МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 1 – ФУНКЦИИ И ПОДДРШКИ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

Практични активности

АКТИВНОСТ 2 – КВИЗ

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Powerpoint, проектор, табла или бел екран

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Опис :

 

Квизот е алатка за учење преку игра - тоа не е проценка. Вежбата треба да биде придружена, барем делумно, со едноставни и достапни прашања со цел да се зајакне нивната способност да ја разберат темата и со тоа дополнително да се подигне нивното учество.

 

Оваа вежба овозможува, на пример, да се пристапи кон концептот на лажни вести преку практика, пред обид да се дефинира теоретски истиот. Но, истовремено, овозможува да се повика директно нивното критичко размислување.

 

Исто така, служи да ги изненади учесниците во избрзаните заклучоци што некој може да ги извлече од информација или слика.

 

Конкретно, оваа вежба овозможува да се покренат сите видови прашања во врска со критичкото образование на медиумите.

 

Цели:

 

- Поттикнување на усното учество, дијалог, аргументација и зајакнување на теоретскиот дел од работилницата преку практична и когнитивна активност

 

- Создавање групна динамика преку тимскиот дух

 

- Овозможува вешто да се обезбедат теоретски информации за светот на медиумите (слобода на печат, историски датуми итн.).

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1/ Обучувачот подготвува петнаесетина прашања (еден слајд со прашања проследен со еден слајд со одговори)

 

2/ Обучувачот ги дели учесниците во групи од 4 до 5 лица

 

3/ Претставени во форма на прашање со повеќе избори, од секоја група ќе биде побарано да одговорат колективно со избирање на само еден одговор од неколку понудени избори.

 

4/ За секој даден одговор, обучувачот бара од секој тим да го образложи својот избор со краток и усен одговор

 

5/ Обучувачот го открива точниот одговор. Потоа ги забележува бодовите добиени од секој тим (да се повтори за секое прашање, сметајќи по 1 бод за секој точен одговор)

 

Идеално би било да го создадете сопствениот квиз поврзан со темите за кои станува збор. За да најдете инспирирација и / или да ги информирате учесниците за тоа како функционираат квизовите, постојат веб-страници, особено “quipoquiz.com“ кој нуди различни категории (тука е соодветна категоријата “наука или фикција“), но исто така има и забавни квизови.

 

 

Примери на прашања:

Според вас, на кое место на светско ниво е рангирана Србија според слободата на печат во 2020 година?

А. 2

Б. 20

В. 71

Г. 93

 

Одговор: Г (Србија е на 93-то место според Светскиот индекс за слобода на печат за 2020 година, Србија продолжува да е земја која е често опасна за новинарите и каде лажните вести се шират многу брзо. Поголемиот дел од истрагите за нападите врз новинарите се во ќор-сокак или класифицирани како “без продолжение на истрага“.)

Балканскиот контекст

За оваа активност, упатете се кон тематските листови „Лажни вести“ во делот “Информирај се“ на едукативната страница. Така, предавачот ќе има пристап до многу лажни информации за да се подготви за својата вежба.