МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 6 - ПРОДУКЦИЈА НА ГРАЃАНСКИ МЕДИУМ (РАДИО, СПИСАНИЕ, ВИДЕО)

Образовен лист 16

ПОГЛАВЈЕ 16 – КРЕИРАЊЕ ПОДКАСТ

Ниво : Начин

образовни цели

Цел1 : Обучувачот ги знае различните фази на продукција на подкаст

Цел 2: Обучувачот може да ги поддржува младите во подготовката, продукција, уредувањето и дистрибуцијата на подкастот.

Цел 3: Обучувачот може да организира со младите шоу според моделот на Фабрика за лажни вести (Fake News Factory) (види подолу)

ПАТОТ ДО ПРОИЗВОДТСВО НА ИЗВОРЕН ПОДКАСТ

 

Подкаст и радио емисија

 

Подкастот се разликува од радио-емисијата по тоа што е дизајниран само за да се емитува онлајн (преку интернет), а не преку радио.

 

Внимание : не мешајте радио-репризи, често наречени “подкасти“ што ви овозможуваат да слушате веќе емитувани радио програми, и изворен подкаст, кој не е наменет да се емитува во етер.

 

Спецификите на изворниот подкаст

 

За разлика од радио-емисијата, изворниот подкаст нема временско ограничување и може да се занимава со многу широк спектар на теми (тематики за широка јавност како и теми по специфични). А со тоа и продуцентите имаат поголема редакциска слобода и можат да ја изберат својата цел со прилагодување на содржината. Подкастот може да содржи неограничен број епизоди и да се подели на сезони (тематски или хронолошки).

 

Доколку сака да ги задржи слушателите, продуцентот ќе ја земе предвид важноста на редовноста на емитувањето, визуелниот и звучниот идентитет со акцент на квалитетот на звукот. Покрај тоа, бидејќи има за цел да циркулира преку интернет, клучно е да се дистрибуира на што повеќе платформи и да се промовира на интернет, особено на социјалните мрежи.

 

Избор на темата

  • Уредничкиот состанок е првиот чекор во одредувањето на темата на вашиот подкаст со целиот тим
  • Може да изберете тема:
  • Многу едноставо, на пример : “Животот во медиатеката во вашиот град”
  • Широка тема но не и лесна за обработка, на пример : "Што е тоа да се биде млад во денешно време ?"
  • Или уште поспецифична тема, на пример: “Светското првенство во фудбал“, “сексизам“, итн.
  • Учесниците мора да одлучат и за името на емисијата.

 

Потребно е и усогласување за :

  • Времетраењето на емисијата (20 минути на пример)
  • Распределба на улогите на секој (водител, новинар, експерт…)
  • Одредување на содржината за секој дел од емисијата (репортажа, дебата,интервју)
  • Одредување на минутажата, или “водачот” на епизодата минута по минута

 

Формите за анимација на подкастот : за анимирање на еден подкаст, може да се користи интервју, дебата, репортажа или овие сите три форми истовремено.

  • Техники за интервју :
  • Врз основа на избраната тема, учесникот мора да го најде лицето за контакт.
  • Лицето кое го води интервјуто ја држи контролата на разговорот. Мора да го следи редоследот на однапред подготвените прашања. Истите имаат логичен редослед.
  • Ова подразбира голема предходна истражувачка работа. Прашањата мора да бидат прецизни.
  • Лицето кое интервјуира знае како да продолжи согласно дадените одговори и да се одалечи од своите прашања кога е потребно.
  • Подготовка на дебата:
  • Целта е да се дискутира околку одредена тема каде што е потребна разновидност на гледишта.. Или затоа што темата е сложена или затоа што предизвикува дебата.

 

Водителот има посебна улога :

  • Тој ќе ја предводи оваа тркалезна маса поставувајќи специфични прашања за да одговори на темата и за да даде збор. Тој ќе мора да се осигура дека се почитува времето на зборување на сите.

 

Некои учесници сами ќе ја играат улогата на експерт/и :

  • Секој мора да има одредена улога. (социолог, родител на ученик ...).
  • Секој од експертите работи на своите аргументи.
  • Тие заедно ја усовршуваат темата, разменуваат идеи и му помагаат на водителот да ги подготви своите прашања.
  • На крајот од овој чекор, учесниците мора да го подготват текот на нивната дебата и мора да бидат подготвени за снимање!
  • Репортажа : Репотерот ќе ја бара информацијата таму каде што се наоѓа : на терен. Репортерот е новинар кој ќе ги покрива тековните настани за да ги пренесе на слушателите.

 

За да го подготви своето излегување, тој треба :

  • Да се распраша за темата
  • Да ја подготви својата екипа
  • Да ги избере своите соговорници
  • Да ги подреди информациите што сака да ги собере

 

На терен, тој треба :

  • Да ги пронајде вистинските соговорници
  • Да знае да се претстави
  • Да ги поставува вистинските прашања, да набљудува, да забележува.
  • Да снима интервју, да снима дел од атмосфера, да додаде свучни елементи

 

Снимање вон емисија

 

Интервју или тонско снимање на отворено :

  • Репортерот мора да има мобилен телефон од типот на паметен телефон (или по можност микрофон)
  • Да ја користи функцијата “снимање“ (копчето “rec“, “stop“ и “save“) за да ги сними своите прашања потоа, одговорите од својот соговорник, внимавајќи да не е пребучна околина
  • Ако станува збор за снимање амбиентални звуци (на пример: звуци од толпа што демонстрира), тогаш тој може само да го пружи својот мобилен или микрофон кон дадената толпа.

 

Предходна монтажа

  • Откако ќе бидат снимени различните записи, тој може да премине во фаза на монтажа што се состои во извлекување на звуците од неговиот телефон (со испраќање на својата е-пошта или преку УСБ стик).

 

Внимание: Проверете дали звуците се испратени до обучувачот пред да се избришат од телефонот или микрофонот, заради безбедност

  • Потоа мора да се вчитаат во компјутер опремен со софтвер за монтажа на Audacity (www.audacity.sourceforge.net), Netia или друг софтвер за монтажа на звук
  • За да научите како да поставите сесија за монтажа на компјутерот и да ги уредувате звуците, упатствата се достапни на (https://manual.audacityteam.org/index.html)
  • Ваше е да ги обучите младите од вашата група во неколку чекори (прилично е едноставно!), што ќе им овозможи да вчитаат и уредуваат звуци за да создадат звучна репортажа.

 

Снимање на емисија

 

Учесниците наизменично седнуваат околу мала маса.

 

Во средината на масата, снима смартфон опремен со микрофон.

 

За да се избегне бучавата од столовите, на разни движења од чекори но и заради одржување на ритамот на снимањето, пожелно е да се снима во неколку дела според протокот на емисијата

 

На пример:

  • Снимање на водителот
  • Едиторијал
  • Претставување на темите
  • Интервјуа
  • Заблагодарување, крај на емисијата

 

Внимание: Ако сакате да емитувате репортажа, ќе треба да ја додатете на крајното снимање.

 

Монтажа на снимки и емитување на подкастот

 

  • Обучувачот е задолжен да ги склопи снимките за да направи епизода и да додаде “звучни запирки“ (музички извадоци пократки од 5 секунди) за флуидноста на деловите и за да ги поврзе паузите.
  • Потоа треба да се емитува на бесплатна платформа (soundcloud на пример https://soundcloud.com/discover) со пишување на резимето на подкастот (неговата тема, форматот, продуцентите, оригиналноста).
  • Конечно можете да организирате групна сесија за слушање.

 

Забелешка: Вежбата може да се поедностави со користење на само еден од форматите (интервју, дебата, репортажа)

 

 

ЕМИСИЈА “ ФАБРИКА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ“ (FAKE NEWS FACTORY)

Програмата Фабрика на лажни вести е создадена за да ги предупреди учениците за ризиците поврзани со ширењето на лажни вести и теории на заговор во медиумите, особено на интернет.

 

Оваа програма е создадена за да им овозможи на младите да учествуваат во игра со улоги во кои некои ќе играат заговорници, а други, новинари, и со тоа да ги совладат одредени централни теоретски поими за овие проблематични теми.

 

Емисијата се одвива во неколку фази :

 

Распределба на улогите на сите :

  • Новинари и заговорници (во еднаков број)
  • Водител/ка
  • Експерт
  • Инженер за звук, кој го следи снимањето и го подава микрофонот
  • Монтажер

 

Заговорниците

  • Со преземање на механизмите и структурата на теоријата на заговор (споменати во педагошките листови од сесија 3 “Информација и дезинформација“), заговорниците се задолжени да ја напишат сопствената теорија на заговор на избраната тема (или да преземат веќе постоечка)
  • Откако ќе се финализира теоријата, заговорниците ја откриваат пред новинарите.

 

Новинарите

  • Новинарите, потоа, ќе треба да извршат ригорозни истражувања почитувајќи ги главните правила на новинарскиот пристап (детално наведено во педагошките листови во сесија 3: проверка, споредба, вкрстена проверка на информациите).
  • После тоа, новинарите ќе треба да одговораат, да ја разоткриваат теоријата на заговор, аргумент по аргумент.

 

 

Експертот

  • Да се назначи еден од младите кој ќе ја игра улогата на експертот, специјалист за теории на заговор и лажни вести, кој обезбедува алатки за откривање на лажните информации.

 

Снимање

  • Може да го снимите звукот со микрофон на звучна картичка или со мобилен, а потоа целиот да го монтирате на софтвер (Audacity или Netia)
  • Епизодата мора да следи однапред дефиниран тек и сите интервенции мора да бидат преходно запишани.

 

Одвивање на епизодата

 

 

ДЕЛ 1

  • Епизодата започнува со вовед на водителот: име на радиото, структурата, самата емисија, започнување на емисијата.
  • Водителот потоа го претставува првиот гостин (заговорник) и го замолува да ја објасни својата теорија, своите докази
  • Водителот го претставува и првиот новинар, неговите против-аргументи, неговите докази
  • Водителот им се заблагодарува на учесниците и преминува на вториот дел

 

ДЕЛ 2

Водителот му дава збор на експертот, специјалист за теории на заговор и лажни вести, кој обезбедува алатки за откривање на лажните информации имено:

  • Проверка на природата на сајтот каде е пронајдена информацијата
  • Проверка на идентитетот на авторот на таа информација: Дали е новинар, специјалист по темата за која разговара ? Која е неговата цел ?
  • Да се провери датумот на објавата на информацијата (секоја информација брзо застарува)
  • Изворите: една информација секогаш мора да биде потврдена од 3 различни извори пред да биде објавена
  • Потсетување дека секогаш треба да се пребарува, да се биде љубопитен и сомнителен
  • Потсетување дека критичкото размислување е најефикасното оружје што сите го поседуваме против лажните информации и теориите на заговор

Водителот им се заблагодарува на експертот, на гостите, на екипата и ја завршува емисијата.

 

ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ

Овој педагошки лист може да се користи како основа за организирање на активност на креирање на радио или изворен подкаст со млади; или за симулација на радио емисија со заговорници и новинари.

За понатаму

За да се научи како да се совладаат основите за аудио монтажа, да се избере помеѓу Audacity, Netia (постои и бесплатна верзија) et Garageband (само на уредите Apple).

Audacity :
www.audacity.sourceforge.net (downloadAudacity)
https://manual.audacityteam.org/index.html (teach Audacity)

Едноставни апликации за аудио монтажа за Android исто така : https://www.info24android.com/10-meilleures-applications-dedition-audio-pour-android/

Емитување на својот подкаст преку Soundcloud : https://soundcloud.com/discover

Дополнителни совети за новинарска продукција :

Сајт на 24 часа во една редакција : https://www.24hdansuneredaction.com/en

Фокус на репортажата :
https://www.24hdansuneredaction.com/en/radio/18-news-reporting/ (en)
https://www.24hdansuneredaction.com/radio/18-le-reportage/ (fr)