СРБИЈА
TALMIL

СРБИЈА

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (рангирање)

    93од 180

  • Индекс на слободата на медиумите во светот RSF 2021 (скор)

    32.03

  • Медиумска писменост (рангирање во Европа)

    29од 35

  • Медиумска писменост (скор)

    32од 100

  • Барометар на разновидност на информации на ИРЕКС (скор)

    15од 40

Медиумски пејсаж

Медиумската концентрација во Србија е на мошне високо ниво, а највлијателните медиуми се под директна или индиректна контрола на владејачката партија. Високо-тиражните таблоиди и ТВ станиците со национално покривање често користат отворена пропаганда во корист на власта, без отпор кон ширењето на говор на омраза, дезинформации и националистички дискурс. Институциите што би требало да го штитат интегритетот на медиумскиот простор, првенствено Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) се слаби и под влијание на владејачката партија. Буџетеските средства што се распределуваат за медиумски проекти главно се насочуваат кон про-владините медиуми.

Граѓаните што сакаат да бидат информирани имаат пристап до разновидни извори на информации, вклучувајќи и статии од опозициските партии и истражувачко новинарство. Сепак, медиумската сцена е крајно поларизирана и поделен помеѓу про-владини и опозициски уредувачки политики. Ова е видливо ка печатените медиуми и, во поголема мерка, во електронски медиуми: Два кабелски оператори, СББ и Телеком, се во отворен пазарен натпревар и промовираат различни уредувачки политики.

Неколку независни медиуми (ЦИНС, БИРН, КРИК, Пиштаљка) се посветени на истражувачкото новинарство, првенствено во областа на корупцијата и криминалот, а нивната работа главно е финансирана од читателите и од странски донатори. Сепак, споредено со гледаноста на масовните медиуми, нивната публика е мала и маргинална.

Новинари

Слободата на говорот е гарантирана од Уставот на Србија, но, во реалноста, таа се крши на неколку начини: Преку закана со тужби или кривични пријави против новинарите за други дела, недостиг на транспарентност на сопственоста на медиумите, притисок врз уредништвата од страна на политичарите и со политиката поврзаните сопственици на медиумите, директни притисоци и закани врз новинарите (2). Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) изброило 32 физички напади и 157 случаи на притисоци врз новинарите во 2020 година (3).


Публика и медиумска писменост

Медиумската писменост во Србија е на многу ниско ниво (4), наспроти напорите за воведување на медиумската писменост во формалното образование. Според неколку истражувања на ИПСОС, процентот на граѓани во Србија што изјавиле дека главно или целосно им веруваат на медиумите е само малку повисок од процентот на испитаници кои изјавуваат дека немаат доверба во медиумите. Традиционално, телевизијата се истакнува како медиум што ужива највисок степен на доверба. (5)


Извори :

(1) Репортери без граници (RSF), (2) Freedom House, (3) NUNS, (4) Институт отворено општество (OSI), (5) IPSOS

медиуми


Национални медиуми

Национални медиуми

Истиномер

„Истиномер“ е медиум за проверка на факти посветен на оценувањето на изјавите на јавните функционери и политичари од Србија, оценување на вестите, како и анализа на значајни општествени и економски прашања. Изјавите се оценуваат во согласност со критериумите на вистинитост, конзистентност и исполнетост на ветувањата. „Истиномер“ е полноправен член на Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network – IFCN).

Одете на страницата

FakeNews Трагач

„FakeNews Трагач“ е интернет страна за проверка на факти посветена на борба со дезинформациите објавени во српските медиуми. Основана е како проект на Новосадската школа за новинарство и ги комбинира проверката на факти со новинарско образование и платформа за обука за медиумска писменост наменета за општата јавност.

Одете на страницата

Раскрикавање

„Раскрикавање“ е интернет страна за проверка на факти, основана како проект на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата КРИК. Оценките на платформата се засноваат на проверка на тврдењата објавени во медиумите и идентификување на релевантните факти. Таа нуди „Листа на ризични медиуми“ на која се излистани медиумите што, во претходните два месеци, објавиле најмалку три статии што содржеле некакви елементи на дезинформации.

Одете на страницата
Регионални медиуми

Регионални медиуми

Агенција Франс прес (Agence France Presse - AFP)

Од 2017 година, АФП развива сервис за проверка на факти што ги проверува објавените вести во медиумите и на социјалните мрежи. Во Западен Балкан, АФП во моментов врши проверка на фактите во вестите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на Фејсбук и други социјални медиуми. Во 2021 година, агенцијата почна со спроведување на глобална јавна кампања за медиумска писменост и основните алатки за проверка на податоци.

Одете на страницата