ЦРНА ГОРА
TALMIL

ЦРНА ГОРА

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)

    104од 180

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)

    34.33

  • Медиумска писменост (рангирање во Европа)

    32од 35

  • Медиумска писменост (скор)

    26од 100

  • Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)

    21од 40

Медиумски пејсаж

Голем број медиуми во Црна Гора се соочуваат со проблеми поврзани со финансиската одржливост и политички притисоци, а забележливи се трендови на опаѓање на квалитетот на професионалните стандарди, на ранливост на говор на омраза, дезинформации и пропаганда (1). Значаен извор на кампањи за дезинформирање и пропаганда се медиумите што доаѓаат од земјите во заедничкото јазично и говорно подрачје, првенствено таблоидите од Србија (2), чии печатени изданија се продаваат во цела Црна Гора. Политичките притисоци се мошне силни, што е видливо и кај јавниот сервис на Црна Гора (РТЦГ), чија трансформација од државна медиумска организиција кон вистински јавно-сервисен радиодифузер сè уште не е завршена (3). Најразвиените национални медиуми покажуваат знаци дека поседуваат потенција за истражувачко новинарство и специјализирано извествување (4), а на тоа поле се истакнуваат Дигиталниот форензички центар, Центарот за истражувачко новинарство и „Раскринкавање“.

Новинари

Помеѓу државите од Западен Балкан, Црна Гора има најниска позиција на глобалната листа на слободата на медиумите на Репортери без граници. Извештајот вели дека властите продолжуваат со притисоците врз медиумите и професионалните новинари, додека најсериозните случаи на насилство врз новинарите остануваат неказнети (5). Фридом Хаус, исто така, вели дека некои од најсериозните случаи на физички напади врз истражувачките новинари остануваат нерешени, додека новинарите во целина често прибегнуваат кон само-цензура за да ги избегнат заканите, политичкиот притисок, скапите судски процеси за клевета, или губењето на работното место (6).


Публика и медиумска писменост

Иако состојбите на полето на медиумската писменост во Црна Гора се неповолни, на среден и долг рок можат да се очекуваат подобрувања, знаејќи дека Црна Гора презема некои пионерски чекори во регионот на полето на внесување на медиумската писменост во образовниот систем. Според ИПСОС, мнозинството граѓани велат дека имаат доверба во медиумите. Мнозинството граѓани ги следат телевизиските вести секојдневно и веруваат дека тоа е медиумот што објавува точни и целосни информации (7).


Извори :

(1) SEEPNM, (2) Раскринкавање, (3) Европска Комисија, (4) IREX, (5) Репортери без граници (RSF), (6) Freedom House, (7) IPSOS

медиуми


Национални медиуми

Национални медиуми

Раскринкавање

Raskrinkavanje.me е платформа на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) и нејзини главни цели се борбата против медиумските манипулации, подобрување на квалитетот на медиумските содржини, медиумската писменост на читателите и почитување на професионалните стандарди на медиумската сцена на Црна Гора. „Раскринкавање“ е полноправен член на Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network – IFCN).

Одете на страницата
Регионални медиуми

Регионални медиуми

Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)

Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.

Одете на страницата