ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ
Интернетот денес стана елдорадо на производителите на лажни вести, кои ја користат моменталноста на мрежата за да понудат содржини што немаат никаква научна основа.
Овие лажни вести, кои станаа познати, можат да произлезат од теории на заговор, кампањи за манипулирање со јавното мислење, државната пропаганда, доведување во прашање на научен консензус или дури и говори на омраза против малцинствата. Сите тие се штетни по тоа што честопати се преземаат – намерно или не – од политичарите и медиумите. Така влегуваме во ера на поствистина, каде станува многу тешко да се препознае точното од неточното, мислењето од фактите, информацијата од неговата манипулација.
Како и остатокот од светот, Балканот не е имун на ширењето лажни вести. Извештајот на Советот на Европа за медиумското опкружување на Балканот подвлекува дека регионот е масовно соочен со “лажни вести, говор на омраза и стапици за кликови, што резултираше со нагло опаѓање на довербата на населението во медиумите”.
Со цел да се придружат сите во развојот на нивната способност да ги идентификуваат и деконструираат лажните вести со кои може да се соочат, ние нудиме 9 листови подолу “Препознавање на лажните вести“. Овие листови ги класифицираат лажните вести во широки категории (заговор, политика, пропаганда, итн…) со изложување на секој од механизмите за манипулација со информацијата кои се на дело. Покрај тоа, секој лист е илустриран со конкретен случај за да се просветли како се произведуваат и шират лажните вести.
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ЗАГОВОР
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ПОЛИТИКА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ПРОПАГАНДА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ПАНДЕМИЈА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ЖИВОТНА СРЕДИНА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & ИСТОРИЈА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & НАУКА
Лажни вести
ЛАЖНИ ВЕСТИ & МАЛЦИНСТВА
Лажни вести