МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

Образовен лист 5

ПОГЛАВЈЕ 5 – ОД ТРАДИЦИОНАЛНИ ДО НОВИ МЕДИУМИ

Ниво : Начин

образовни цели

Цел 1: Да се знае како да се разликуваат традиционалните од новите медиуми

Цел 2: Да се разбере како социјалните медиуми го трансформираат медиумскиот пејсаж

Цел 3: Да се дознаат ризиците и можностите на “граѓанското новинарство“,

Традиционалните медиуми

Традиционалните медиуми се медиуми кои биле основани пред интернетот; Тоа се радиото, телевизијата и печатените медиуми во форма на хартија. Од 90-тите години на минатиот век и со доаѓањето на дигиталните, методите на “потрошувачка / емитување на информациите“ еволуираа, доведувајќи ги овие традиционални медиуми да ја прилагодат својата содржина за да останат што е можно поблиску до својата публика и едноставно да преживеат. Како резултат на тоа, пишаниот печат, радиото и телевизијата структурно се обновуваат нудејќи “онлајн“ верзии, но исто така и верзии прилагодени на паметни телефони (смартфони) и таблети. И покрај овие нови начини на информирање, да забележиме дека целта на традиционалните медиуми останува иста: емитување на истите информации на голема група луѓе во исто време. На примателот на информацијата е да избере дали ќе посвети особено внимание на информациите упатени до него.

 

Овие традиционални и историски медиуми, кои се карактеризираат со професионална новинарска практика и одредена крутост во нивните формати (уреднички ограничувања, периодичност), ја имаат својата репутација како нивен главен адут. И денес се сметаат за сигурен извор на информации, особено во услови на појава на ширење на вести преку социјалните медиуми.

 

 

Социјалните медиуми

Од 2004 година, се појавуваат нови медиумиски актери и се натпреваруваат со традиционалните медиуми: социјалните медиуми (нови медиуми - new media). Тоа се дигитални платформи чија содржина е генерирана од корисниците и каде што е од суштинско значење принципот на интеракција помеѓу различните корисници на интернет. Оваа логика за соработка е специфична за веб 2.0: порано гледачи на веб-страниците, корисниците на нтернет сега се актери. Меѓу најважните социјални медиуми денес се вбројуваат: Facebook, Youtube, Instagram, Twitter, Pinterest, Snapchat и Linkedin.

 

Социјалните медиуми, кои стануваат еден од главните извори на информации за јавноста, особено кај младите, се разликуваат по специфични карактеристики кои длабоко ја трансформираат медиумската средина. Овие платформи, пред сè, промовираат интеракција: програмите за вести сега се дизајнирани да бидат коментирани на социјалните мрежи и особено на Твитер, што промовира размена на идеи и размислување. Социјалните медиуми ја носат во себе и моќта на моменталност. Денес, со алатки како „LiveTweet“, корисникот може да следи настан во живо без да присуствува. Тој знае што се случило многу пред снимките од дневникот во 20 часот. Социјалните медиуми го разбија исто така и монополот на фабриката за информации што некогаш го имаа традиционалните медиуми. Со платформите како Фејсбук, секој може да биде сведок на настан и да го сподели со светот во рок од една секунда. Оваа практика роди „граѓанско новинарство“, што го прави секој корисник на социјалните мрежи потенцијален производител на вести.

 

 

Информацијата во дигиталната ера: ризици и можности

Појавата на нови дигитални форми на информации (вести на Интернет, блогови, Википедија, Јутјуб, социјални мрежи итн.) промовира поголем пристап до знаење, до слободата на изразување и учество на граѓаните. Денес забележуваме дека соживотот на печатените, аудиовизуелните и онлајн медиумите преку повеќе медиуми овозможува проширување на пристапот до информации и создавање партиципативна култура каде што граѓаните не се задоволуваат само со конзумирање на информациите туку активно придонесуваат за нејзино производство и емитување.

 

Главниот ризик од овој обновен медиумски пејзаж е дезинформацијата. Навистина, масовната употреба на социјалните мрежи доведува до размислување за вистинитоста на информациите. Кој е кредибилитетот на една индивидуа кога се произнесува на одредена тема? Зарем не ризикува да придонесе во одржувањето на конфузија околу прашањето на лажни вести и уште потешко да се разликува вистинитото од лажното на интернет? Од оваа перспектива, “класичното“ новинарство ја задржува целата своја важност. Нејзината мисија за селекција, анализа и дешифрирање на информациите останува најважна.