ЛИСТОВИ ПРИЛОЗИ

Практични активности

ЛИСТ БР. 17 (ПРИЛОГ) – ПРИРАЧНИК ЗА АПЛИКАЦИЈАТА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ

 

Цел 1: Обучувачот е во можност да им помогне на младите во создавањето на онлајн списание

Цел 2 : Обучувачот ги разбрал функционирањето и спецификите на апликацијата Мадмагз (Madmagz)

Цел 3 : Обучувачот успева да ги води младите во сосдавањето на списанието преку промовирање на соработката благодарение на споделувањето на врските и распределбата на улогите на секоја личност според хиерархискиот систем на страницата (главен и одгорорен уредник, уредници, редактори)

 

 

СОЗДАВАЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦА БЛАГОДАРЕНИЕ НА МАДМАГЗ (MADMAGZ)

 

1 – Идентификувајте се (преку Фејсбук, Гугл или вашиот профил на Мадмагз)

2 – Избирете го моделот што најдобро одговара на вашиот уреднички проект; Со цел да се избере најдобриот модел, прегледајте ги понудените модели

3 - Именувајте го вашето списание давајќи му наслов, број и тема

4 - Ако сакате тимски да го дизајнирате вашето списание, доделете им ги улогите на секој член на проектот. Можни се различни улоги, со повеќе или помалку обемни права: “главниот и одговорен уредник“, “уредникот“, “редакторот“.

5 - Додадете ги страниците на вашето списание (минимум 4 страници); За време на овој чекор, одберете ги насловите на страниците според уредничкиот план на вашиот проект (корица, резиме, едиторијал, статии)

6 - Интегрирајте ги различните видови на содржини на соодветните страници (текстови, линкови, слики, видеа, подкасти)

7 - Објавете го вашето списание (неповратно дејство); Можно е да направите уште еден преглед на интернет или да преземете пдф пред да ја потврдите финалната верзија на списанието.

8. Споделете го вашиот весник преку посебен интернет-линк, преку е-пошта или на социјалните мрежи!

 

 

УРЕДУВАЊЕ И ВГРАДУВАЊЕ НА ВАШАТА СОДРЖИНА

За да го уредите вашето списание, одете во рубриките на левата страна од екранот што содржат различни категории на страници: корица, резиме, едиторијал, статија ...). Секоја од овие категории ви дава широк спектар на избор за уредување.

 

Ваше е да изверете кој сакате да го користите и кој е најсоодветен за вашата содржина!

 

За да се избере дизајн, едноставно изберете го, а потоа потврдете го. За време на создавањето на вашето списание, ќе можете да додавате или бришете страници благодарение на фолдерот “преглед“ формиран од квадрат со точки, кој ви овозможува да ги видите сите страници на списанието. Потоа, треба само да селектирате копче + или - за да додадете или избришете страница.

 

За да се измени страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Фолдерите во форма на стрелка ви овозможуваат да ги преместувате страниците.

 

За да се уреди страница, кликнете на фолдерот што претставува страница и молив. Така, можете да ги прилагодите различните елементи на вашата страница: на пример, насловот, текстот или фотографиите.

 

Кликнете на полето што сакате да го измените (наслов или текст) за да ви се појават алатките за модификација (болдирање, закосено, подвлекување, порамнување…) над страницата. Можете исто така да зумирате или одзумирате за да ја прилагодите страницата според вашиот вид.

 

Внимание: полињата за текст не се проширливи. Затоа, не треба да внесувате премногу текст, инаку истиот може да биде пресечен.

 

За промена / додавање на фотографија, кликнете на неа. Имате две опции: можете да изберете слика од вашиот компјутер или да превземете една од интернет (со копирање, а потоа лепење на интернет линк на фотографијата во левата рамка), потоа да ја потврдите.

 

Откако ќе се додаде фотографијата, можете да ја уредите. Пиктограмите под сликата ви покажуваат дали квалитетот на сликата дозволува објавување на интернет и / или во печатна форма. За подобар резултат, фокусирајте се на слики со доволен квалитет и големина. Ако сакате, можете да додадете друга слика со подобар квалитет со кликнување на “промена на слика“ и потоа да потврдите.

 

 

СОРАБОТКА : ТЕОРИЈА

Да откриеме заедно како функционира една опција која е многу популарна кај нашите корисници: соработката. Навистина, создавањето училишен весник со Мадмагз (Madmagz) ви обозможува да го сторите тоа со повеќе луѓе. За ова, секој има своја улога со различни одговорности.

 

Главен и одговорен уредник:

  • Тој е одговорен за создавањето на списанието од неговиот профил
  • Тој е единствениот што може да го објави списанието
  • Тој може да покани уредници и редакторите, но и да отстрани соработници. Бидете внимателни, доколку тој отстрани еден уредник, подредените редактори автоматски ќе бидат отстранети од соработката, како и нивните страници!
  • Тој може да додава страници, да ги менува, но исто така да ги менува или брише страниците на неговите соработници.

 

Впрочем, тој може да покани други луѓе да соработуваат на неговото списание, две категории луѓе на две различни нивоа: главните уредници и основните уредници испраќајќи им специфични линкови за соработка.

 

Уредник :

  • Тој може да креира страници
  • Тој може да покани соработници (редактори)
  • Тој може да ги измени и избрише страниците на неговите соработници
  • Тој може да ги испрати своите страници и страниците на неговите соработници до уредникот, за да истиот може да ги вгради, или не, во списанието.

 

Редактор:

  • Тој може да биде поканет од уредникот или од самиот главен и одговорен уредник
  • Тој може да додава и менува страници што може да ги испрати до уредникот или до главниот и одговорен уредник, доколку бил додаден од страна на истиот.

 

Всушност, станува збор за хиерархиска структура.

 

На истиот начин, редакторите ги испраќаат своите страници до уредниците кои ги испраќаат до главниот и одговорен уредник за потврда. Доколку уредникот не е задоволен, тој може да ги врати до редакторот. Доколку главниот и одговорен уредник испратил линк за соработка директно до редакторот, истиот може директно да ги испрати своите страници до него.

 

Кога главниот и одговорен уредник е задоволен, ги проверил и потврдил сите страници, тој може да ги додаде во списанието.

 

 

ПРАКТИЧНА СОРАБОТКА

Преку овие неколку минути објаснувања и демонстрации, ќе можете да ги поделите улогите на уредниците и главните уредници на различните соработници на списанието. Како што видовме претходно, соработниците можат да имаат повеќе улоги и функции: главен и одговорен уредник, уредник или редактор.

 

Главниот и одговорен уредник може да покани неограничен број на соработници во списанието. Тие можат да ги креираат своите страници и да ги испраќаат до другите соработници.

 

За да се поканат соработници, можете да споделите еден од линковите за соработка што ви се дадени на почетокот на создавањето на вашето списание. За да го направите ова, едноставно кликнете на фолдерот "Поканувам соработници".

 

(За да поканите соработници, можете, исто такам да ги поканите и за време на издавањето, благодарение на еден пиктограм во прегледот на списанието, ќе се навратиме на тоа).

 

Правила на соработката:

 

  • Соработниците што ќе ги поканите ќе имаат пристап до нивниот сопствен простор за создавање страници што ќе можат да ви ги испратат за проверка и кои ќе можете да им ги вратите назад за измена
  • Штом сите страници се собрани, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието
  • Исто така е можно да се создаде посредничка улога, уредник, за да се создаде под-тимови.

 

Во овој случај, вие сте сопственик. Треба да кликнете на фолдерот "Разбрав", потоа ќе ви биде понудено да управувате со вашите соработници.

 

На оваа страница можете:

  • Испратете линк за соработка до уредникот или до редакторот и копирајте ги прикажаните линкови, потоа да им ги испратите
  • Кога имате соработници, можете да им испратите страници или да го избришете соработникот користејќи ја иконата со стрелка и корпа.

 

Сега да се ставиме на местото на уредникот кој го добива линкот. Тој мора да го пополни своето име и да кликне на “соработува“.

 

На неговиот простор, уредникот:

  • нема пристап до списанието како целина
  • Може да создава страници со моделот дизајниран од главниот и одговорен уредник и да му ги испрати
  • Откако страницата ќе биде испратена до главниот и одговорен уредник, таа ќе исчезне од интерфејсот за најава на уредникот.

 

Како главен и одговорен уредник, ги добивате страниците и можете да ги консултирате, да ги менувате, бришете или повторно да ги испратите во случај на измена.

 

За повторно испраќање, едноставно изберете ја страницата и кликнете на копчето за испраќање на страницата. Откако ќе се испрати повторно, страницата веќе не се појавува во просторот на главниот и одговорен уредник, туку во просторот на уредникот, кој може да ја измени и потоа повторно да ја испрати.

 

За да управувате со списокот на соработници, кликнете на иконата што претставува три лица.

 

Уредникот исто така може да покани соработници и да управува со нив со кликнување на иконата од долниот лев агол на интерфејсот (над копчето пауза). Единствената разлика е во тоа што уредникот може да испраќа линкови за соработка до редакторите.

 

Редакторите ќе пристигне на почетната страница каде ќе му биде побарано неговото име, потоа ќе има пристап до неговиот простор и ќе може да изработува страници на ист начин како што е објаснето погоре. Тој ќе мора да ги испрати своите страници до лицето кое го поканило директно за потврда или корекција.

 

Откако ќе ги добие, провери, коригира и потврди сите страници, главниот и одговорен уредник може да го објави списанието.

 

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО

Објавувањето на вашето списание конечно пристигна !

 

Откако списанието е завршено, можете да го објавите. Но, пред тоа, важно е да направите неколку проверки:

  • можете да генерирате преглед на интернет-верзија на вашето списание (иконата око)
  • или преземете во пдф - со висока дефиниција- прегледот на вашето списание (иконата листови)
  • тогаш можете да проверите дали текстот и сликите се правилно поставени, како и квалитетот на сликите.

 

Внимание:

  • Вкупниот број на страници мора да биде множител на 4, а минималниот број на страници мора да биде еднаков на 4. Ако не го почитувате едно од овие две правила, нема да можете да го објавите вашето списание.
  • Објавувањето на списанието е неповратно.

За објавување на списанието, мора да притиснете на “објавување“.

Пред да го објавите вашето списание, можете да го промените:

  • насловот
  • бројот

Останува само да притиснете на “објавување“.

 

Честитки, штотуку го создадовте вашето прво списание Мадмагз (Madmagz)!

 

Методи на објавување:

Премиум Списание:

  • Овој метод на дистрибуција ви овозможува да го споделите вашето списание преку е-пошта со линкот на веб-списанието, но исто така и на Фејсбук, Твитер или да го интегрирате на вашата страница или вашиот блог, благодарение на интеграцискиот код кој се менува според уредувањето кое го избравте и на големината на пиксели на вашето списание.
  • Штом вашето списание биде објавено, можете да додадете интеракции: линкови, видеа, звук, гифови, но исто така да управувате со доверливоста и да знаете колку пати е консултирано!

ПДФ :

  • Овој ПДФ е совршен за читање на екран, но со слаб квалитет на печатење. ПДФ-от е достапен веднаш по купувањето со кликнување на “преземање“.

Печатен ПДФ :

  • Ова е препорачаниот метод за дистрибуција ако сакате сами да го испечатите списанието. Можете да изберете помеѓу два вида печатење: домашно (на вашиот печатач) или професионално, на печатница (за подобар резултат).

 

 

ИНСПИРАЦИЈА И ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА

Скоро сте готови ! Ве покануваме да го посетите блогот на Мадмагз Еду (Madmagz Edu), каде што се наоѓаат многу примери на употреба од кои можете да добиете инспирација за создавање на вашето училишно списание.

 

Можете да најдете списанија што се создадени од страна на основци, средношколци, ученици како дел од одредени проекти во нивните училишта, на час или во групи.

 

Можете, исто така, да го доставите вашиот проект и да најдете едукативни активности создадени од Мадмагз (Madmagz).

 

Пример а употреба: Клас од 8-мо одд. се забавуваше да ја раскаже повторно приказната на Клетници во интерактивно и колаборативно списание, фокусирано на оваа тема и на животот на авторот, Виктор Иго. Учениците додадоа звук, видеа (кога ставате видеа на вашето списание, можете да ги прочитате во формат „читач“). Тие исто така ставиле линк кон страницата на нивното училиште.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСУРСИ

 

https://madmagz.com/страница Мадмагз (Madmagz)

https://madmagz.com/faqЧесто поставувани прашања