МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА
СЕСИЈА 4 – ПРЕГЛЕД НА РАЗЛИЧНИТЕ МЕДИУМИ
Практични активностиАКТИВНОСТ 2 – Создавање приказна од една слика
За емитување на сликата : Компјутер или фотографија на хартија или видеопроектор и бела позадина на екран или табла
За да се испишен приказната : Компјутер или лист од хартија и пенкало
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Цели:
- Да се разберат предностите и ограничувањата на сликата како извор на информација
- Мобилизација на сопствените претставувања за реалноста за да се успее да се доведат во прашање и да се деконструираат
Оваа активност предлага да се работи околу сликата и нејзините можни интерпретации. Од учесниците ќе биде побарано да развијат приказна од фотографија или кратко видео.
Истата слика ќе им биде прикажана на неколку групи (во форма на хартија или на видеопроектор). Секоја група, без консултација со другите, тогаш ќе треба да предложи натпис и / или да ја раскаже приказната за оваа фотографија.
Mожна варијација на вежбата :
- При објаснување на упатствата, можно е да се дадат упатства за приказните што треба да се измислат. На пример, една група ќе мора да даде прилично позитивно, смешно толкување на сликата, или друга ќе треба да ја претстави фотографијата како нешто негативно, или тажно.
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
- Избор на слики: супервизорите однапред треба да се подготват за вежбата со истражување фотографии или видеа што може да бидат предмет на интерпретација или кои биле неодамна изманипулирани или лажирани во вестите. Исто така е можно да се изберат амблематски и потенцијално непознати фотографии на младите учесници (на пример, фотографија на човек кој стои пред тенковите на кинеската армија за време на демонстрациите на плоштадот Тјан Анмен, во 1989 година, во Народна Република Кина).
- Подготовка на просторијата: Формирајте групи учесници и поставете ги што е можно подалеку, за да не можат да влијаат едни на други.
- Прегледување на фотографијата: Активноста може да се одвива на два начина, или со проектирање на сликата на екранот, така што секоја група може да ја види, а потоа да ја измислува приказната на хартија или на компјутер. Или е можно да се даде сликата индивидуално на секоја група, на хартија или на компјутер.
- Измислување на приказната: Учесниците ќе можат да си дадат слобода на нивното толкување на сликата и да измислат / напишат повеќе или помалку долг расказ според нивната инспирација или посакуваната емоција (или во форма на новинарски напис, или во форма на раскажана приказна).
- Колективно одговарање: во овој момент од вежбата, секоја група наизменично ќе ја презентира својата приказна пред останатите учесници, што ќе им овозможи да ги набљудуваат и реагираат на различните добиени резултати.
- Проверка на изворот: откако секоја група ќе заврши, тогаш ќе биде потребно да се открие вистинската приказна зад фотографијата со потсетување на вистинскиот контекст во кој истата е направена (што исто така може да доведе до фаза на проверување на фактите) (види “ЛИСТ 8 - борба против лажни вести“ и “ЛИСТ 7 – пристапување кон информацијата со критичко размислување)
- Тогаш вежбата може да се заврши за заедничка дебата околу употребата на сликата како доказ и нејзини пожни манипулации и толкувања.
АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА
1. Супервизорите треба претходно да ја подготват вежбата. Тие мора да бараат фотографии за да ги испратат по е-пошта до младите;
2. Супервизорот создава ZOOM-линк (или линк преку друга платформа) и ја испраќа до младите;
3. Собрани во видеоконференција со супервизорот, младите ќе можат повторно да ја прегледаат фотографијата.
4. Супервизорот создава групи на млади. Секоја група ќе се состане користејќи го системот “одвоени простории“ обезбеден од платформи за далечински конференции (на пр. ЗООМ). Учесниците ќе можат да си дадат слобода на нивното толкување на сликата и да измислат / напишат повеќе или помалку кратка приказна според нивната инспирација или посакуваната емоција (или како новинарски напис, или како раскажана приказна). Тие работат на заедничка датотека на Google Drive, Framapad или други платформи.
5. Откако ќе заврши работата со пишувањето, сите млади влегуваат во “главната просторија“. Тука, секоја група ќе мора наизменично да ја презентира својата приказна пред останатите учесници, што ќе им овозможи да ги набљудуваат и реагираат на различните добиени резултати.
6. Откако секоја група ќе заврши, тогаш ќе биде потребно да се открие вистинската приказна зад фотографијата со потсетување на вистинскиот контекст во кој е направена.
7. Вежбата потоа може да заврши со заедничка дебата околу употребата на сликата како доказ и нејзините можни манипулации и толкувања.