Author Archives: philippe.morlhon@mouvement-up.fr

ПОГЛАВЈЕ 15 – АНИМИРАЊЕ РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕДИУМСКА ИНКУБАЦИЈА

Како да се почне ?

 

Првите чекори

Првиот чекор е да се изгради тим од високо мотивирани луѓе кои ќе се вложат во реализација на проектот како и негово спроведување. Ова е “тврдото јадро“ на редакцијата. Можете исто така да соберете повремени или редовни соработници кои ќе бидат задолжени за колумните, фотографиите, создавањето џинглови, микро-тротоарите, интервјуата, социјалните мрежи, поставувањето онлајн на подкасти, програмирањето на гостите. Тогаш се работи на изготвување список на сите фази на реализација на вашиот медиум и, како и распределување на одговорностите според желбите на секој од нив.

 

Дефинирање на сопствена формула, пронаоѓање на сопствен идентитет

 

  • Да се постави прашањето за целите на медиумите: дали станува збор за придонес кон анимацијата на животот на едно средно училиште, на некое здружение? Да се ​​промовира изразување на што повеќе млади луѓе? Да се ​​поттикнат дебати меѓу нив на тема медиуми?
  • Да се утврди целната група: учениците на едно училиште? Членовите на здружение? Целата заедница?
  • Да се постави прашањето на тоналитет е исто така клучно: Дали сакате да се фокусирате на хуморот? Сатирата? Продлабочен и документиран пристап кон суштински теми? Директен или повеќе литературен стил?
  • Прашањето за избор на наслов (и на лого) исто така мора сериозно да се сфати затоа што ќе помогне да се разликува, да се афирмира неговиот идентитет и ќе учествува во озлогласувањето на вашиот медиум.
  • Конечно мора да ги процените материјалните услови поврзани со вашиот медиум според зачестеноста и темпото на објавување. Бројот на членовите на вашиот тим, нивното вложување и нивната достапност се важни фактори, како и опремата и буџетот што ги имате.

 

Изберете го рецептот за вашиот медиум

За да го задржите интересот на вашата публика, задржете го нејзиното внимание и поттикнете ја нејзината љубопитност, мора да се внимава да се менуваат методите за обработка на информациите.

 

Ова се главните новинарски жанрови што ви се достапни:

 

Репоптажата, истражувањето и интервјуто се главните жанрови на новинарството.

 

Објавата, едиторијалот, кратката статија, хрониката, критиката, извештајот, портретот, микро-тротоарот ви нудат разновидна палета што ќе ви овозможи да го направите вашиот медиум разновиден.

 

Да се создаде темата

  • Одредување на аголот

Изборот на темата е само првиот чекор. Вие нема да можете да пристапите кон сите аспекти на темата што сте ја одбрале. Можно е да завршите со предолг напис, густ и тежок за читање, накусо, да си ја изгубите публиката. Затоа е потребно да се избере агол, односно, гледна точка, да се изберат посебните аспекти на предметот што сакате да ги истакнете и да ги оставите другите настрана.

На пример: подкастот е предмет, а местото на жените во подкастот е агол.

  • Шестте суштински прашања

За да напише статија, студентскиот новинар мора да си ги постави прашањата: Кој? Што? Кога? Каде? Како? Зошто?

 

Создавање и опстанок на еден медиум

  • Симулирајте уреднички одбор:
  • Организирање уреднички состанок ви овозможува најпрво да ги соберете и презентирате различните актери на медиумот, но исто така и да го одредите името на ТВ дневникот
  • Ова потоа овозможува да се дискутира за уредничката линија, темите што треба да се обработуваат, од сите можни агли но и формати (репортажа, интервју, дебата, блиц инфо).

Идеално е да се организира овој одбор еднаш неделно или со цел да се создаде редовен состанок за промовирање на ангажманот.

  • Распределба на улогите:

Ова е и прилика за:

  • Распределба на улогите на “новинарите“, на “експертите“, на водители, на техничарите (сниматели, монтажери) да се утврди кој што ќе работи
  • Да се насочуваат активностите на секој за да се помогне при подготовка на нивните задачи (истражувања, прашалници, репортажа, интервју)
  • Да се формираат групи (бином, трио) според желбите и вештините на секој
  • Младите ќе треба да создадат визуелниот идентитет на нивниот медиум:
  • Обучувачот може да оди со младите на веб-страницата “Canva” (https://www.canva.com/) и да креира со нив визуелни алатки за нивниот блог (лого,банер, илустрација…)
  • Обучувачот исто така може да се повика на алатките што ги нуди апликација Madmagz, специјализирана за создавање весници (печатени или онлајн) за млади : https://madmagz.com/ (види лист 17)

 

Објавување и вреднување на една информација :

  • За да ја направите вашата содржина видлива на веб-страници како Вордпрес (WordPress), важно е да обрнете внимание на дополнителните елементи за вреднување на статијата како што се: насловот, поглавјето, фотографиите, кратките извадоци што ќе се појават на пребарувачите.
  • Овие елементи мора да бидат привлечни за брзо да го привлечат вниманието и љубопитноста на читателот.
  • Таговите (клучните зборови кои се однесуваат на тематиките и темите опфатени во статијата) се исто така важни затоа што овозможуваат подобро референцирање.
  • Социјалните мрежи можат да бидат истовремено простори за изразување и објавување содржини како и простори за вреднување. Не треба да се двоумите да бидете присутни на неколку социјални медиуми, бидејќи на тој начин содржината е достапна за што повеќе луѓе. Текстовите за вреднување мора да бидат кратки и јасни.
  • Без оглед на медиумот или поддршката (фотографии, видеа или звуци), врските со други страници се од суштинско значење.

 

Статија која содржи еден или повеќе од овие елементи е многу повеќе посетена отколку статија кој содржи само текст и не дозволува интеракција со други простори.

 

  • Исто така, потребно е да се биде внимателен на ниво на јазикот, кој не смее да биде ниту премногу литературен, ниту премногу говорен.

 

ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ

Овој педагошки лист може да се искористи и како основа за организирање активност за создавање медиум со младите.

ПОГЛАВЈЕ 7 – ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИНФОРМАЦИЈАТА СО КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Критичко размислување, концепт во суштината на медиумската писменост

Како дел од медиумската писменост, концептот на критичкото размислување се состои од внимателно испитување на достапните информации, документирајќи се за нив и ставајќи ги на тест на демонстрација. Ова е критички поглед што ги отфрла амалгамите, избрзаните генерализации, фиксни идеи, предрасуди и изјави без доказ. Општо земено, тоа е можност за расудување на автономен, рационален и свесен начин. Станува збор, исто така, и за капацитет за анализа и разбирање на медиумските содржини, земајќи ги предвид намерите на нивните автори.

 

Критичкото размислување се заснова на три принципи :

 

  • Принцип на автономија : да се биде способен за самостојно размислување, независно од луѓето кои нè опкружуваат, од нашата средина.
  • Интроспективен принцип: Станува збор за свесноста за нашите граници во разбирањето на феномените, влијанието на нашите когнитивни пристрасности, нашите емоции и од останатите врз нашето расудување и нашите верувања.
  • Принцип на учење: критичкото размислување се учи и се стекнува преку обезбедување на знаење и на прашања што се погодни за интелектуалното будење. Може да има конкретни форми, како што е споредбата на хипотези или проверката на изворите на информацијата.

 

Конкретно, примената на своето критичко размислување при пристапувањето кон медиумите се состои во придржување кон следниве практики:

 

  • Информирање: одвојување време за само информирање, соочување со информациите и разбирирање пред да се суди, коментира или да сподели
  • Проценка на информацијата: идентификување и проверување на изворите на информацијата пред да биде потврдена
  • Разликување на фактите од толкувањата: одделување на вистинските факти од толкувањето на настаните
  • Соочување на толкувањата: запознавање со различните толкувања што можат да ја создадат информацијата и прифаќање на оваа плуралност
  • Давање приоритет на толкувањата: разликување, по редослед на легитимност, толкувањата потврдени преку искуството и истражувањето, хипотезите и мислењата поврзани со нашите верувања.

 

 

Новинарскиот процес на проверка на информацијата

Критичкото размислување е во центарот на новинарскиот процес кој вклучува ригорозна обработка на информацијата пред нејзиното емитување. Така, новинарот ќе води истрага и соочување со изворите; Се заснова на анализа и ставање во перспектива на фактите и можните објаснувања.

 

Новинарскиот процес е уште посуштински во ова време на дигиталното општество, обележано со ширењето на лажни информации, слики и фалсификувани видеа на интернет.

 

Како дел од медиумската писменост, новинарскиот процес на проверка на информацијата е популаризиран и прилагоден на практиките на младите во форма на список на добри практики:

 

  • Проверување на природата на страницата каде што сме ја консултирале информацијата. Фолдерите “услови за користење“ или “за нас“ обично се користат за идентификување на видот на страницата што ја гледате (блог, хумористична страница, институционална страница, итн.);
  • Навраќање кон изворот на информацијата. Многу често на интернет, информациите се споделуваат, се шират, а понекогаш исто така се искривени, деконтекстуализирани или толкувани. Затоа е важно да се открие од каде потекнуваат информациите
  • Гледање на датумот на објавување на информацијата. Во денешно време, една информација брзо застарува или, честопати, е веќе потврдена или негирана
  • Проверување на идентитетот и веродостојноста на авторот на информацијата. Дали станува збор за новинар? Дали е експерт за темата за која пишува?
  • Идентификување на неговата цел и намера. Дали тој се обидува да нè информира? Да нè манипулира? Да ни продаде нешто?
  • Запрашување за вистинските прашања. Да се биде љубопитен и способен да го преиспитате авторот, без да паднете во недоверба или параноја.

 

 

Значење на потврдувањето на изворите

Изворот е потеклото на информацијата, појдовна точка, исто така зборуваме за „навраќање“ до изворот за да се открие од каде доаѓа информацијата.

 

Двојната проверка на информацијата е едно од најважните правила на новинарството. Зголемената брзина на информирањето, делумно поврзана со појавата на социјалните мрежи и економските притисоци врз публиката, за жал го истиснуваат овој принцип.

 

Сигурен извор е најчесто квалификувано лице или структура (експерт или кој има знаење) на одредена тема, давајќи информации за оваа тема.

 

За да се добие во веродостојност и да се има шанси да се сметаат за точни, мора да се најде информација, потврдена од други извори на информации и / или да се пребарува на други медиуми. Тогаш велиме дека информацијата мора да бидe вкрстена со други за да биде проверена.

 

Постојат четири главни видови на извори:

  • Институционалните извори: јавни власти, државни власти;
  • Посредните извори: здруженија, професионални организации, политички партии, синдикати;
  • Личните извори: дискретни извори, дури и тајни, од кои новинарот има корист во круговите на моќ и професионалните кругови;
  • Повремени извори: спонтани извори, понудените или бараните сведоштва по случаен избор зависно од околностите, сведоците на некој настан;

ПОГЛАВЈЕ 6 – ДИГИТАЛНИТЕ МЕДИУМИ : РИЗИЦИ И МОЖНОСТИ

Интернет можности и ризици за младите луѓе

Интернетот и мобилниот телефон, надвор од нивната забавна природа, нудат нова форма на социјализација, размена и пристап до основните знаења за децата и адолесцентите денес. Овие нови технологии претставуваат огромна можност да го подобрат квалитетот на животот на младите низ целиот свет и да стават неограничено количество знаење со само еден клик во сите основни области на нивното постоење (образование, здравство, наука, култура, итн.) . Но, напредокот на дигиталната ера не е без цена. Оваа виртуелна револуција создаде опасности и ризици, честопати како оние во реалниот свет, со кои се соочуваат младите на интернет.

 

УНЕСКО ги идентификува и класифицира овие ризици кои им се закануваат на младите преку интернет. Овие вклучуваат изложеност на педофилска содржина, говор на омраза, лажни вести; Овие ризици се поврзани и со несоодветно рекламирање, комерцијална измама или манипулација со лични податоци.

 

Образованието е најдобриот начин да се одговори на овие закани кои го демнат секој млад корисник кој се движи низ дигиталниот свет. Преку медиумската писменост, од суштинско значење е родителите и надзорниците да ги пренесат најдобрите практики на младите за да останат безбедни на интернет.

 

Ова вклучува особено соодветно управување со нивниот дигитален идентитет на интернет, преку следење на нивните социјални мрежи или заштита на нивните лични податоци. Подигањето на свеста за граѓанска култура преку интернет е исто така важно: со почитување на приватноста на другите, размислување пред објавување на одредена содржина, почитување на правото на угледот на колегите студенти … Ова се основни правила за да се спречат злоупотреби како што е сајбер вознемирување.

 

 

Подигање на свеста кај младите за меурчињата на филтри

Дигиталните платформи, како што се Гугл и Фејсбук, користат алгоритми за да ни понудат содржини засновани на нашето однесување на корисник, т.е. на нашите претходни интеракции (кликови, допаѓања, набавки, историја на прелистување). Преку алгоритмите, дигиталните компании ни нудат персонализирано прелистување, заснована на предвидлива анализа која има за цел да ги предвиди нашите очекувања. За веб-гигантите, целта е да влијаат на нашето однесување во комерцијални цели.

 

Влијанието на алгоритмите е далеку од беззопасно. Ги соочува корисниците на интернет и потрошувачите кои сме – а особено најмладите – со проблемот на меурчињата на филтри. Ова е “состојба во која се наоѓа корисникот на интернет кога информациите до кои пристапува на интернет се резултат на персонализација извршена без негово знаење“. Терминот “меур на филтри“ се однесува на изолацијата произведена од овој механизам: секој корисник на интернет пристапува до различна и единствена верзија на мрежата. Затоа постои ризик да остане заклучен во тесен дигитален свет кој постојано ги турка истите типови на содржини. Ова алгоритамско заклучување драматично ги исцрпува изворите на информации, го намалува вниманието и ги уништува вештините за критичко размислување. Корисникот потоа е лишен од теоретската отвореност ветена од интернетот и не е веќе во можст за конфронтација со бројноста на идеи и мислења, елемент кој сепак е во срцето на интелектуалниот развој.

 

Ова е причината зошто медиумската писменост има за цел да ги научи граѓаните за опасностите од алгоритамското затворање. Да се разбере неговата механика е суштински чекор за да се ослободиме од него и да ги збогатиме изворите. Ова е главен услов за да интернетот ги исполни првичните ветувања за еманципација и слобода.

ПОГЛАВЈЕ 5 – ОД ТРАДИЦИОНАЛНИ ДО НОВИ МЕДИУМИ

Традиционалните медиуми

Традиционалните медиуми се медиуми кои биле основани пред интернетот; Тоа се радиото, телевизијата и печатените медиуми во форма на хартија. Од 90-тите години на минатиот век и со доаѓањето на дигиталните, методите на “потрошувачка / емитување на информациите“ еволуираа, доведувајќи ги овие традиционални медиуми да ја прилагодат својата содржина за да останат што е можно поблиску до својата публика и едноставно да преживеат. Како резултат на тоа, пишаниот печат, радиото и телевизијата структурно се обновуваат нудејќи “онлајн“ верзии, но исто така и верзии прилагодени на паметни телефони (смартфони) и таблети. И покрај овие нови начини на информирање, да забележиме дека целта на традиционалните медиуми останува иста: емитување на истите информации на голема група луѓе во исто време. На примателот на информацијата е да избере дали ќе посвети особено внимание на информациите упатени до него.

 

Овие традиционални и историски медиуми, кои се карактеризираат со професионална новинарска практика и одредена крутост во нивните формати (уреднички ограничувања, периодичност), ја имаат својата репутација како нивен главен адут. И денес се сметаат за сигурен извор на информации, особено во услови на појава на ширење на вести преку социјалните медиуми.

 

 

Социјалните медиуми

Од 2004 година, се појавуваат нови медиумиски актери и се натпреваруваат со традиционалните медиуми: социјалните медиуми (нови медиуми – new media). Тоа се дигитални платформи чија содржина е генерирана од корисниците и каде што е од суштинско значење принципот на интеракција помеѓу различните корисници на интернет. Оваа логика за соработка е специфична за веб 2.0: порано гледачи на веб-страниците, корисниците на нтернет сега се актери. Меѓу најважните социјални медиуми денес се вбројуваат: Facebook, Youtube, Instagram, Twitter, Pinterest, Snapchat и Linkedin.

 

Социјалните медиуми, кои стануваат еден од главните извори на информации за јавноста, особено кај младите, се разликуваат по специфични карактеристики кои длабоко ја трансформираат медиумската средина. Овие платформи, пред сè, промовираат интеракција: програмите за вести сега се дизајнирани да бидат коментирани на социјалните мрежи и особено на Твитер, што промовира размена на идеи и размислување. Социјалните медиуми ја носат во себе и моќта на моменталност. Денес, со алатки како „LiveTweet“, корисникот може да следи настан во живо без да присуствува. Тој знае што се случило многу пред снимките од дневникот во 20 часот. Социјалните медиуми го разбија исто така и монополот на фабриката за информации што некогаш го имаа традиционалните медиуми. Со платформите како Фејсбук, секој може да биде сведок на настан и да го сподели со светот во рок од една секунда. Оваа практика роди „граѓанско новинарство“, што го прави секој корисник на социјалните мрежи потенцијален производител на вести.

 

 

Информацијата во дигиталната ера: ризици и можности

Појавата на нови дигитални форми на информации (вести на Интернет, блогови, Википедија, Јутјуб, социјални мрежи итн.) промовира поголем пристап до знаење, до слободата на изразување и учество на граѓаните. Денес забележуваме дека соживотот на печатените, аудиовизуелните и онлајн медиумите преку повеќе медиуми овозможува проширување на пристапот до информации и создавање партиципативна култура каде што граѓаните не се задоволуваат само со конзумирање на информациите туку активно придонесуваат за нејзино производство и емитување.

 

Главниот ризик од овој обновен медиумски пејзаж е дезинформацијата. Навистина, масовната употреба на социјалните мрежи доведува до размислување за вистинитоста на информациите. Кој е кредибилитетот на една индивидуа кога се произнесува на одредена тема? Зарем не ризикува да придонесе во одржувањето на конфузија околу прашањето на лажни вести и уште потешко да се разликува вистинитото од лажното на интернет? Од оваа перспектива, “класичното“ новинарство ја задржува целата своја важност. Нејзината мисија за селекција, анализа и дешифрирање на информациите останува најважна.

ПОГЛАВЈЕ 2 – ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

ДЕФИНИЦИЈА НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Според дефиницијата зацртана од УНЕСКО, целта на медиумската писмесност е да се направи секој граѓанин активен, автономен и критички настроен кон кој било медиумски документ или уред чиј примател или корисник е тој. Оваа дисциплина се однесува на сите печатени, аудиовизуелни или електронски медиуми, без оглед на нивните технолошки алатки (пишан печат, радио, кино, ТВ, онлајн медиуми, социјални мрежи, дигитални платформи). Не е ограничена на кој било жанр на медиуми и затоа го опфаќа целиот спектар на комуникации: информативен, убедлив, забавен или лесен за корисниците.

 

И понатаму според УНЕСКО, медиумска писменост треба да овозможи секој граѓанин да ги совлада јазиците на медиумите и да се обучува за алатките за толкување, изразување и комуникација преку медиумите. Во оваа смисла, медиумската писменост ги подготвува поединците да бидат одговорни граѓани, способни да придонесат за развој на демократско општество. Така, се чини дека медиумската писменост е тесно поврзана со образованието за граѓанство. Користењето на медиумите на младите – идни граѓани – во голема мера го условува нивниот однос кон општеството, слободата на изразување и културата. Ова е причината зошто медиумската писменост овозможува да се доведат во прашање стереотипите, дискурсните стапици, предрасудите или толкувањето на пораките. На крајот на краиштата, дисциплината има за цел да ги инспирира обучувачите и младите во развојот на клучните вештини за разбирање на современите проблеми и да се позиционираат како активни, критични, креативни и обединети граѓани.

 

Но, можеби токму самите ученици најдобро ја дефинираат медиумската писменост. Така, класен корисник на МИП програма во гимназијата Пјер де Кубертен во Франција, го понуди следното резиме на нивното учење: „Живееме во општество каде што ехото на светот е моментално и многу често погрешно. Сè оди многу брзо, понекогаш премногу. Поради брзината на ширење на социјалните мрежи, јазолот се зголемува меѓу традиционалните медиуми и населението. Ние, хиперповрзаните млади луѓе обично први ги примаме, а потоа пренесувате информациите. Значи, ние сме тие што мора да научиме да ги декодираме медиумите и вестите. Значи, ние сме тие што мора да бидеме едуцирани за медиумите “

 

 

ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ

Вештини што треба да ги стекнат младите

 

УНЕСКО ги дефинираше 6-те клучни вештини што секој млад човек треба да ги стекне преку медиумска писменост:

  1. Да се сфати работата на новинарите и како функционираат медиумите
  2. Да се умее како да се пристапи до сигурна информација и да се идентификуваат нејзините извори
  3. Да се развијат критичкото размислување и способноста за дешифрирање на информациите
  4. Да се заштитат од лажни вести, заговор и говор на омраза
  5. Да се совладаат дигиталните алатки на аргументиран и одговорен начин
  6. Да се сфатат предизвиците на општеството за да се направат информирани демократски избори

 

Вештини што треба да ги стекнат обучувачите

 

Обуката на обучувачите за медиумската писменост ги има следниве педагошки цели:

  1. Да се сфати како МИП може да им овозможи на граѓаните да станат поактивни, автономни и критички настроени кон медиумите и другите комуникациски алатки на кои се изложени
  2. Да се сфати како МИП ни овозможува да ги доведуваме во прашање стереотипите, дискурсните стапици, предрасудите или толкувањето на пораките.
  3. Да се асимилира фактот дека МИП може да ги инспирира младите од различно потекло да ги разберат современите предизвици и да им овозможи да се позиционираат како активни, критички, креативни и солидарни граѓани.
  4. Да се разбере еволуцијата на медиумскиот пејзаж, да се знае како да се пристапи со младите проблемот со медиумите и да се знае како да се подигнете свеста за одговорната и информирана употреба на “новите медиуми“.
  5. Да се стекне педагошкото знаење потребно за вежбање на МИП (упатства, клучни концепти и еволуција на дисциплината) со прилагодување особено кон младата публика.
  6. Распоредување на ангажирани практични активности специфични за МИП, со цел да се олесни стекнувањето вештини од страна на младите и развојот на позитивни вежби за развој на граѓанско изразување (на пример, онлајн медиумски кампањи)

ПОГЛАВЈЕ 14 – ДИГИТАЛНОТО ГРАЃАНСТВО

Што е тоа дигиталното граѓанство?

Тешко е, ако не и невозможно, да се биде без интернет во денешно време како во нашиот професионален така и личен живот. Ако интернетот е насекаде, треба да научиме да го користиме на најдобар можен начин, а тоа бара поголема контрола и подобро разбирање на нашиот дигитален живот.

 

Дефиниција: Дигиталното граѓанство покажува на кој начин корисниците на интернетот се однесуваат и комуницираат онлајн. Ова е во суштина однесувањето што го усвојуваме при онлајн интеракција со други корисници на чувствителни социјални или политички теми. Правата и должностите што ги имаме во реалниот живот се истити и на интернет. Нашето однесување и нашите интеракции, исто така, дефинираат како другите нẻ гледаат на интернет. Сепак, начинот на кој комуницираме преку интернет не е ограничен на нашето однесување или на нашите објави, исто така и начинот на кој ја заштитуваме нашата приватност, без разлика дали станува збор за нашите лозинки, нашата локација или нашето минато на интернет.

 

На тој начин, дигиталното граѓанство нẻ повикува да имаме покритички поглед кон интернетот како и кон начинот на кој го користиме, особено во поглед на личните податоци што ги споделуваме понекогаш без да знаеме.

 

 

Добрите дигитални практики

Дефиниција: Терминот “добрите практики“ се однесува и на начинот на кој треба да се однесуваме за да го направиме Интернетот простор на слобода и взаемно почитување, но и правила што сајтовите и апликациите бараат од нас да ги почитуваме. Навистина, многу страници и веб-услуги наметнуваат правила што го дефинираат однесувањето што треба да се почитува како и правата на корисниците.

 

Пример: Интернет-апликацијата „Твитер“ нуди неколку совети за користење на своите алатки: „Размислете за тоа што твитате: Вие ја контролирате содржината споделена на Твитер или на која било друга веб-страница. Никогаш не објавувајте информации што се сметаат за доверливи туку проценете ги добрите од лошите страни пред јавно да ја споделите вашата локација. Пазете се од комуникациите што ги бараат вашите податоци за контакт, лични податоци или лозинки. Ако имате сомнежи пред да твитате, препорачуваме да си ги поставите следниве прашања: Со кого се споделуваат моите информации? Кој вид и колку информации ќе споделам? На колку корисници се достапни моите информации? Може ли да им верувам на сите луѓе кои имаат пристап до овие информации? “

 

Но апликацијата исто така наметнува одредени основни правила:

 

“Насилство“ : Забрането е заканување, користење насилство врз личност или група на луѓе. Ние, исто така, забранувамe каква било апологија на насилство. Однесување со омраза: Заканување, вознемирување и поттикнување насилство врз други луѓе врз основа на критериуми за раса, етничка припадност, националност, каста, сексуална определба, пол, родов идентитет, верска припадност, возраст, инвалидитет или сериозна болест“.

 

Затоа е корисно да се потсетува, што е можно почесто, дека нашите виртуелни однесувања имаат реално влијание врз поединците и дека вознемирувањето преку интернет, на пример, може да доведе до трагедии во реалниот живот.

 

Од друга страна, интернетот денес претставува вистински инструмент за граѓаните. Овозможува подобро информирано граѓанство и поголема партиципативна демократија, како и многу подобар пристап до информации. Тоа е инструмент кој овозможува дебата за идеи, комуникација и што може да се искористи за да се пријават опасностите или ризиците за целото општество, како во случајот со „свиркачите“ кои користат интернет за да ја пријават корупцијата или кршењето на слободите (види филмот / документарецот “Citizenfour” од 2014 година за аферата Сноуден).

 

 

Да се сочува дигитален отпечаток и позитивен ум

Дефиниција: Дигиталниот отпечаток претставува севкупни информации кои постојат на интернет како резултат на нашата онлајн активност. Тоа е слика од нас, создадена од нашето однесување, нашите објави и нашите лични избори.

 

Затоа е многу важно да се направи што попозитивен дигитален отпечаток! Можете да напишете блог на одредена тема, да споделувате таленти или да снимате видео туторијал, да се соберат пари за добротворни цели или да се помогне во организирање настани. Списокот на решенија за позитивен отпечаток е бесконечен!

ПОГЛАВЈЕ 13 – ЗА ГРАЃАНСКА УПОТРЕБА НА МЕДИУМИТЕ

Што е граѓански медиум?

Дефиниција: Во “граѓански медиум“ ги наоѓаме зборовите “медиум“ и “граѓански“. Токму така, станува збор за медиуми, односно поддршки (радио, ТВ, интернет, итн.) преку кои се пренесуваат информации до пошироката јавност. Во исто време, се користи придавката “граѓански“, бидејќи авторите на овие статии и овие истражувања не се професионални новинари, туку обични граѓани чија цел е да анимираат дебати за конкретни прашања или проблеми што се однесуваат на целото општеството.

 

Како резултат на тоа, читателот се откажува од неговото чисто пасивно однесување и се вклучува во градењето и ширењето на информациите. Затоа, учеството е многу важен елемент во граѓанските медиуми. Преку радија (со вклучување или не), но и блоговите, или влогови (блог чија главна алатка е видеото), подкасти, итн. Така, обичните граѓани, истражувачи или професионалци од светот на здруженија можат да земат збор и да допрат до широка јавност.

 

Пример: Во Албанија, блогот како граѓански ангажман: создаден во 2007 г. Од страна на Ардијан Вехбиу, блогот “Peizazhe të Fjalës” (Пеисаж на говорот), се претставува како посебен и независен простор, одржлив модел во албански меиумски пејсаж, се соочуваат со брзи трансформации, постепено намалување на финансиските ресурси, намален кредибилитет и значајна политизација. Според неговиот автор, “блогоѕ беше замислен уште од самиот почеток како едно“засолниште“ на албанската слободна мисла, заштитено од заплашување, вина, понижување, стигматизација, судења, обвиненија “глувоста на мнозинството“ и други форми на современата цензура во јавниот говор.

 

Ангажирањето преку социјалните мрежи

Социјалните медиуми, исто така, го трансформираа протокот на информации од традиционално вертикална и од горе надолу во пренос повеќе хоризонтален.. Секој може да произведе содржина и да ја прошири во рамките на својата мрежа, но и надвор од неа. Овој начин на говор не е само виртуелен, но честопати се одвива паралелно или низводно од конкретните мобилизации на теренот. Во контекст на арапските револуции, на пример, социјалните мрежи играа неспорна улога, но политичките промени се случија благодарение на општествените движења (протести, блокади и сл.). Социјалните мрежи овозможуваат брз проток на информации и идеи, но промените на социјално ниво се случуваат кога овој ангажман се соочува со физичката реалност на теренот.

 

Пример. Во Србија, случајот со движењето #1од5милиони, што се појави на крајот на 2018 година, ги искористи новите технологии и современите средства за комуникација со мобилизирање на граѓаните преку споделување онлајн содржини и размена на информации преку социјалните мрежи. На тој начин, движењето освои голем дел од јавноста, а Твитер и Фејсбук овозможија создавање на групи за дебати и мобилизација на масите луѓе против авторитарните злоупотреби на политичкиот систем и за слобода на изразување.

 

Ризици и стапици

Треба да се има на ум дека новинарството е професија која вклучува специфични вештини, како и почитување на етиката. Сепак, секој може да биде обучен за новинарство, особено преку дијалози меѓу професионалните новинари и аматери. Ова споделување на знаења помага граѓанските медиуми да станат вистински алтернативни и сигурни извори.

 

Леснотијата со која секој може да ја преземе улогата на аматерски новинар денес, исто така, може да доведе до ризици. Производителите на вести понекогаш можат да ги игнорираат основните стандарди на новинарската етика и да шират неточни или, на моменти, целосно манипулирани информации.

 

Граѓански медиуми, телевизиски канали, печат дури ии социјални мрежи, количината и разновидоноста на информации што се достапни денес се повеќе од богатство кое бара сочувување критички ум кон сите овие извори на информации.

 

Покрај тоа, интернетот е простор за слобода, но исто така и простор за економска размена. Маркетинг логиката го зазема не само интернетот и социајлните мрежи, туку и информацијата станува извор на профит.

 

Движењето на одредени информации (особено оние што имаат емоционално влијание врз читателите), исто така, можат да бидат извор на профит во системот финансиран од објавувачите и рекламите. Овој феномен „ClickBait“ (клик мамки) сѐ повеќе се забележува и ги наведува луѓето да кликнат на линк и да посетат веб-страница за да прочитаат статија. Авторот на статијата и засегнатата веб-страница е, всушност, парично награден преку рекламирањето на неговата страница и според бројот на прегледи што ги акумулира. Исто така, тој е извор на ризик затоа што може да се шират лажни верувања со цел да се привлечат интернет корисници.

ПОГЛАВЈЕ 12 – ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ПРОТИВ ОН-ЛАЈН ОМРАЗАТА

Теории на заговор

Иако ова навистина не е нов феномен, теориите на заговор уживаат голем успех во последните години, особено преку нивно ширење на социјалните мрежи и пошироко на Интернет.

 

Дефиниција: Теорија на заговор е теоретски расказ или говор кој се чини кохерентен и „логичен“ и кој се обидува да докаже, да разоткрие постоење на мала група моќни луѓе кои тајно планираат нелегални и / или неповолни дејствија кои ќе влијаат на текот на настаните или бараат да доминираат со светот

 

Теоријата на заговор се разликува од дезинформации по тоа што е структуриран збир на претпоставки и манипулирани аргументи за да се поттикне одредена теорија. Лажните информации понекогаш се користат како заговорни аргументи, но не секогаш се поврзани со теорија.

 

Сепак, медиумите и лажните информации играат клучна улога во обемот на оваа појава. Од една страна, претпазливост, па дури и недовербата кон медиумите, ги засилува верувањето и вербата што им се дава на теориите на заговор, особено во државите каде што медиумите се перцепираат како корумпирани или под капата на политичкиот систем. И од друга страна, лажните вести ги користат истите механизми како теории на заговор (употреба на страв, манипулација со факти и сл.), и честопати се однесуваат на истите теми.

 

Неколку примери на најпознатите теории на заговор:

 

– Илуминатите би биле тајно друштво сочинето од најмоќните личности на овој свет според кои – Земјата не е тркалезна, туку рамна – Човекот никогаш не бил на Месечината,

 

– Југославија се распаднала поради заговор меѓу Германија и Ватикан. Исто така, постојат повеќе ad hoc теории на заговор како оние за 5G, за коронавирусот или вакцините.

 

Говор на омраза и умереност на содржините со омраза

Теориите на заговор се клучни за нашите односи со информациите и општеството. Тие се на половина пат помеѓу предрасудите, политичките размислувања, уверувањата и можат да бидат интимно поврзани со говорот на омраза. Така, нивното ширење може брзо да создаде конфликтна околина. Ова е случај, на пример, со теориите на заговор за светски еврејски заговор.

 

Дефиниција: Кога зборуваме за говор на омраза, се повикуваме на израз на омраза што може да биде отелотворена со реченица, текст, звук или слика што изразува отфрлање на другиот и што може да навреди, на тој начин охрабрувајќи да се развие чувство на омраза. Кога овој израз на омраза јавно се објавува, може исто така да ги поттикне сведоците на овој израз, да чувствуваат омраза кон едните или другите, да изберат страна, а понекогаш и да поттикнуваат повторно изразување на омраза со слично или влошено ниво на насилство од групно влијание. Ова се нарекува поттикнување на омраза.

 

Врз основа на стереотипите или лажните верувања, овие содржини, заедно со отсуството на критичко размислување, доведуваат до говори на раскол и насилство, со истакнување на постоењето на жртвено јагне заедница, одговорна и виновна и потоа хранејќи мешавици и чувство на параноја.

 

Пример: Населението од ромската заедница честопати е насочено кон дискриминација и предрасуди, опишувајќи ги како нечесни или крадци, со што се спречува пристапот до квалификувани работни места. Ромите имаат двојно поголема веројатност да бидат невработени од другите жители, а многумина сè уште живеат во области каде што нема вода во нивните домови.

 

Да се модерираат одредени содржини со премногу омразна, особено на социјалните мрежи, со нудење истовремено образование на граѓаните, медиумите и дигитално образование поинклузивни може да помогне да се ограничи овој лизгав пад што води кон физичко или морално насилство.

 

Дефиниција: Модерација се состои од отстранување, цензурирање или дури и казнување на авторите со содржини на омраза со цел да се спречи нивното ширење. Може да биде насилен коментар под некоја објавена содржина, споделување на напис, видео, фотографија или инфографија која стигматизира одредена категорија на луѓе, па дури и приватна размена преку е-пошта или инстант пораки.

 

Борба против заговорот

Дефииниција: Заговор значи тенденцијата за погрешно претставување на настани или појави како последица на организиран заговор. Тоа е начин на размислување или став што ги негира вообичаено прифатените објаснувања на фактите за да ги заменат со постоење на заговор со непризната и нејасна цел.

 

Последиците од заговорот:

  • Генерира говор на омраза
  • Потикнува пристапување кон недокажани теории
  • Затвора во логика на недоверба и лажно верување, со што се ограничуваат дебатите за идеи.
  • Може да ги отежни проверките на контра-моќ со кои може да се откријат вистинските политички малверзации или судир на интереси што може да постојат.

 

Средства за ограничување на заговор:

1. Со регулирање и ограничување на содржината со омраза и лажни информации (проверка на факти, одговорност на платформите на социјални мрежи, итн.)

2. Со развивање на критички дух кај граѓаните преку едукација на медиумите и информации со цел:

● Запрашување за постапката на заговор: Дали доказите се навистина доволни?

● Охрабрување на претпазливост со цел да станат и останат претпазливи граѓани (да не се меша претпазливост со недоверба и да не се меша сомнеж со недоверба.)

● Канализирање на критиката и можност за подобра информираност благодарение на логичен

и проверлив пристап – И, конечно, да се направи чекор назад кон светот што не опкружува.

ПОГЛАВЈЕ 11 – РАСКАЗИТЕ ВО КОЛЕКТИВНАТА ИМАГИНАЦИЈА НА БАЛКАНОТ

МИТОВИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ГОВОРИ

Типологија и функција на митовите

 

Дефиниција: Митот е имагинарна конструкција која служи како објаснување, како основа за одредени социјални практики, и претставува фактор за мобилизација. Но, тоа е исто така посебен начин на говор, сличен на соништата и легендите. Според францускиот историчар Раул Жирарде, местото што го зазема имагинацијата во историјата на политичките идеи е важно, затоа што понекогаш ја објаснува моќната привлечност што ја извршуваат одредени политички системи без религиозна основа.

 

Младите пост-југословенски републики се сите засегнати со прашањето за ширење национални митови и симболи со цел да создадат заедничко чувство за припадност кон нацијата или кон заедницата. Историчарот Раул Жирарде нуди четири теми што се повторуваат кои можеме да ги најдеме во повеќето митови и кои ја покажуваат основната важност на имагинарното во развојот на политичките идеи и на општеството:

 

  • Митот на единството: Тоа е возвишување на татковината, на колективот и на заедницата, претставен од една група на слични поединци (засилување на логиката на опозицијата: тие / ние)
  • Митот на спасителот: Се работи за истакнување на фигурата на херојот, на водачот со кого се идентификуваме како модел и кој обезбедува легитимност.
  • Митот на златното доба: Тоа е идеализација на старото време, носталгија за една ера и приврзаност кон елементи од минатото за да се најде сегашна и идна стабилност.
  • Митот на заговорот : Се работи за означување на надворешен виновник, истакнувајќи ја фигурата на непријателот одговорен за несреќите на заедницата и што ги охрабрува поединците да се мобилизираат против него.

 

Митовите и нивната политичка употреба обично се појавуваат во критични периоди, во време на криза на идентитетот или непријатност поврзана со промените во општеството и во начинот на живеење. Кога внатрешните тензии растат, тогаш митот станува неопходен, поради тоа што имагинацијата реагира на промени, на губење на референтни точки или на испрашување на традициите. Затоа, овие митови имаат јасна политичка функција: да го мобилизираат населението околу заедничка историја и одредници.

 

На ист начин како што сликата може да резимира еден концепт или настан, митот ја храни имагинацијата на поединците. Овој феномен може да се засили според групите на луѓе, особено кај младите во потрага по идентитет, или објаснувања за светот околу нив, па дури и да се соочат со неизвесна иднина.

 

 

ПРИМЕРИ НА ВАЖНИ МИТОВИ ВО БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН

Во сите култури има различни митови и не сите имаат иста функција, но културното богатство на Балканот овозможува развој и ширење на многу митови специфични за регионот.

 

Пример : “Потомците на Александар Велики“

 

Во Северна Македонија, митот според кој Македонците се наследници на Александар Велики е многу распространет иако е невозможно територијата на современа Македонија да се совпадне со онаа од времето на Александар, па дури и да се најде спојување помеѓу населението кое некогаш живеело на овие територии и населението кое живее тука денес. Иако Северна Македонија делумно се наоѓа во областите контролирани од Филип Втори до неговата смрт во 336 година п.н.е., срцето на кралството на Александар Велики лежи главно во Грција во близина на Вергина. Покрај тоа, граѓаните на денешните балкански држави се резултат на комплексни мешавини, поттикнати од последователните инвазии и миграции кои се случувале во регионот повеќе од два милениуми.

 

Сепак, овие митови го хранат дискурсот на современите националистички текови на Балканот, кои се обидуваат да ја потврдат предимството на нивниот народ на одредена територија, со цел да се докаже легитимноста на нивните претензии.

 

Ширењето на митот може потоа да придонесе во затегнувањето на односите помеѓу заедниците или народите во регионот. Навистина, прашањето за македонското наследство на Александар Велики ги оживеа тензиите помеѓу Грција и Северна Македонија за време на преговорите за промена на името на државата во 2018 година. Грчките националистички струи сметаат дека терминот “Македонија“ му припаѓа на хеленското наследство, одбиваа поранешната југословенска република да го користи ова име. Ова доведе до неколку насилни демонстрации во двете земји.

 

Пример: Митот на “православното братство“

 

Во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, силната врска со Русија останува во главите на многу луѓе, поттикната од чувството дека “православно братство“ ќе ги обедини особено со оваа држава. Според студијата спроведена кон крајот на 2017 година од српската влада, четвртина од жителите (24%) ја назначуваат Русија како главен донатор (финансиска помош и материјални донации) на нивната земја, додека 75% од донациите и помошта доаѓаат од Европската Унијата или земји членки. Исто така, според бројките на Српската национална банка, повеќе од 70% од странските инвестиции во периодот помеѓу 2010 и 2017 година потекнуваат од ЕУ, споредено со околу 10% од Русија.

 

Затоа, овој мит се заснова повеќе на емоционална отколку рационална врска, која продолжува и е одржувана од одредени политичари, како што е српскиот претседател Александар Вучиќ или Милорад Додик од Република Српска.

 

За да се ограничи нивното негативно влијание, деконструкцијата на митовите подразбира истражување и историско и / или новинарско продлабочување. Како и да е, не е секогаш лесно да се спроведе истражувачка работа на теми кои сèуште се чувствителни за поединци и за владите на засегнатите земји. Недостигот на ресурси за новинарите, недостатокот на интерес за историски истражувања во медиумите и брзото ширење на теориите на заговор на интернет може да го забават напредокот на истражувањето и деконструкцијата на некои зацврстени митови.

 

Во таа насока, здружението “Крокодил“во јуни 2020 година покрена иницијатива во Белград против инструментализација на историјата за политички цели. Целта е да се создаде простор за историски и интеркултурен дијалог во земјите родени од распадот на Југославија и да се поттикне поинклузивна култура на меморија.

 

За крај, одредени канали за ширење на информации може да се искористат за заобиколување на оваа проблематика на историското истражување и слабиот интерес на медиумите за оваа сериозна тема, како што е случајот со кинематографијата.

 

 

КИНЕМАТОГРАФИЈА : МЕЃУ ГРАЃАНСКОТО ИЗРАЗУВАЊЕ И ВЕКТОРОТ НА МИТ

Промоцијата на националните митови понекогаш се врши и преку кинематографијата, каде што наоѓа извор на инспирација и обезбедува значително влијание врз имагинацијата на поединците. Навистина, освен ако се има важна и специфична историска култура за предметната тема, понекогаш е тешко да се суди за вистинитоста на изведените настани во едно кинематографско дело. Исто така, не е невообичаено одредени филмови да нудат пристрасно читање на настани, дури и да хранат и пропагираат одредени митови, легенди и примени идеи.

 

Пример: На крајот на 2017 година, РТС (српска национална телевизија) ја продуцираше и емитуваше серијата Senke nad Balkanom (“Сенките над Балканот“), од режисерот Драган Бјелогрлиќ. Акцијата се одвива во Белград, престолнината на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, потоа во Кралството Југославија, во годините 1920-1930. Оваа серија го претставува овој период како златно доба за земјата. Помеѓу 2008 и 2014 година, можевме да ја видиме и адаптацијата за телевизија на трилогијата на Мир-Јам, (Ранетиот орел, Непобедливо срце, Самец во бракот), и на филмот што доведе до серија, Монтевидео, Господ те видел (2012-2014), саги кои со носталгија го прикажуваат истиот период на националната историја.

 

Сепак, кинематографијата може да се користи и како моќен инструмент за деконструкција и како средство за изразување на граѓанското општество кое ќе овозможи осврнување кон важни општествени и актуелни предизвици.

 

Пример: Краткиот филм “Take me somewhere nice” (“Одведи ме на некое убаво место“) излезен во 2019 година и во режија на Ена Сендијаревиќ, млада режисерка со босанско потекло, прикажува една млада Босанка која живее со семејството во Холандија, а се враќа во родната земја. Ова дело се осврнува на прашањето на имиграцијата, интеркултурноста, национализмот и враќањето кон корените, што понекогаш е комплицирано за помладите генерации.

 

Пример: Филмот “Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој го освои Златниот лав на Венецискиот филмски фестивал во 1994 година, го евоцира прашањето за војна и етнички тензии меѓу Македонците и Албанците.

ПОГЛАВЈЕ 10 – СЛИКАТА И НЕЈЗИНИТЕ РИЗИЦИ ОД МАНИПУЛАЦИЈА

Моќта на сликата

“Сликата кажува повеќе од долг говор “.

 

Веќе неколку децении, употребата на сликата зазема значајно место во нашите општества, без разлика дали е тоа на телевизијата, во медиумите, во рекламирањето или директно во нашите животи со честата употреба на социјалните мрежи. Впрочем, со сликата постои таа идеја дека тоа е реалноста која се рефлектира и која се нуди оддеднаш, скоро веднаш, побрзо од текст или збор. Така што, овој начин на комуникација или изразување има силна симболична моќ бидејќи може да резимира многу работи во многу малку содржина.

 

Сила со две острици

 

Сепак, оваа силна симболична моќ не е без маана, а тенденцијата да се мисли дека сликата зборува сама по себе е стапица што мора да се избегне затоа што сликата може лесно да ги измами нашите сетила и затоа може да се искористи за да нè доведат во заблуда или манипулираат. На пример, сосема е можно да се дадат неколку толкувања за една иста слика.

 

Со силата на социјалните медиуми и интернет, сликата, фотографијата или видеото може да станат вирални и глобални. Од една страна, оваа виралност може да биде добра кога објавувањето на една слика овозможува да ја разбуди совеста, како фотографијата на една млада српско-хрватски двојка која гордо се бакнува со нивните сопствени знамиња на грбот, а која беше широко распространета на социјалните мрежи. Но, во исто време, тоа значи да се соочи понекогаш и со масовно и брзо ширење на лажни информации, или дури и теории на заговор, илустрирани или поврзани директно со слики или видеа.

 

Производство и манипулација на слики

 

Централната улога на сликата и нејзиното влијание во нашите општества ни помага да разбереме зошто најефикасните и најраспространетите лажни информации се оние што ги користат визуелните алатки (слики, фотографии, видеа). Дури и кога лажните информации не се директно поврзани со фотографијата, нејзиниот автор во најголем дел од времето ќе се обиде да ја илустрира оваа лажна информација преку слика (честопати извадена од контекст или манипулирана).

 

Постојат различни видови на манипулации на слики :

 

  • Вадење од контект: Ова е најкористениот метод затоа што е многу лесен за спроведување. Тоа е процес кој го преиспитува значењето на сликата за да може да значи нешто поразлично со тоа што ќе го извади од почетниот контекст. Така што, вистинските причини и околности во кои е направена фотографијата не се веќе важни. Целта е да се обиде да се илустрира точка и да се запре само на првиот аспект на сликата со негирање на неговото потекло, што претставува форма на предавство на значењето на сликата.

 

Пример: Во август 2020 година, една слика кружеше низ социјалните мрежи во која се тврди дека е поставена 5Г антена во покривот на минаре од една џамија во Босна и Херцеговина. Ова е всушност обична фотографија на споменатото минаре, но коментарите поврзани со сликата наведуваат дека 5Г антената е таму и емитува силно магнетно зрачење , иако 5Г сè уште не е инсталиран во земјата.

 

  • Лажирање или фото-монтажа: Овој метод вклучува вештачка модификација на оригиналната слика или фотографија со цел да се промени нејзиното значење. Тоа би можело да биде :
  • Предмет или личност додадена или отстранета од фотографијата или видеото.

 

Пример: По експлозијата во пристаништето во Бејрут во август 2020 година, на интернет кружеа модифицирани слики на кои е додадена ракета, благодарение на видео софтвер, со што се сугерира дека експлозијата била воен напад од странска држава, особено Израел.

 

    • Или повторно кадрирање со цел да се скрие дел од фотографијата, како на пример за време на митинг или демонстрација: можно е да се пресече делот од сликата каде што нема луѓе за да се даде впечаток дека просторот е исполнет.

 

  • Дипфејк (Deepfake): Ова е техника на лажирање која користи софтвер за вештачка интелигенција за да го замени лицето на една особа во видеото. На пример, има видео од лажен говор на Барак Обама во кое тој го навредува неговиот наследник Доналд Трамп. Ова лажирање беше постигнато со употреба на техниката “Дипфејк“. Со новите достигнувања во технологијата, ќе станува сè потешко да се забележат лажирани или уредувани слики, а со појавата на нови методи на видео манипулација, ќе мора да се биде двојно по внимателен и да се проверуваат изворите.

 

Лажни информации и социјални мрежи: два поврзани предизвика

 

За огромното мнозинство на овие мрежи, споделувањето на слики и видеа е во срцето на нивното работење (Фејсбук, Инстаграм, Снепчат). Од оваа гледна точка, опасноста е тогаш двојна, бидејќи од една страна можно е секоја личност да објавува / споделува слики на широката јавност на мрежите, а од друга страна манипулацијата со сликите не бара посебни технички вештини (како за фотографијата со 5Г антената на минарето во Босна и Херцеговина).

 

 

Цртежи во печат и карикатури

Оваа симболична моќ на сликата долго време се користи во печатот, со цел да ги пренесе своите пораки. Додека фотографијата сè уште не постоела, употребата на сликата како критична форма во печатот се изразувала преку цртежот, особено со карикатура. Интересно е да се напомене дека дури и денес, и покрај распространетата употреба на сликата и фотографијата, карикатурата сè уште се користи во печатот, и оваа техника дури сама по себе стана и професија и уметност.

 

Дефиниција: Симболичен начин на изразување кој прави синтеза на концепт, на проблематика или на актуелен факт со претерување на особините или аспектите на една личност или феномен. Најчесто карикатурата го користи тонот на хуморот за да осуди и критикува.

 

Пример: Во Србија, во ноември 2018 година, карикатурите на познатите карикатуристи Предраг Кораксиќ Коракс и Душан Петричиќ беа предмет на полемика, принудувајќи ја библиотеката на Лазаравац да ги симне нивните цртежи. Бидејќи тие се многу вклучени во одбраната на слободата на изразување, на 22 ноември е отворена изложба на нивните цртежи за печат и карикатури во општината на Стари град во Белград.

 

Карикатурата е интересна тематика во однос на употребата на сликата и нејзиното влијание, но исто така е и алатка која младите малку ја користат. Поради нејзиното симболично значење и фактот дека е поврзана со специфичен контекст или предмет, обработувањето на темата со младите, честопати потребна е работа на контекстуализација, со цел да се обезбедат клучевите за разбирање на прашањата / темите што се мобилизирани од карикатурата.