ОДГОВОР : ЛАЖНА ВЕСТ
Фотографијата, споделувана од повеќе корисници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер (од кои и двајца политичари, Небојша Медојевиќ и Марко Милачиќ), беше искористена за осудување на бруталноста на политичкиот режим во Црна Гора.
Всушност, со обратно пребарување на Google images, можеме брзо да видиме дека фотографијата е направена на веб-страница посветена на мајчинството (https://cafemom.com/parenting/172172-25_healing_uses_for_breast/115650-wound_cleaning). Лажните вести поврзани со теми како детството, сексуалноста, здравјето, итн. се шират многу брзо затоа што овие теми се честопати многу чувствителни за голем број на луѓе.