ЛАЖНИ ВЕСТИ & ПРОВЕРКА НА ФАКТИ
ДЕФИНИЈА
Проверката на фактите (fact-checking) е техника која се состои од проверка во реално време на веродостојноста на фактите и точноста на бројките претставени во медиумите од страна на политичарите и експертите. Проверката на фактите, исто така, овозможува да се процени нивото на објективност на медиумите во нивната обработка на информациите.
Проверката на фактите стана присутна алатка последниве години, појавувајќи се како средство за борба против ширењето на лажни вести. Проверката на фактите е од суштинско значење во однос на понагласениот развој на дигиталните технологии и социјалните мрежи. Поради тоа, во услови на прилив на публикации објавени од страна на корисниците (350.000 твитови се објавуваат секоја минута на Твитер), проверката на фактите овозможува да се разликува точното од неточното.
Денес, практиката на проверката на фактите се демократизираше благодарение на софтвери кои им помагаат на поединците да ги проверуваат фактите. Таа дури стана автоматизирана во 2013 година со појавата на роботи креирани да фунционираат без човечка интервенција. И, поради тоа што поголемиот дел од лажните вести, “фарми на тролови“ и измами, се шират на социјалните мрежи, дигиталните гиганти како Фејсбук, исто така, ја спроведуваат проверката на факти од 2016 година.
Една од првите платформи за проверка на фактите на глобално ниво е НВО Science Feedback, која што е член на International Fact-checking Network (Меѓународната мрежа за проверка на факти), но исто така и на програмата “Vaccine Safety Net” (“Безбедносна мрежа за вакцини“) на Светската здравствена организација. Стремежот на платформата е да им даде на научниците водечка улога во борба против дезинформацијата. Мисијата на организацијата е заложба за истакнување на еден интернет каде што корисниците имаат лесен пристап до сигурни научни информации, особено во областа на здравството и климатските промени, два итни општествени предизвика кои лачат неприкинат проток на лажни вести. За да се постигне ова, НВО води заедница од 400 научници кои применуваат ригорозен метод за проверување на најпопуларните статии. Денес, двете веб-страници за публикации Science Feedback (Climate feedback & Health Feedback) имаат вкупно 1,8 милиони прегледи на страниците во текот на периодот 2018-2020 година.
ИЛУСТРАЦИЈА : ПРОВЕРКАТА НА ФАКТИТЕ НА БАЛКАНОТ
Еден извештај на Советот на Европа за медиумското опкружување на Балканот истакнува дека Регионот масовно се соочува “со лажни вести, говори на омраза и стапици со клик, што резултираат со остар пад на довербата на населението кон медиумите“.
Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) ја потврдува важноста на лажните вести: по анализирањето на повеќе од 500 статии од 200 регионални медиуми, организацијата заклучува дека скоро сите онлајн медиуми објавиле барем една лажна вест во последните 6 месеци.
Регионот има 4 главни организации за проверка на факти, во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија:
4. Istinomer
Овие 4 организации ги засилија своите истраги и нивната соработка, во рамките на бранот на лажни вести што порасна за време на пандемијата Ковид-19. Сите тие заедно сега се дел од програмата за проверката на факти и борбата против дезинформацијата на Фејсбук. Како дел од оваа програма – со 70 сертифицирани организации за проверка на факти низ целиот свет – написите идентификувани како лажни се преместени на дното од листата на новости од страна на Фејсбук. Оваа техника ги намалува идните појави на лажни вести просечно за повеќе од 80%.