МОДУЛ 3 - ГРАЃАНСКАТА МОЌ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 6 - ПРОДУКЦИЈА НА ГРАЃАНСКИ МЕДИУМ (РАДИО, СПИСАНИЕ, ВИДЕО)

Образовен лист 18

ПОГЛАВЈЕ 18 – СОЗДАВАЊЕ ВИДЕО ПРОЕКТ

Ниво : Тешко

образовни цели

Цел 1 : Обучувачот може да ги следи младите во подготовката, продукцијата, монтажата и емитувањето на ТВ дневник

Цел 2: Обучувачот може да обезбеди документација прилагодена на учениците за да им помогне да ги разберат предизвиците на проблем

Цел 3 : Обучувачот може да ги следи учениците во подготовката, продукцијата, монтажата и емитувањето на краткометражен филм

ПРОДУКЦИЈА НА ТВ ДНЕВНИК

 

Опрема: За продукција на ТВ дневник, прво треба да се избере камера (лесна за употреба) или да се користат мобилните телефони на членовите на групата. Исто така, ќе ви треба софтвер за монтажа (види линкови подолу) и да ги обучите вашите студенти во основите на монтирањето видео. Потоа изберете еден или повеќе канали за емитување (јутуб, социјални мрежи ...).

 

Потребно време : За тимска продукцијата на ТВ дневник може да бидат потребни неколку половина денови индивидуална и тимска работа.

 

1. Избор на теми:

Првото нешто што треба да се направи е да се организира уреднички состанок за да се утврди името на ТВ дневникот, темите кои ќе бидат опфатени, но исто така и форматите (репортажа, интервјуа, дебата, блиц вести) и избраните агли.

 

2. Распределба на улогите:

Ова ќе биде и прилика да се распределат улогите на “новинари“, “експерти“, на водител/и, “техничари“ (снимател, монтер) за да се одговорат следниве прашања: кој за што е одговорен? како секој треба да го подготви својот настан (истражувања, прашалник, репортажа, интервенција).

 

3. Шема и сценарио:

Потоа, потребно е да се воспостави една шема (одвивањето на програмата од минута во минута) и да го води водителот/ката во пишувањето на својот текст или сценарио (сè мора да биде напишано: вовед, лансирање на теми, на новинари, заклучок на секој формат, премини, заклучоци, заблагодарување ...) и да го/ја вежба во ситуација без да гледа премногу надолу кон својот лист.

 

4. Снимање:

Снимањето се одвива со претходно снимање (не во живо) и по секвенции за да се избегне бучавата од столовите, движењата и да се задржи ритамот, на пример:

интро-лансирање / тема 1 / заклучок- лансирање / тема 2 / заклучок / вовед интервју / интервју / заклучок-лансирање / тема 3 / заклучок на ТВ дневникот / Заблагодарување

на неутрална позадина, или избрана, со доволно светло и фиксна и прилагодена рамка.

 

5. Монтажа:

Потоа ќе биде потребно да се монтираат сите елементи по редоследот со цел да се даде илузија на пренос во живо (или течна низа) почитувајќи ја шемата претходно утврдена на софтвер

6. Емитување

За крај, ќе треба да се објави онлајн ТВ дневникот, на пример на јутуб, но исто така и на социјалните мрежи или интранет прецизирајќи ги клучните зборови, ставајќи ги линковите кон други содржини, со претходна изработка на нејзиниот визуелен идентитет (лого, наслов) и со додавање на краток опис за да го потикне корисникот да го гледа ТВ дневникот.

 

 

ПРОДУКЦИЈА НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ, ДОКУМЕНТАРЕЦ ИЛИ РЕПОРТАЖА

Продукцијата на видео вклучува различни формати како што се:

  • краткометражен филм (кратко сценарио)
  • документарец (видео од типот “истрага“ за една проблематика обработена од различни аспекти)
  • репортажа (видео што се занимава со одредена тема и под посебен агол)

.

Опрема: Креирањето видео не бара професионална опрема: дигитален уред, паметен телефон, таблет можат да бидат доволно.

 

Потребно време: За тимска продукција на краткометражен филм може да бидат потребни неколку половина денови индивидуална и тимска работа. Можно е да се скрати времето на продукција со реализирање на секвенца, односно со снимање на видеото одеднаш, со што нема да е потребно никаква монтажа.

 

1. Избор на тема:

Пред да се осврнете кон неопходните чекори за продукцијата на самиот филм, препорачливо е учениците да бидат упатени за избраното прашање (тема) ставајќи им на располагање алатките и документите, со цел да се создаде средина погодна за дијалог на темата, дефинирајќи со младите неколку можни патеки; со истражување и користење на постојните ресурси; со елаборирање на порака.

 

Од оваа порака, препорачливо е да се пишува на колаборативен начин, краток текст (една страница) во кој се резимира она што сакаме да го прикажеме во филмот. Ова е синопсис, ја почитува наративната шема и го објаснува заклучокот.

 

2. Форма :

  • Формат : Филм од најмногу две минути подразбира концизност и ефикасност. Треба да се избере форматот: информативен спот, реклама, виц, трејлер, фикција, репортажа
  • Сценарио : Мора да биде што е можно подетално за брза реализација. Потоа, мора да се подели приказната на неколку наративни секвенци, потоа секоја секвенца на неколку кадри и конечно да се развие стори-бордот (story-board).

 

3. Пред снимањето:

  • Неопходно е да се дефинираат местата (локациите) и сценографијата, текстовите, дијалозите, костимите и додатоците
  • Улогите, исто така, мора да бидат распределени во тимот: снимател, монтажер, сценарист, режисер, инженер за звук (снимање звук, музичка анимација...), актери.

 

Исто така, мора да бидат согласни за користените техники:

  • за сликите : стандарден филм (актери играат сцени), анимација на предмети (пластелин, лего, плејмобил, исечоци на слики...), пиксилација (фотографија слика / слика), анимиран слајдшоу со звук
  • за звукот : директно снимање на звук за време на снимањето, додавање звук после тоа (повторно снимање на гласови), саундтрак (исклучен глас, коментари, музика).

 

Ќе биде потребно однапред да се испланираат овластувањата за употреба на звучни и видео записи и, конечно, да се реализира снимањето.

 

За да се олесни монтажата, можеме да ја започнеме секоја снимка со клап удар означувајќи го бројот на секвенцата или нејзиното име, бројот на снимката.

 

4. За време на снимањето, треба да се изберат најинтересните снимки и да се зачуваат сите снимки на мемориската картичка или на компјутер.

 

5. Монтажата содржи неколку чекори:

  • Префрлувањето на видео и звучни фајлови, монтажата на звук и видео, додавањето ефекти по потреба, музиката (без авторски права), титлувањето (доколку е потребно), почетни и крајни кредити.
  • Потоа мора да се префрли финализираниот фајл на монтажа за емитување. Од фајлот на конечниот филм, сите преноси се можни (веб, видео проекција, телевизија, итн.).

 

 

ПРАКТИЧНИ АКТИВНОСТИ

Овој педагошки лист може да се користи како основа за организирање активност за продукција на видео со младите.

За понатаму

Télécharger Shotcut (Софтвер за монтажа)

Télécharger Magix Video Easy (Софтвер за монтажа)

http://windows.microsoft.com/fr-FR/windows/get-moviemaker-download (Софтвер за монтажа)

https://www.apple.com/fr/ilife/imovie/ (Софтвер за монтажа)

http://www.gypsevideo.fr/index.php?option=com_content&view=article&id=163:live-m (Туторијал)

 

ЦФИ, Француска агенција за развој на медиумите и ЕСЈ (Висока школа за новинарство во Лил) создадоа веб-страница наречена “24 часа во една редакција“ („24 heures dans une rédaction“) : https://www.24hdansuneredaction.com/en/tv-en/.
Оваа страница нуди повеќе ресурси за новинарската работа, но исто така и за продукција на информации преку видео, вклучително :
• “Conducting a good interview” : https://www.24hdansuneredaction.com/en/tv/08-conducing-a-good-interview/
• “Talking with pictures” : https://www.24hdansuneredaction.com/en/tv/10-talking-with-pictures/
• “ Writing for the screen” : https://www.24hdansuneredaction.com/en/tv/12-writing-for-the-screen-graphs-headers-and-captions/