вектори придонесуваат за појава на официјална историја: програмите за училишно образование и политичките обреди (комеморации, споменици, места на сеќавање, …)². Ако официјалните истории ги обединуваат нациите, тие исто така помагаат во зајакнувањето на воинствените националистички движења.

 

На пример, официјалната историја на Израел тврдеше до осумдесеттите години на минатиот век дека создавањето на еврејската држава во 1948 година е резултат на херојска војна на Давид (еврејската заедница) против Голијат (арапските заедници). Оваа официјална верзија подоцна беше прегледана од страна на новите историчари, кои истакнаа дека историската реалност е многу поинаква и дека војната во 1948 година особено резултирала во протерување на арапското население од територијата.

 

Друга форма на толкување на историјата се однесува на лажните вести: негационизам. Ова идеолошко движење смета дека историјата на Холокаустот или на ерменскиот геноцид е само резултат на заблудена докса која погрешно известува за настани кои, наводно, никогаш не се случиле. Со оспорувањето на самото постоење на гасните комори, негирачите се во судир со мнозинството историчари. Ова е и причината зошто негативизмот не го користи научниот метод и дека можеме повеќе да го поврземе со теоријата на заговор.

 

До скоро, негиционизмот повторно беше на насловите страници, додека преживеаните од Холокаустот го повикаа Марк Закерберг, извршниот директор на Фејсбук, да ги отстрани ревизионистичките содржини што се споделуваа на социјалната мрежа.

 

 

ИЛУСТРАЦИЈА: ХЕГЕМОНИСТИЧКАТА РЕТОРИКА НА ЗАПАДОТ ЗА БАЛКАНОТ

Историчарката Марија Тодорова го анализирала откритието на Балканот од страна на Зададот и развојот на “балканизмот“, како и хегемонистичката реторика на Зададот за источното алтер его[1]. Истражувачот покажува дека западните држави развиле “историски мит“, споредлив со лажна вест или со говор на омраза, кој се вкоренил во медиумите и во главите на западната цивилизација. Според оваа реторика иницирана од европските патници од крајот на 18 век, Балканот е сосема “различен“, во смисла на егзотичен, или на друг начин “нецивилизиран“ и „варварски“. Според оваа визија, населението на Балканот би се карактеризирало со „суровост, бруталност, нестабилност, непредвидливост“[2].

 

После балканските војни и Првата светска војна, токму овој стереотип довел до измислување на неологизмот “балканизација“. Потоа, за време на 90-тите години, војната во Југославија го вратил во живот и сила. Оваа војна, всушност, забележа на Запад развивање на нов бран на карикатури или лажни вести за Балканот, кои тврдеа, на пример, дека Србите “играат фудбал со отсечени глави“, според зборовите на германскиот министер за одбрана, преземени од страна на медиумите (Ле Монд дипломатик /Le Monde diplomatique, април 2019 година); Србите, исто така, се вели дека ги кремирале своите жртви во “печки, од типот на тие користени во Аушвиц“ (Дејли Мирор/ The Daily Mirror, 7 јули)

 

Една по една, секоја од овие лажни информации ќе бидат деконструирани – но дури по завршувањето на конфликтот – особено со истрагата на американскиот новинар Даниел Перл (Вол Стрит Журнал/ The Wall Street Journal, 31 декември 1999 година).

 

  1. Milica Bakic-Hayden and Robert M. Hayden, « Orientalist Variations on the Theme ‘Balkans’: Symbolic Geography in Recent Yugoslav Cultural Politics », Slavic Review 51 (Spring 1992), p. 1-15.

  2. Maria Todorova, op. cit., p. 119.