КОСОВО
-
Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)
78од 180
-
Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)
30.32
-
Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)
24од 40
Медиумски пејсаж
Развојот на медиумскиот сектор во Косово во голема мерка е условен од нестабилната и непредвидливата политичка ситуација, како и од етничките тензии. Иако постојат пофални напори на независни медиуми да работат на истражувачки теми од јавен интерес, како што е корупцијата (БИРН Косово) или дезинформациите (Крипометри – Krypometri), известувањето на мејнстрим медиуми главно се води не од фактите, туку од политичарите или институциите и нивните единечни изјави и соопштенија. (1). Медиумскиот пазар главно е во приватна сопственост а сопственоста на медиумите е транспарентна, иако официјално декларираните и де факто сопствениците често се разликуваат. Од таа гледна точка, не постои ниту транспарентност ниту фер распределба на изворите на финансирање помеѓу медиумите (2). Јавниот сервис РТК обезбедува програми на албански и српски јазик: Јавниот сервис ја одржува популарноста, но довербата во него опаѓа во последните неколку години поради политичкото влијание на владата и партиските политики (3).
Новинари
Новинарите во Косово се изложени на различни видови на притисок, претежно на политички и финансиски притисоци. Случаите на испраќање закани и заплашување преку социјалните мрежи се забележуваат се почесто (4), но „постарите“ форми на притисок, како што се физичките и вербалните напади, како и притисокот за цензура, сè уште доминираат (5). Во 2020 година, Здружението на новинари на Косово забележало 24 случаи на напади врз новинари (6).
Публика и медиумска писменост
Медиумската писменост во Косово е недоволно развиена, што делумно се должи на непостоењето на координација помеѓу образовниот систем и невладиниот сектор, кој со години е вклучен во образование во областа на медиумска и информациска писменост (Media and Information Literacy – MIL) (3). Резултатите од едно истражување на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на косово не само што често ги користат медиумите, туку и имаат голема доверба во нив. Мнозинството од граѓаните на Косово веруваат дека медиумите мошне добро им служат на демократијата и на јавниот интерес (7).
медиуми
Национални медиуми
Крипометар
„Крипометар“ (Krypometer) е проект развиен во соработка со интернет странат „Kallxo“, посветена на анализи за проверка на фактите. Негова мисија е да ги повикува медиумите на одговорност. „Крипометар“ е полноправен член на Меѓународната мрежа за проверка на податоци (International Fact-Checking Network – IFCN).
Радио КИМ
Радио КИМ (радио, ТВ и интернет страна) нуди информации за Косово на српски јазик, со посебен фокус на темите од значење за српското малцинство во Косово. Овој медиум нуди статии и мултимедијални содржини за различни политички, општествени, економски, културни и спортски теми, и е член на Медиумската асоцијација на Косово.
Регионални медиуми
Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)
Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.