МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – „Час по истраги“ : Новинарска истрага по групи

Времетраење : 4-5 часови
Опрема :

Еден или повеќе смартфони, сала, претходно подготвени сведоштва (текст, аудио), интернет пристап

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

“Час по истраги“ е игра што им овозможува на младите учесници да ја разберат структурата на информацијата.

 

Конкретно, тоа е новинарска истрага во која младите се ставаат во кожата на новинарите.

 

Цели :

  • Да се разберат основите на новинарската професија, како и сериозноста што професионалните новинари мора да ја покажат за да ја потврдат точноста на информациите што ги пренесуваат.
  • Да се стане свесен за важноста на критичкото размислување кога се соочуваме со една информација.
  • Да се биде способен полесно да се извршува работата на проверка на изворите, откако ќе се изврши дел од работата на новинарот во оваа област.

 

На крај, младите се навикнуваат да го спроведуваат овој процес, кој многу брзо станува рефлекс. Ова ги спречува да паднат во стапицата на дезинформацијата.

 

Покрај поттикнувањето на тимскиот дух, запишувањето белешки, способност за синтеза и усната презентација, оваа вежба ја нагласува работата за сортирање што ја вршат професионалните новинари пред да објават една информација.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

Оваа новинарска истрага се одвива во неколку чекори:

 

1. За време на два часа, младите собираат сведоштва и документи

 

2. Овие сведоштва и документи биле претходно напишани или снимени од страна на обучувачот и “соучесниците“ (членови на педагошкиот тим, професори, членови на здружението ...)

 

3. Сведоштвата и документите се однесуваат на ист настан (на пример: мистериозното исчезнување на две лавчиња во зоолошка градина), но доаѓаат од различни извори (на пример: управителот на зоолошката, сопственикот на кафулето спроти зоолошката градина ... )

 

4. Тогаш, младите ги вкрстуваат овие документи за да се обидат да го разберат расплетот на фактите, а потоа ги испрашуваат сведоците (лице в лице или преку електронска пошта).

 

5. Потоа, тие реализираат репортажа во живо во која секој од нив ја игра улогата на новинарот, додека друг го снима, користејќи смартфон или камера.

 

6. Потоа, може да се дистрибуираат видеата на платформа по ваш избор за да ја подигнете свеста на другите млади за овие проблематики (и да им се овозможи на младите да го проценат квалитетот на нивната изведба!)

Балканскиот контекст

За оваа активност, упатете се кон тематскиот лист “Независни медиуми“ во кој е објаснет глобалниот контекст во кој балканските земји сè почесто присуствуваат во ширењето на лажни вести.