МОДУЛ 1 - СВЕТОТ НА МЕДИУМИТЕ

СЕСИЈА 2 – НОВИТЕ МЕДИУМИ

Практични активности

АКТИВНОСТ 1 – МИНИ КВИЗ “Социјални мрежи, до каде сте?“

Времетраење : 0.5 часови
Опрема :

Проектор или табла

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТА

 

Опис :

 

Мини квизот е алатка за учење преку игра - тоа не е проценка. Вежбата треба да биде придружена, барем делумно, со едноставни и достапни прашања со цел да ги утеши младите во нивната способност да се справат со темата и на тој начин дополнително да ја поттикнат нивната вклученост.

 

Мини квизот „Социјални мрежи, до каде сте?“ е забавна и интерактивна вежба во која младите се поканети да одговорат на прашања поврзани со ризиците на секојдневната употреба на социјалните мрежи.

 

Оваа вежба им овозможува на учесниците :

  • Да станат свесни за ранливоста на корисниците на интернет (особено помладите) и рефлексите што треба да се применат за да се користат социјалните мрежи во најдобри услови.
  • Набљудување на знаењето на младите на оваа тема а со тоа и следење на развојот на работилницата според нивните практики и мислења. Се бара да ги прецизираат или аргументираат одговорите или да се охрабрат младите да дадат свои мислења со цел да се продлабочат одредени теми.

 

Цели :

 

  • Овозможување на учениците да го искористат нивното граѓанско право во информациско и комуникациско општество
  • Обучување активни, просветлени и одговорни „сајбер-граѓани“.
  • Учење на младите да станат одговорни во нивната дигитална употреба

 

 

ОДВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

 

1. Од списокот на прашања дадени подолу и одговорите, обучувачот подготвува мини квиз. (Обучувачот исто така може да креира дополнителни прашања / одговори со помош на едукативниот лист 6)

 

2. Обучувачот ги дели учесниците во групи од 4 до 5 лица.

 

3. Презентирани во форма на прашања со повеќе избори, од секоја група ќе биде побарано колективно да одговорат на квизот.

 

4. За секој даден одговор, обучувачот бара од секој тим да го образложат својот избор со краток и усен одговор.

 

5. Обучувачот го открива точниот одговор. Потоа ги бележи бодовите добиени од секој тим (да се повтори за секое прашање, сметајќи по 1 бод за секој точен одговор).

 

 

Неколку прашања (и нивните одговори)

 

1 – Кои се трите најкористени социјални мрежи од страна на 13 – 17 годишници во светот ? (Селектирајте 3 точни одговори)

  • Snapchat
  • Instagram
  • Facebook
  • Twitter
  • Tik Tok

 

Одговори :

Првиот е Snapchat (84 %) - 2: Instagram (72%) - 3: Facebook (38%) - 4: Twitter (30%) - 5: Tik Tok (13%) . Ако Snapchat е најкористената мрежа од страна на младите... и останатите не се запоставени !

 

2 – Мојот профил на интернет е...

  • Мојата слика
  • Моето презиме, име и псевдоним
  • Сите информации кои ме засегаат

 

 

Одговор :

Мојот профил на интернет се сите информации за мене - Секој сега мора да управува со дигитален идентитет составен од информации, придонеси што тој или таа ги остава на интернет. На пример, правилно избирање на информациите на својот профил за само опишување , градење поволна слика кон другите - Дигиталниот идентитет е: кои сме, кого знаеме, што правиме, каде сме, ... и многу повеќе информации!

 

3. Бришењето на својот Фејсбук акаунт се случува веднаш :

  • Точно
  • Неточно

 

Одговор :

Неточно. Тој е деактивиран но не избришан ! Фејсбук не ве остава толку лесно. За одреден период, акаунтот останува активен. Консултирајте ги условите на употреба на Фејсбук за да дознаете повеќе.

 

4. Е-репутацијата е ... (Изберете 2 точни одговори)

  • Што би сакал луѓето да кажат за мене
  • Што пребарувачите покажуваат за мене
  • Што објавувам, што “сакам“, коментирам, итн.
  • Непријатни коментари за мене

 

Одговор :

  • Што пребарувачите покажуваат за мене
  • Што објавувам, што “сакам“, коментирам, итн.

 

Е-репутацијата е голем дел од дигиталниот идентитет. Познавањето на својата е-репутација значи познавање на сликата за себе што ја даваме, да се знае што велат другите за нас. Процесот е го барате сопственото име на пребарувачите и да ги разгледате резултатите. Некои од пронајдените информации се важни затоа што е тешко да се контролираат. Честопати, првите резултати од вашето име нема да бидат вашите сопствени социјални мрежи, туку статии за вас.

 

5. Колку години треба да се има за да креира акаунт на Фејсбук ?

  • Нема возрасна граница
  • Треба да се има 13 години
  • Треба да се има 16 години

 

Одговор :

За да креирате акаунт на Фејсбук, мора да имате 13 години. Фејсбук ги спроведува законите на САД со Законот за заштита на приватноста на децата (COPPA - Children’s Online Privacy Protection Act), кој забранува веб-страниците да собираат податоци од деца под 13 години без согласност на родителите. А собирањето на податоци е тоа што го интересира Фејсбук!