МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

Практични активности

АКТИВНОСТ 3 – ИГРА НА УЛОГИ НА КРУГОТ НА ИНФОРМАЦИЈАТА ПОГЛАВИЕ

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Никаква опрема

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Во играта на улоги на кругот на информацијата, учесниците ги отелотворуваат различните актери кои учествуваат во создавањето на една информација:

 

  • актери, сведоци, новинари, редактори и аниматори-техничари.

 

Предизвикот е да се подигне свеста за својствените тешкотиите на верната и објективна транскрипција на еден факт, особено кога се заснова на сведоштва.

 

Цели:

 

- Овозможување на младите да ги разберат, материјализираат и идентификуваат актерите на кругот на информацијата.

 

- Ставање учесници во чевлите на медиумските актери (игра на улоги)

 

Прво, поделете ги учесниците во 5 групи. Секоја група ќе има улога да игра во кругот на информацијата со што ги претставува различните фази претставени во делот посветен на кругот на информацијата во едукативниот лист 3.

 

Успешното изведување на оваа вежба значи дека различните групи не доаѓаат во контакт пред интеракциите и планираните размени на вежбата (идеално би било учесниците да излезат од салата и потоа да влезат во групи).

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Првично, првата група измислува настан од јавен интерес. На пример, сообраќајна несреќа во која учествувал некој политичар, демонстрација на работници по затворањето на нивната фабрика или апсење на некоја славна личност (пеач или познат актер). По консултација, далеку од другите групи, групата ќе мора да го имитира / изведе / нацрта предметниот настан само пред втората група

 

2. Втората група, чии членови глумат сведоци сами присуствуваат на изведбата на настанот, играна од првата група и ги алармираат медиумите.

 

3. Третата група, онаа на новинарите, потоа влегува на сцена: нејзините членови ги слушаат сведочењата на сведоците (од групата 2) и ја проверуваат информацијата со вкрстено проверување на сведочењата благодарение на интервјуата засновани на она што новинарите го нарекуваат „5W“. (When = Кога? Where = Каде? Who = Кој? What = Што? Why = Зошто?).

 

4. Четвртата група, таа на редакторите (настрана уште од почетокот) ги собира извештаите на интервјуата и ја презема одговорноста за пишување на кратка статија (т.е. краток синтетички напис кој го резимира настанот со одговор на „5W“).

 

5. Оваа кратка статија им се пренесува на членовите на петтата група (аниматори и техничари), кои ја шират информацијата како што им била соопштена, со аудио или видео-снимка или со симулирање на ТВ-дневник, на пример.

4-те групи што ќе ја проследуваат информацијата (од сведоците до дистрибуцијата) ќе имаат деликатна задача да пренесат информација што е можно поцелосна и неутрална. Сепак, може да биде интересно намерно да се изведе неуспешно завршување на оваа вежба со барање, на пример, на еден од сведоците од втората група да излаже за она што го видел или да измисли заговор околу настанот.

 

6. Брз преглед на вежбата ќе ни овозможи да ги поставиме следниве прашања:

- Дали информацијата била верно пренесена? Дали последната група ја пренесува информацијата која е најблиска до реалноста на фактите?

- Кои се својствените потешкотии за секој чекор / функција?

- Кои се клучните параметри за маневрирање на секоја група во однос на обработката на информацијата?

Балканскиот контекст

За оваа активност, упатете се на тематските листови “Лажни вести “ во делот “Информирај се“ на едукативната страница. Така, предавачот ќе има примери за кои информацијата била пренасочена во текот на кругот на информација.