МОДУЛ 2 - АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИЈАТА

СЕСИЈА 3 – ИНФОРМАЦИЈА И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – Применување на своето критичко размислување : Градење на скала на докази

Времетраење : 1 часови
Опрема :

Табла, испечатени листови (или стикерчиња)

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Со нивно креирање на “скала на веродостојност“, инспирирана од научниот процес, тие учат да ги рангираат видовите на докази според нивната веродостојност. На тој начин, учениците ќе треба да ја анализираат секоја информација и да ги рангираат видовите на докази според критериум за веродостојност, од најслаби докази до најнебитни докази.

 

Цел: Покажете им на учесниците дека сите траги и докази за дадена тема не се исти.

 

Дефиниција: Што е ниво на докази?

 

Во науката, тоа е способност на една студија да одговори на поставеното прашање. Во областа на медиумска и информативна писменост, постојат неколку нивоа на докази:

 

1. Траги (слаба веродостојност):

  • Пренесено индивидуално сведочење
  • Директно индивидуално сведочење
  • Експертско мислење

 

2. Докази (сигурна веродостојност)

  • Студија на случај што ја потврдува хипотезата
  • Неколку студии на случаи кои ја потврдуваат хипотезата
  • Синтеза на студии
  • Научен консензус

 

Сепак, дури и во случај на сигурна веродостојност (научна студија, студија на случај, итн.), важно е да се одржи критичко размислување и да се биде претпазлив во врска со информациите што ги консултираме и користиме.

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Подготовка на вежбата: Избирање научна тема што може да биде предмет на дезинформацијата (на пр. климатски промени)

 

2. Подготовка на салата: Нацртајте “скала на веродостојност“ на таблата (види Прилог)

 

3. Делење на предлозите на хартија на учесниците на кои ќе им биде побарано да ги постават на таблата на “скалата на веродостојност“.

 

Пример на предлог :

  • Научен извештај на Меѓународната група на експерти за климата
  • Вујко ми ми рече дека “глобалното затоплување не се должи на човечка активност“
  • Научник изјавува на телевизија дека климатските промени се забрзуваат
  • Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека “глобалното затоплување не постои“
  • Итн.

 

4. Корекција : Откако предлозите ќе бидат распределени од учесниците, ќе се изврши корекција од страна на супервизорот со цел да се наредат предлозите во правилен редослед.

 

5. Групирање на докази : покрај коригираната скала на веродостојност, учесниците треба да ги класифицираат предлозите според нивото на докази, како што е наведено во презентацијата на вежбата

 

6. Дискусии : Вежбата завршува со дебата на тема научен процес и критичко размислување, за корисноста на овој процес во контекст на критичка обработка на информацијата (види ЛИСТ 7 – Пристапување кон информацијата со критичко размислување)

 

 

АДАПТАЦИЈА НА ОНЛАЈН АКТИВНОСТA

 

На Гугл Драјв : Презентирање на скалата на веродостојност и потполнување на предлозите подолу со цел учесниците да можат да ги рангираат. Потоа, обезбедете табла за класифицирање на предлозите по вид на докази.