МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

Практични активности

АКТИВНОСТ 2 – ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Смартфони и/или компјутер за секој млад / или на обучувачот (со проектор доколку е можно)

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Оваа практична вежба има за цел да ги обучува младите да ги штитат своите податоци онлајн. За да се направи тоа, предавачот им помага на младите да ги променат поставките за приватност на интернет и социјалните мрежи, придружувајќи ги чекор по чекор.

 

Започнете со една социјална мрежа и направете ги промените на акаунтот постепено.

 

Цели :

 

  • Подигање на свеста на младите дека постојат едноставни начини за заштита на својата приватност на интернет и на социјалните мрежи.
  • Придружување на младите во овој процес на една социјална мрежа за да можат потоа да го применат на други.

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

Чекор 1 : Подигвање на свеста

 

1. Најавете се на вашиот акаунт на Фејсбук, од вашиот компјутер или смартфон

 

2. Сами погледнете ја добрата „меморија“ на Фејсбук: https://www.facebook.com/memories: На оваа страница, Фејсбук ви нуди пристап до содржината (фотографии, значајни настани и објави) според датумите на објавите и пријателите поврзани со објавата. Можете исто така да ги сокриете (со кликнување на “криење спомени“) и никогаш повеќе да не видите предлог за меморија за повторно објавување.

 

3. Кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Дневник на активности> Ги добивате сите ваши активности на Фејсбук и објавите од луѓето што ве споменуваат. Може да ги истражувате опциите лево од екранот, како што се Објави, Преглед низ времепловот или Таму каде што сте идентификувани, и да ги промените или избришете објавите или означувањата што ве засегаат со кликнување на нив.

 

4. Прегледајте и преземете ги сите ваши лични податоци: кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Вашите информации на Фејсбук од левата страна.

 

Чекор 2: Менување на поставките за приватност на вашиот акаунт

 

1. Приклучете се на вашиот Фејсбук акаунт.

 

2. Кликнете на менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Приватност од левата страна> Ограничете го обемот на вашите објави, особено со избирање кој може да ги гледа вашите објави: по можност изберете Пријатели или Пријатели освен познаници или Блиски пријатели кога е достапно.

 

3. Сè уште во Поставки> Кликнете на Дневник и идентификација од левата страна> Ограничете кој може да дејствува на вашиот дневник и : по можност изберете Само јас или Пријатели.

 

4. Во Поставки> Кликнете на Јавни објави на левата страна> По можност изберете Пријатели за секоја опција.

 

5. Во Поставки> Кликнете на Апликации и веб-страници од левата страна> Изберете ги апликациите што повеќе не ви требаат и избришете ги.

 

Внимание: Бришењето апликација поврзана со Фејсбук може да резултира со бришење на акаунтот на предметната апликација. На пример, ако за апликацијата за резервација Букинг (Booking), се најавите со Фејсбук, може да го изгубите вашиот Букинг акаунт и сите ваши информации во врска со резервации на хотели.

 

6. Продолжете на ист начин за опциите лево Инстант игри и Професионални интеграции. Се применуваат истите ризици.

 

7. Во Поставки> Кликнете на Реклами за да го ограничите таргетирањето на рекламите> Истражете ги сите опции и особено делот Ваши информации> Истражете ги двата фолдера За вас и Ваши категории.

 

За крај, зајакнете ја вашата лозинка (ставете некоја долга и тешка: повеќе од 8 карактери). Изберете лозинка што не се користи за друг акаунт. Кликнете на менито на врвот на страницата> Кликнете на Поставки> Кликнете на Безбедност и најавување> Кликнете на Промена на лозинка

 

Геолокализација на Фејсбук

 

Ако сте ја инсталирале апликацијата Фејсбук на вашиот мобилен уред, можеби несвесно сте дозволиле Фејсбук да ве следи!

 

За да го проверите од вашиот компјутер: во Фејсбук Постапки> Кликнете на Локација во левото мени. Ако сте ја активирале геолокацијата, Фејсбук ќе ви ја покаже историјата на вашето движење!

 

Чекор 3: Направете го истото и за вашите други акаунти на социјалните медиуми

 

Патот за пристап до поставките за приватност на социјална мрежа може да варира во зависност од уредот што го користите (компјутер, телефон) и оперативниот систем на вашиот уред (iOS, Android).

 

  • Конфигурирање на својот Инстаграм акаунт од својот телефон: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки (на дното на менито)> Приватност и безбедност> Истражете ги различните опции.
  • Конфигурирање на својот Твитер акаунт од својот компјутер или телефон: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки и безбедност> Кликнете на Приватност и безбедност > Истражете ги различните опции.
  • Конфигурирање на својот Пинтерест акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Измени поставки> Особено, консултирајте Основни поставки на акаунтот и Социјални мрежи.
  • Конфигурирање на својот Јутуб акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот> Кликнете на Поставки> Особено, консултирајте ги Акаунт и историја и Приватност.

 

Како дополнување, проверете ги поставките на вашиот акаунт на Гугл поврзани со вашиот Јутуб акаунт: https://myaccount.google.com/privacy

 

  • Конфигурирање на својот Линкедин акаунт од својот компјутер: Пристапете до вашиот профил> Кликнете на вашата фотографија на профилот во менито на горниот дел од страницата> Кликнете на Нагодувања и приватност> Особено, консултирајте ги фолдерите Приватност и Реклами.

 

Чекор 4: Конфигурирање на својот Интернет прелистувач

 

За понатамошна заштита на вашата приватност и блокирање на реклами, можете да преземате дополнителни алатки што се инсталираат на вашиот прелистувач.

 

Постапките за конфигурација или достапноста на дополнителните алатки варираат во зависност од прелистувачот што го користите.

 

1. Блокирајте ги “колачињата на трети лица“ Ќе најдете објаснувања на страницата WikiHow : https://www.wikihow.com/Disable-Cookies

 

2. Инсталирајте блокатор на реклами како AdGuard AdBlocker, AdBlock или uBlock Origin. Внесете ги во вашиот пребарувач клучните зборови „Блокирач на реклами“ и „екстензија“ проследени со името на вашиот прелистувач, на пример: „блокатор на реклами Firefox екстензија“

 

Внимание: Инсталирањето на блокаторот на реклами може да предизвика дефект на некои страници. Можно е привремено да го деактивирате блокаторот на реклами (може да се најде во опциите на блокаторот што сте го инсталирале).

 

3. Користете режим инкогнито (приватно пребарување) за да се избегнат насочени реклами: внесете ги во вашиот пребарувач клучните зборови “Приватно пребарување“ проследени со името на прелистувачот, на пример: “приватно пребарување хром“

 

Првите неколку резултати од пребарувањето ќе ве одведат до методите за користење на режим инкогнито (приватно пребарување) на вашиот прелистувач. Приватното пребарување не вè прави анонимен. Тоа ви овозможува да не се зачувува историјата на пребарувањето, колачињата или информациите внесени во формуларите на вашиот уред.

 

Преземените датотеки и креираните фаворити се задржуваат. Вашата активност останува видлива за страниците што ги посетувате (компилација на статистичките податоци), вашиот работодавец или вашето училиште, како и вашиот давател на интернет услуги.

 

4. Активирајте „ Do Not Track “: внесете ги на вашиот пребарувач клучните зборови „Do Not Track“, проследено со името на вашиот пребарувач. Пример: „ Do Not Track Firefox“.

 

Првите неколку резултати од пребарувањето ќе ве доведат до методи за активирање на опцијата „Do Not Track“ на вашиот навигатор.