МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА
СЕСИЈА 3 – ИНФОРМАЦИЈА И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Практични активностиАКТИВНОСТ 1 – Разликување точното од неточното : Лажни вести или не
Компјутер, интернет конекција, видеопроектор (не е задолжително)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа вежба е да ги доведе учесниците да ги присвојат алатките за проверка на информацијата и да ги охрабри да си ги поставуваат вистинските прашања кога се соочуваат со сензационални информации.
За време на оваа вежба, тие ќе требаат да идентификуваат помеѓу повеќе статии / информации на интернет, оние што се однесуваат на некоја манипулација, и кои можат да ги класифицираат како “Лажни вести“, и оние кои пренесуваат признати и проверени информации. За крај, тие ќе мора да ја објаснат природата на овие лажни информации со одговарање на неколку прашања со цел да се отвори поопшта дискусија за манипулацијата со информациите.
Можни варијанти :
- Работата на проверка може да се изврши во групи, или индивидуално.
- Статиите може да се дистрибуираат директно до учесниците на компјутерите (со помош на USB стик или по е-пошта) или да се прикажат на екранот на видеопроектор (учесниците ќе треба да ја најдат статијата пред да почнат со класификацијата “Лажни вести или не“).
ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА
1. Подготовка на статиите : За оваа вежба, фазата на истражување и изборот на статии е важна затоа што ќе го одреди успехот на активноста. Презентираните статии треба да ги охрабрат учесниците да ја покажат нивната способност за анализа, за размислување и критички дух. Препорачливо е да се земат “вистински“ информации што се прилично изненадувачки, па дури и сензационални за да им се покаже на учесниците дека работите не се секогаш очигледни и дека е потребно да се има критичко размислување. Исто така, се препорачува да се изберат разни лажни информации, како што се на пример лажна вест за науката, една за политиката, друга за позната личност итн. По можност, статиите што треба да се анализираат не треба да надминуваат повеќе од 6, за да не се оптоварува вежбата.
2. Подготовка на просторијата : Поделете ги учесниците по групи или индивидуално на компјутери.
3. Дистрибуција на статии : На учесниците потоа ќе им бидат доделени статиите на кои ќе треба да работат за да знаат во кои категории да ги класифицираат (лажна информација или проверена и веродостојна информација).
4. Работа на проверка : За учесниците ќе стане збор за примена на методот за проверка на информацијата и новинарскиот процес (види “ЛИСТ 7 – пристапување кон информацијата со критичко размислување“). Потоа е можно да се претстави овој метод пред вежбата, или да ги оставите учесниците слободни во начинот на проверка на информацијата. Методот може природно да им дојде на младите. Меѓутоа, ако не биде објаснето на почетокот на вежбата, ќе биде важно да се навратите на крајот. Покрај тоа, бидејќи сега има многу интернет страници за проверка на фактите, некои лажни информации веројатно веќе биле проверени, учесниците ќе можат да ги користат, но ќе треба да разберат како е проверена информацијата, и во случај на лажна вест, каков процес се користело.
5. Одговарање : Штом работата е завршена, секој ја дава својата класификација “Лажна вест или не“ (можно е да се прикажат статиите на екранот и да се остават групите да кажат “Лажна вест“ за статија која содржи лажна информација и “Не лажна вест“ за вистинска информација). Во зависност од грешките направени од учесниците, ќе треба да се разбере зошто тие направиле грешка, и во тој момент да се направи проверка/корекција. Покрај тоа, може да се воведат варијанти на предавањето што ги поттикнува учениците да се движат, како на пример, да ги замолите учесниците да се преместат во салата според нивниот одговор (оние што мислат дека е лажна вест од десна страна, другите од лева страна). Или да се обезбедат листови во боја што младите ќе треба да ги покажат според нивните одговори (црвен лист за лажна вест, зелен лист за проверена информација).
6. Заклучок : Последователно, за да ја насочите уште подалеку работата за размислување и да ја отворите дискусијата, препорачливо е да им поставите на учесниците неколку прашања, на пример:
- Која беше целта на овие лажни информации (измама, поттикнување омраза, промовирање на личност, изборна цел ...)?
- Кој процес беше искористен во овие лажни информации (манипулација со сликата, деконтекстуализација, модификација на вистинска информација...)?
- Дали работата беше долга и дали би можеле да ја репродуцираат во секојдневниот живот?
Овие прашања може да се користат за воведување други поими присутни во педагошките листови, како што е на пример Проверката на фактите.
АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТА
1. Супервизорот треба да создаде линк на видеоконференциската платформа ZOOM и да ја испрати до младите (можност за користење друга платформа доколку супервизорот познава некоја).
2. Откако ќе се соберат во истата “виртуелна сала“, младите се распоредуваат во групи од страна на супервизорот.
3. Супервизорот им доделува статии на групите.
4. Групите ја напуштаат главната сала и влегуваат во “приватните сали“ (благодарение на платформата ZOOM). Тука, групите можат да ги водат своите истражувања на интернет и да ги класифицираат статиите во категориите “лажна информација“ или “проверена и веродостојна информација“. Секој може да работи самостојно и да комуницира со другите учесници на групата преку разговор или видеоконференција.
5. Одгобарањето се одвива во главната “виртуелна сала“. Во оваа фаза, портпаролите на групите, претходно избрани од супервизорот, ги даваат своите одговори и своите објаснувања во име на групата.
6. Затоа, супервизорот може да ја води дебатата заснована врз направените грешки и да се осврне на прашањето на лажните вести, нивните механизми на создавање и дистрибуција, како и нивните цели и влијание.