МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ
СЕСИЈА 5 – ОНЛАЈН ГРАЃАНСТВО
Практични активностиАКТИВНОСТ 2 – Анализа на заговорничко видео
Компјутери, интернет конекција, листови за пишување, видеопроектор
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа вежба е колективно идентификување на “алатките“ користени од заговорниците (откривање на “мистерија“, реторика, анализа на детали), како и идентификување на аудиовизуелните механизми на заговорничките видеа (застрашувачка музика, глас на робот, насочена монтажа, анализа на симболи, итн.)
Еве неколку од тие елемнти што треба да се препознаат во виедото:
1. Вознемирувачка атмосфера: честопати забележуваме присуство на роботски или мистериозен глас придружен со застрашувачка музика (атмосфера на хорор филм, на пример).
2. Специјални ефекти: исто како и звучната атмосфера, визуелните ефекти како што се цртежи, фотомонтажи или “морфирање“ (“morphing“: трансформирање на лице) можат сами по себе да ја резимираат теоријата и да ја направат едноставна и лесна за помнење.
3. Добра структура и добра видео монтажа: конструкцијата често следи одредена логика, на пример, почнувајќи од историскиот елемент за да се даде научна димензија. Покрај тоа, монтажата (низата на слики) е исто така од голем интерес.
4. Цитати извадени од статии или изјави: станува збор за деконтекстуализирање на речениците на една статија, репортажа или изјави на поединец (политичар, научник, итн.) со цел да им служи на интересите на демонстрацијата.
5. Вистинити елементи што може да изненадат: овде, не станува збор за деконтекстуализирање на факт или говор, туку за употреба на факт или реална слика, како на пример, слики или видеа од мачки кои почнуваат чудно да се однесуваат.
6. Несигурни или тотално лажни елементи: меѓу псевдо-доказите на презентираната теорија, одредени измислени, многу несигурни или недокажани елементи можат да се протнат во демонстрацијата и на тој начин да го засилат ефектот на “аргументарниот мил-феј (слоеви на аргументи)“.
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Пред вежбата, да се пронајде заговорничко видео на актуелна тема или или за специфично прашање (атентати, нов светски поредок, епидемии, итн.)
2. Подготовка на просторијата: Распоредување на учесниците кон таблата или екранот и емитување на видеото користејќи видео-проектор. Треба да им се укаже на учесниците да ги запишат елементите што се користат во видеото за да ги убедат гледачите и да ја препознаат главната порака на видеото (препознавање на алатките, формата на видеото и значењето, суштината)
3. Пишување белешка: Учесниците потоа се покануваат да запишуваат белешки како што напредува видеото за да ги искажат своите коментари и впечатоци на крајот.
4. Колективно одговарање: Да се прашаат учесниците кои елементи ги забележале и да им се дадат оние елементи кои можеби не ги виделе. Ова е, исто така, време кога дискусијата може да се прошири на она што учесниците обично го гледаат на интернет: Дали некогаш виделе вакво видео? На кои теми? Дали биле убедени од ова видео? Дали видеото било насочено кон одредена заедница, кој бил претставениот непријателот? (Политичари? Банки? итн.)
АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА
1. Оваа вежба може да се направи и од далечина. Супервизорите по е-пошта го испраќаат видеото или линкот од заговорното видео пред сесијата.
2. Супервизорите го испраќаат линкот на видеоконференцијата ZООМ (или друга платформа).
3. Младите можат да работат од далечина преку Google Drive, Framapad итн. за да ги запишат најважните елементи.
4. Колективното одговарање ќе биде организирано преку платформата за далечински конференции. Супервизорот може да користи веб-страница “Објавувај ја на Интернет“(“post it online”) за повторно да создаде ефект на табла (на пр. Https://note.ly/ ) и да ги забележи набљдувањата на младите. Потоа може да ја анимира дебатата.